Вести од светот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 24 јули 2018.

  1. tinna.a

    tinna.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Не експлодирала, туку имплодирала.

    Пример за имплозија:

     
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.936
    Пол:
    Женски
    Како и да е, разнесени се на парчиња
     
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    8.444
    Да, не е експлодирала, туку имплодирала. Имплозија значи кога поради високиот притисок, водата ја смачкува подморницата навнатре.

    Пронајдена е на дното, во близина на самиот Титаник.

    Жално како и да е, нека почиваат во мир.
     
    На NoirSerpentine и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    DnevnaDoza.jpg
     
    На NoirSerpentine и xplady им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Среќа што немам толку многу пари и не сум мултимилијардерка, гарант ќе седнев прва напред во подморницава, самата помисла да идеш 4км надоле и да го посетиш Титаник морници ме лазат од возбуда
     
    На fbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    Обично не сум по теориите на заговор ама ова би било одличен начин на лажирање на својата смрт. Самиот момент дека телата никогаш нема да бидат пронајдени ми е онака. :smirk:
    Ама ќе верувам во приказната и ќе речам ужасна смрт. :(
     
    На Ketchup, Angie1432 и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.936
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е наместено.
    Инаку не би рекла ужасна смрт, пошо имплодирањето се случува наеднаш, за 30 милисекунди те нема, а на мозокот незнам колку секунди му треба за да процесира нешто, така да ова била безболна смрт, многу подобро од тоа 4 дена да чекат да останат без воздух и полека да умираат.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Не верувам во теории на заговор во овој случај, се случуваат и вакви работи за жал, лоша среќа, зошто воопшто би сакале сите 5мина да ја лажираат својата смрт? Ми нема логика

    Холивуд би направил одличен филм врз база на оваа сторија
     
    На daylight, Bezimenka90 и kolovoz им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Па не може да има тела кога се случила имплозија. Се претвориле во каша разводнета од морската вода.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.788
    Допаѓања:
    274.553
    Де споделете подморници шо?

    Ептен у информативен мрак живеам.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.809
    Допаѓања:
    80.590
    Пол:
    Женски
    За подморницата Титан мислиш? Петмина бизнисмени, меѓу кои и татко и син, тргнаа со подморница да го истражуваат потонатиот Титаник ама иако претходно беа предупредени дека подморницата не е безбедна и соодветна за толкава длабочина, тие постапија спротивно на предупредувањата и отидоа во смрт, се случила имплозија на Титан. Кратко по спуштањето на подморницата, се изгуби контакт со неа. Со денови ги бараа, за на крај да најдат неколку делови од подморницата, а телата на екипажот не се пронајдени.

    Преземено од mkd.mk:
    Еј-би-си њуз објави дека поранешен вработен во Оушнгејт бил отпуштен бидејќи изразил загриженост за контролата на квалитетот и тестирањето за потенцијални недостатоци на експерименталната подморница.
    Дејвид Лохриџ, инженер и капетан на подморницата, во 2018 година во противтужбата против Оушнгејт тврдел дека компанијата го отпуштила затоа што изразил загриженост за дизајнот и тестирањето на трупот.
    АФП пишува дека Лохриџ тврдел дека големиот отвор на предниот дел на подморницата бил дизајниран да издржи притисок на длабочина од 1.300 метри, а не на 4.000 метри, колку што е длабочината кон која во неделата се упатила малата научна туристичка подморница со петте патници, кои ги загубија животите во „катастрофална имплозија“.
    Експедицијата со Титан ја организираше компанијата Оушнгејт експедишнс, тргнувајќи на своето трето патување до Титаник, кој удри во санта мраз и потона во 1912 година.
    Оушнгејт експедишнс со Титан нудеше посета на славниот потонат брод за 250 илјади долари по лице, се наведува на официјалната веб-страница.
    Во подморницата беа капетан и уште четворица патници, а американската крајбрежна стража во четвртокот објави дека сите загинале.
    Загинаа 58-годишниот британски бизнисмен, авијатичар и вселенски турист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, францускиот океанограф Пол-Анри Наргеолет, експерт за Титаник, како и Стоктон Раш, основачот на Оушнгејт.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Се преврте и бродот со мигрантите од Судан или каде беа, никој од големи организации не се ангажираа во спасување или да ги побараат телата.

    Мизерен свет, суров. За некому мајка,за некого маќеа.
     
    На Ahoy, hermosa и tanjaaa им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    22.909
    Едно не ми е јасно.
    Ако се смачкала од притисокот на водата, значи не била дизајнирана да издржи притисок на таа длабочина?
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.809
    Допаѓања:
    80.590
    Пол:
    Женски
    Точно, тоа го прочитав. Баш во СДК пишав прееска, најдов инфо дека биле предупредени дека подморницава не може под 1300 метри длабочина. А сепак отишле на ризик...
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.809
    Допаѓања:
    80.590
    Пол:
    Женски
    Баш мислев на тоа, што може да се случи со телата при ваква катастрофа. :worried: Тела секако нема да најдат... можеби некоја коска? :?:
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    22.909
    Па таква мала подморница чудно ми беше да може длабоко да плови.
    Туку прочитав и дека тој синот на богаташот не сакал да оди зашто страв му било ама отишол за атер на татко му. 19 имал...
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    За ова објаснуваше Џејмс Камерон, режисер на Титаник (1997), истражувач и нуркач.
    Првично можеби била, од јаглеродни влакна била правена. Проблемот со истите е дека за разлика од материјалите како титаниум, челик и сл. со тек на време се троши и настануваат микропукнатини, односно материјалот почнува да попушта сè повеќе при секое следно нурнување. Таа и да ја тестирале, тестот не би бил валиден после неколку нурнувања на таква длабочина.
    Коскичка можеби, ама премногу малечка за да се забележи на толкава површина. На такви длабочини нема пребарување со нуркачи. Со тек на време и тие ќе се распаднат од водената средина и разните суштества кои живеат на таа длабочина. Тоа е и објаснувањето зошто одамна нема скелети во самиот Титаник.
     
    На Bezimenka90, Ketchup, bertold и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Џејмс Камерон за проблематичниот дизајн на подморницата:

     
    На Bezimenka90, Aнонимус_ и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    И тие што работеле на површина, најверојатно знаеле од самиот старт дека подморницата имплодирала, затоа не ни пријавиле одма дека снемале контакт, туку чекале додека не поминал саатот за враќање.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.