Случајов го следев од сам почеток, и некако иако сум најчесто прва да смислувам теории на заговор, овој пат останав некако воздржана, и до сам крај додека не искочи вест за емплозија дека имало, мислев дека искочиле од површина и се на некој остров, ама немаат како да искомуницираат бидејќи емплозија толку ретко се случува под вода, општо во светот, многу малку случаи на емплозија под вода се познати, што воопшто не ми ни дојде тоа на памет како опција..
https://faktor.mk/video-gest-koj-pr...-na-dete-koe-ne-sakashe-da-mu-ja-bakne-rakata Сељак. Не си оџа па да ти баци рака некој.
Еј јаката шлаканица, ова ми личи како класично задирање дете, вие не сте удриле дете по глава за да го задрете?
Австриски жител (19 години) со потекло од Гостивар планирал терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Австрија. Сакал со кола да влета во публиката, да извади нож да ги боде, а потоа да се разнесе со бомба. Претходно дал отказ од работа и дал некаква исламска заклетва дека ќе го изврши терористичкиот чин. Браво за тамошните власти што го уапсиле.
Извинете што ќе ви го расипам расположението ама морам да се искажам. Сигурно сте го виделе видеото на девојчето Irina Zarutska како е брутално убиена на рандом ден кога се качи во транспорт после работа во пицерија. 23 годишно девојче нападнато од позади од кукавица. Секој ден ново убиство на девојче или жена. Секој ден силувања. Ова е произлезено од тој трул род што повторно и повторно е исклучен од сносување последици од мали нозе. "па машко е, што ако" Од машко е, ВИЕ израснувате педофили, силувачи, убивачи што ги гледаат девојчињата како храна и ќеса за мавање. НЕМА друг одговор. Менталната попреченост не е изговор. Фамилијарните проблеми не се изговор. ВИЕ сте причината. Родителите и средината каде го растете заедно со веќе возрасните жено мразачи-судиите што не ги ставате во затвор доживотно! Ти можеш да си следна. Јас можам да сум следна. Мајка ми, сестра ми. Од кукавици снемува квалитетни девојчиња. Живот им земате без срам. Господ гледа, се надевам секој ќе гори. 99% од пеколот ќе бидат мажи. А ние, да се штитиме. Во бус седење само најназад, со тебе само реквизити за заштита, пет пара очи назад и три напред!
Сега го видов кај американка. Убиецот имал повеќе дела и лесно искачал. Го прави делото и станува како ништо да не било. Што е дополнително страшно, никој не се обидел да го спречи или да го запре за да не бега. Најважните американски медиуми не известиле за убиството од страв да искритикуваат криминал направен од афроамериканец за да не ги наречат расисти. Некои идиоти уште се обидуваат да го оправдаат оти бил нездрав бездомник. Нула емпатија за убиената девојка и нејзиното ужалено семејство и нула разум за да се осуди делото и да се побараат строги мерки за опасни личности. Побитно им е да не им залепат етикета од тоа што беше убиена млада невина жена! Ужас!
Загреота девојката. Јас уште пред некој ден видов на рил многу добро објаснето ова, но не можам да го споделам дека го кажува профилот. Сите што го оправдуваат овој или се плашат дека ќе бидат наречени расисти ако го искритикуваат се директно за на лечење. А овој не треба да излези од затвор повеќе, мада не ме чуди пак да го пуштат бидејќи уса си е слободна земја. Вечерва исто така се шокирав од убиството на Чарли Кирк, радикален десничар и активист, и иако воопшто не ми се допаѓаше тој ко лик и неговите ставови, она е многу брутален начин да си оди човек. Но ете, слобода на говор имало таму.
The land of the free... LUNATICS! Ние сме биле неразвиени, а они па што развиени се покажуваат, дал да плачеме ил да се смееме. Да му е страв на човек да им стапне таму.
Отворив да пишам за Чарли Кирк затоа што не знам каде на друго место да зборувам за тоа. Не ми се верува. Чарли Кирк беше според мене, еден од најрационалните активисти, со задоволство го слушав. Секогаш добар аргумент, далеку од тоа дека се согласував со неговите мислења, ама пред се, се залагаше за слобода на говор и почит спрема секого. Америка не може да поднесе резноликост на мислења никако. Не, не.. либералците, демократите, што и да се, не можат да поднесат различни мислења. Скроз сум разочарана. Јавноста изгуби некој кој потикнуваше критично мислење. А пред се, две деца изгубиле татко. Мислам дека официјално стигнавме во време кај што отидовме предалеку со либералноста и полека ќе се враќаме назад, како што треба. Барем во Америка. Многу е битно да има јавна дискусија со СЕКАКВИ мислења, а вакви случки го одземаат тоа. Жално.
Сега му отворив стори на Чарли, пред само 8 саати зборувал за убиената девојка, а сега него го нема. Која иронија. Во право е @Srckata28 погоре, стигнавме на ниво каде не се толерира никакво спротивно мислење. Особено од екстремите од двете страни, што сакаат да уништат сѐ што не е на нивната страна. Колку и да не се согласуваш со некој, има право да зборува за она за кое се залага. Додека никој не ја научи лекцијата вака ќе биди. Нишалото само ќе се ниша од една во друга страна, и раздорот ќе владее.
Глас, пенкало и тастатура. Што се тие? Диво племе не разбира. Само крвопролевање и ништо друго. Ради такво цел свет пати. Толку е тешко да се застане и да се размисли како може да се постапи подобро и поинаку. Да се оди напред, не да се враќа назад. Масовно лудило фатило...
Прекрасен човек беше. Остана верен на својот стил, без разлика дали на некој му се допаѓаше или не. Ми беше жал кога прочитав. Еден куп познати се збогуваа од него, кога некој со таква креативна сила и личност замине, влијанието се чувствува низ целиот свет. За едни можеби беше ексцентричен, за други инспирација, но сите се сложуваат дека беше посебен во својот пристап и став. Прочитав дека продавниците на Џорџо Армани беа затворени и со затемнети прозорци, додека градоначалникот Џузепе Сала прогласил ден на жалост. Знамињата на зградите на градското собрание и на катедралата биле спуштени на половина копје во знак на почит. Џорџо Армани ја обележа светската мода, нека почива во мир.
Ги гледав двете видеа. И од девојчето и од него. Двајцата убиени во врат. Ова е ѓаволска работа на човештвото.
Да жалам некој кој не есапи жени и му бил до рамења у шупак на Трамп у заграда педофил, силувач и елитист? Коа они убиваат, кој му чуе. Коа се убиени, тажачки. Тоа ти е, политика. Ќе пише некој романче за Вирџинија Гуфре што ја отеп...пардон, што почина пред неколку месеци? Не, а? Така и си мислев.
Навистина интересен човек. Висок дух. Без добро потекло, образование и пари , само преку посветеност , труд и огромна љубов успеа да го освои светот. Архитектурата е неговата втора љубов во која исто така оствари прекрасни дела. Лично ми е интересен поради традиционалното кое го негуваше, секогаш горд на своите ерменски корени и на својата татковина Италија. Никогаш не проговори англиски и е единствен бренд кој опстојува како приватна фирма , а да не е дел од корпорацискиот свет. А сепак планетарно познат, скромен, посветен, љубовно раководен.
Многу поголеми сили се тука во прашање, сега секој конзервативец ќе биде заќутен. Дали вака или од страв. Сите што ќе кажат поинаку се слепци. А либералците нека поддржуваат сега Black Lives Matter, или што и да им се пропагира, нели секогаш по нешто ново има. Критичното размислување е мртво.. дур има овци стрижи ги.
Либералците сега ќутат за Ирина, девојката што беше брутално убиена од шизофрениот психопат, бидејќи не им е во агендата. Да беа обратни улогите протести ќе имаше, градови ќе гореа, немаше да ги затнат муцките барем еден месец за блм. А за ова дознаваме по скоро еден месец бидејќи ниеден мејнстрим медиум не извести. А и да, се собирале пари на go fund me за убиецов. Чарли не можи ни да им се фати на овие, колку и да не се согласував со она што го пропагираше тој. Anti gun ама тие можат да убиваат со оружје кога не се согласуваат со некој, anti racist ама не кога жртвата е белец. Слобода на говор не постои повеќе, ќе се пропагираат работи само кога е во нивна полза, присилно ќе се заќутува секој што сака да искритикува. Ако после сѐ ова некој не гледа дека има проблем, тој е проблемот и сите такви. До каде е астероидот? *Се надоврзував само на мислењето, ми требаше да го извадам од системот ова, од сношти сум фрустрирана со сѐ што се случува.