Либералите (демократите) не поднесувале поинакви мислења. Пред три месеци беше убиена Мелиса Хортман, демократка, поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота, заедно со маж ѝ и кучето. Убиецот е Венс Лутер Боелтер (57), МАГА фанатик. Истрагата покажа дека Боелтер имал списоци со имиња на политичари и активисти кои ги сметал за свои цели, главно од Демократската партија и оние кои биле за репродуктивни права (поддржувале абортус). Политички мотивиран атентат, никој не го спомнал ова тука, добро, демократка е оваа, небитна е за дискусија.
Видеово со Ирина беше стресно да се гледа. Да седнеш во автобус и некој монструм да те избоде. Таа не беше свесна што ја снајде, сакаше да разбере, дури кога се погледна дека крвари почна да се губи и се струполи. Тој краток период до губење на свеста и престанок на срцебиење, се нешто што ќе не прогонува сите, највеќе родителот. "ЗОШТО ЈАС?" Сите имаме деца и ова е голем шок. Не е прв, не е единствен, ниту последен за жал. И по Европа има безброј случаи на тепање деца, силување, убивање од мигрантине кои ги примија од исток. И никој не презема ништо, луѓево сме бескорисни амеби. Во војниве секој ден што избиваат за лична корист, деца умираат, од глад, од бомби, од куршуми. И никој не презема ништо да го сопре тоа. Амеби. Кирк го убија за ширење на свои вредности, конзервативни, семејни, чисти. На некој тоа му сметало (се знае на кој). Остави две мали деца и сопруга за некое ѓубре на кое политиката му го исушила мозокот. Порано велевме американците биле со испрани политички мозоци, ама испаѓа дека сите сме такви. А и многу десничари "умреа" во последно време, чудно некако. Може ќе се освестиме кога ќе се самоистребиме.
Клучна разлика е во тоа што она има(ла) политичка функција и соделува во донесување на закони. Политичари се секогаш потенцијална мета на атентати. Чарли Кирк беше само личност со интернет присуство и правеше дебати на кампуси. Неговото убиство има поразлично значење, многу посериозна закана за демократско општество каде што треба слободно мислење и јавен дискурз да се гарантирани.
Ај сеа ќе цепидлачиме и релативизираме убиства за да докажеме поента. Убиство е убиство. Не постојат „поважни“ и „помалку важни“ жртви кога некој е ликвидиран поради политички или идеолошки убедувања. И Хортман, a и Кирк беа јавни личности со влијание. Разликата е само во тоа дали некој ви е идеолошки близок или не, па затоа едните убиства се трагедии, а другите се премолчуваат. А и Кирк беше далеку од ,,само личност со интернет присуство".
Не цепидлачам, буквално таа разлика е многу битна. Има причина зошто политичари патуваат со придружба. Тоа се сепак луѓе со политичка моќ. Чарли беше влијателен, ама можеме да споредиме само со други активисти кои биле убиени.
Само што за оваа нивните медиуми објавија брзо за разлика од убиството на Ирина. А, за тука па и ти можеше да споделиш кога веќе друг не го направил тоа. Џабе збориш за други кога и ти немаш пишано. Да си пишал, ќе се коментирало. Како што ти пиша @Srckata28, има разлика меѓу политичари и политички активисти. Првите се почесто таргетирани, вторите поретко. Само да додадам и дека Чарли беше светски познат за разлика од Мелиса. Поради тоа и неговото убиство е покоментирано низ светов. Не е дека не се подеднакво страшни дела, се. Проблемите и разликите треба да се средуваат преку дебати, не преку крвопролевање.
Мислам дека не се сфаќа тежината на ситуацијата од тоа што толку го мразите Чарли за ставовите кои ги говореше јавно. Мразете го де, имате право на тоа, мене не ми е идеолошки близок, особено со тоа што зборуваше против абортусот и Палестина. Но главно човекот беше отворен за дискусија со секого, и многу зборуваше за традиционални семејни вредности. Ќе речите опасно било тоа што го зборувал, но сакам да прашам, до каде е границата? За некој опасно ќе е став како транс жените никогаш нема да се жени. И значи дека секој јавно што ќе го кажи тоа треба да е испукан? Знаете воопшто што значи демократија? Секој има право да говори јавно за она за кое се залага, секој има право да критикува. Знаете колку е опасно присилно да се замолчуваат противниците, бидејќи во иднина таа граница до толку ќе се смали што секој и малку што ќе се разликува во ставовите од другите ќе заслужува да биде (и ќе биде) елиминиран на ваков начин. Тоа е многу поблиску до фашизам отколку демократија, едноумие. Мразете го, плукајте го, но овој начин на справување воопшто не е во ред. Сите да земиме ајде да се испукаме меѓусебно ако не, ќе ги решиме сите проблеми во светот.
Само обична реплика на вашата неинформираност или во најлош случај лицемерие. Немав намера да дискутирам ни за двајцата. Реплицирав чисто за да ве пецнам.Само убиство на републиканци е удар за демократија, ваљда.
Овие со години вриштат дека ,,воук културата" ја гуши слободата на говор, а сега предлагаат да ти ја одземат визата ако не тагуваш доволно за Чарли Кирк. МАГА идиоти.
Супер и треба. Малку и моралната свест да се дигне, зеле се радуваат на туѓа несреќа, мизерии несреќни.
Не требаше да биде убиен, cамо требало да го цензурираат со време како и други од истиот табор. Човекот пропагираше Гилеад од Приказната на робинката и индоктринираше млади на кои им даваше лоши совети ко "факултет ви е губење време" или "имајте повеќе деца отколку што можете да си дозволите".
Каде прочита дека визата ќе им биде одземена ако доволно не тагуваат за Чарли Кирк? Предлогот/одлуката е рационална, истите можат да претставуваат и опаност во националната безбедност и сигурност на САД.
Прво, тоа што го рекол еден не значи дека ќе се реализира. Второ, не е нормално човек да се радува на нечија смрт. Тоа не е слобода на говор, тоа е нерационално размислување.
Како бре ако рекол еден немало да значи дека ќе се реализира. Перење на мозок со такви идеологии може и те како погубно да биде. И еден човек да го убедил дека нормално е силувано 10 годишно девојче да раѓа и да нема право на абортус e too many. Никој не се радува на неговата смрт. Језиво ми е да се радувам на нечија смрт, особено на млад човек, сопруг и родител. Треба да имаш посебна патологија во мозокот ако нечија смрт те израдувала. Ама, едно големо АМА зошто треба да се внимава што се пропагира. Ова е негов цитат: Умре буквално од истата кауза за која се залагаше, а тоа е дека мора по некоја жртва да падне од оружје, само за да се зачува вториот амандман на Америка. Истиот тој човек активно зборуваше дека емпатија не треба да се чувствува и дека тие што се емпатични се опасни. Исто ко сега јас да искочам на бина и да кажувам како треба заради загадување да има по некоја жртва, пошто тоа е во интерес на Македонија, и после тоа рак на бели дробови да фатам. Секако дека е жално што умрел млад човек и секако дека џабе умре, од кауза за која активно се залагал.