Вести од светот

Discussion in 'Политика и настани' started by referentka, Jul 24, 2018.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,626
    Likes Received:
    46,998
    Gender:
    Female
    Тоа што го сугерирал официјален претставник на владата е доволно за да е јасно во која состојба е демократијата во Америка, кога тежината на животот на еден цивил е потешка од тежината на еден куп други обични Американци кои секојдневно умираат поради политиките во истата земја.
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    6,562
    Likes Received:
    29,758
    Gender:
    Female
    Јас скоро слушнав за братов, а ми излегувале негови видеа.
    Дека се радувам не. Ама дека посебно ми е жал, и тоа не. Једино за децата, они не избрале таков татко. Иако, во нормална држава ја би одзела старателство на родители што ќе ја тераат ќерката да раѓа и психички ќе ја осакатат за цел живот. Али бил тАтКо. Дап...
    Мислам неговите и слични ставови оставаат илјадници деца без мајка, ама оќе, тие жени се само некоја бројка, не ги слушаме вака бурно по медиуми.
     
  3. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    Поведението на поединецот, кој ужива привилегија да има виза во земјата-домаќин, мора да е во склад со општествените вредности во земјата-домаќин. Дали би сакала некој да посеува македонска виза, а притоа да оправдува или релативизира одреден терористички чин или настан во нашето општество? Да не одиме до степен каде отворено се залага, до добивањето на визата, за уривање на уставниот поредок или поттикнување на воена аргесија. Не, така?
    Ова е многу субјективно. Она што го учев во Вовед во правото, на факултет, беше малку проширено од она што го учев, како наставна содржина, во основи во правото и конституционо (уредување) во средно. Предметите како право на информатичка технологија, философија на правото, англиски јазик се целосно непотребни. Содржината на предметот социологија на право треба да се ревидира. Имавме и две економики како засебни премети (економика и применета економика)! Од друга страна треба да има управно право и семејно и наследно да бидат засебни предмети. Дури нема да навлегувам во критика на достапниот материјал, барем за секој предмет имав книга, дел, навистина беа застарени и мораше да се учи паралелно со законите, ама е солиден основ. На други факултети немаа(т) ни книги по одредедни предмети!

    Субјективноста произлегува од она колку ќе се продадеш на пазарот на труд. Така, ако си административен службеник, во зависност од институцијата, разликата меѓу референтската плата (виш или самостен) и административниот службеник со високо образование (да речеме помлад соработник, соработник или виш соработник), а незначителна. Кај нас е 2.000-3.000 ден. Неколкумина од мојата генерација се насочија кон брзите курсеви за програмирање, па, без факултет, заработуваат 3 пати повеќе од мене. Некои се насочија кон модерно занаетчиство, како сервисирање на телефони и комјутери, и они солидно заработуваат. Неколкумина возат камиони низ Европа, задоволни се од заработувачката. И да, солидно заработуваат и оние кои се решија да станат адвокати.

    Јасно е дека дипломата односно стекнатото знаење има свои предности, имаш широко поле на градење кариера, пред се имаш поголема флексибилност на мобилноста на пазарот, ама некој мора да ги извршува и алтернативните работи (мануелните, занаетчиските, помошно-техничките, механизација, безбедност...) кои сеуште не се механизирани (а дел и дефицитарни), како и одредени гранки на земјоделството, сточарството и живинарството (да речеме дека едно време бараа овчари за 1.000 евра месечна плата), производство (храна, облека, медицински препарати, опрема...) медицински сестри (дефицитарни, но (релативно) слабо платени)...форма на труд која сеуште има извесна пазарна вредност. Опасноста за дел од овие професии лежи во алтернативниот пазар.

    И да, кога запишав правни студии, се запишаа 300 студенти. Во втора година останавме околу 200 студенти, а во трета година бевме околу 150. Скоро сите кои дипломиравме, по автоматизам, запишавме втор циклус. Проблемот за отсуството на присутност на желба за доквалификација лежи во разочараноста во правосудниот систем и органите на државната власт. Довербата во судската власт е 1%, што повеќе да градиш од тоа? Еве, денес судија не сакаше да ми внесе приговор во Записник затоа што не сум смеел да приговарам кон мислење на Врховниот суд затоа што “мислењето било мислење“, а истото го зема како правен факт односно врз база на истото го гради целиот предмет! Протоа, истото, беше потенцирано усно на записник, а не во самата тужба, па писмено да се произнесам по него.

    Ако поединецот нема волја и желба да плива низ факултетските води, притоа најде и има алтернатива која ќе му даде извесна сатисфакција, а со која ќе има одредена заработувачка, нека оди по алтернативниот пат. И алтернатиниот пат има своја тежина, но и општествено значење и корист. :)
     
    eliesaab and SummerGirl like this.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,758
    Likes Received:
    139,482
    Gender:
    Female
    Еден човек не може сам да донесе одлука, секогаш има некакво тело од личности кои го попречуваат за донесување некоја одлука или само половично му ја одобруваат (да одбере друг начин).
    Но, како што рече @Букерко секоја држава има право преку своите овластени лица да санкционира личности кои може да претставуваат закана по безбедноста на нејзините граѓани. Кај нас е забранет влез на некои бугарски активисти и политичари токму од оваа причина. Опасните радикални изјави и ставови може да предизвикаат дестабилизација во државата, дури и војна (граѓанска или меѓународна). САД одамна се на работ да се најдат во внатрешен воен пекол.
    Чарли не беше обичен цивил.
    Тој беше контроверзен лик, но неговата политичка активност до некаде ѝ одговараше на едната страна и таа ради неговата смрт може да се реши да се пресмета со другата страна на суров начин. Истото би можело да се случи и доколку другата страна сака да се пресмета со првата поради Мелиса.
     
    Amellie13 and Букерко like this.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    18,217
    Likes Received:
    40,234
    Gender:
    Female
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,612
    Likes Received:
    69,714
    Gender:
    Female
    И јас за овој немав слушнато до сега.
    Ама, никогаш нема да се сложам со човек кој е против абортус и кој жената ја гледа само ко машина за раѓање. Или зборува дека емпатија не постои зошто не можеме скроз да знаеме како му е на друг човек.
    Не требаше да умре зошто сега само ќе добијат ветер во грб оние кои се сложуваат со него, може и има вистина во она што Гош го напиша во друга тема.
     
  7. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Joined:
    Aug 28, 2025
    Messages:
    175
    Likes Received:
    561
    И мене ме изненади тоа за емпатијата што го кажа, можно е да било и извадено од контекст, некои во коментари велат понатаму во видеото го кажал во политички контекст дека не сака кога политичарите го злоупотребуваат зборот емпатија за политички цели затоа го мразел зборот али на начинот на кој го кажа е како он да нема емпатија и за него е измислена.
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,600
    Likes Received:
    55,712
    Gender:
    Female
    Се до убиството, не го знаев Чарли. Откако беше застрелан и убиен, насекаде постојано ми излегуваат видеа само за него.
    Од тоа што видов, човекот бил нормален маж кој се залагал за традиционални христијански и семејни вредности- Еднаш ќе рече:Тие не сакаат ова да го гледаат, мислејќи на семејни слики од семејство кое го сочинуваат мајка и татко заедно со нивните деца.

    Жално е во каков настран свет живееме. Гордост е да се осеќаш како куче, маче. На 30 години со цуцла во уста да лазиш како бебе. Гордост е да си го сакатиш телото кое ти го дал Бог и природата, ама тебе некој ти го испрал умот и те поттикнал да мислиш дека во твоето тело се осеќаш тесно и неприфатено. Гордост е деца мали, несвесни за себе да ги збунуваш уште повеќе и да ги сакатиш со операции и да ги клукаш со хормони. Гордост е двајца татковци да имаат дете, две мајки да имаат дете и уште мал милион работи.
    Да, конзервативна сум. Да, сметам дека либералноста последниве две-три децении забегува, изопачува.
    Но, не мислам тие настрани индивидуи дека треба да се убијат. Исто така, ни Чарли кој се залагаше за нормален свет, не требаше да биде убиен.
     
    Wideperpetual likes this.
  9. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Joined:
    Aug 6, 2016
    Messages:
    113
    Likes Received:
    265
    Gender:
    Female
    Тие негови вредности мене ми се одвратни
    Човеков сам кажа дека дури ни при силување абортусот не треба да е дозволен, па и за негова ќерка да се работи
    Беше опседнат со контрола на жените и Тејлор Свифт да му се потчини на мажот и да си го смени презимето
    Имам девојка и во иднина планираме дете со IVF. Проблем? Не верува секој во религија ни дека треба да си го смени презимето во брак
    Се согласувам дека либерализмот оди до екстреми, ама и тој со своите ставови беше екстремен десничар

    Сепак, ништо не го оправдува неговото убиство. Кукавичлок, нецивилизираност во 21ви век. Секој има право јавно да си го изрази мислењето без да биде убиен
     
    FriendOfDorothy likes this.
  10. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Joined:
    Aug 28, 2025
    Messages:
    175
    Likes Received:
    561
    Стои дека имаше и некои лоши ставови и не знаеше баш најдобро да ја пренесе пораката повеќе револт создаваше.
    Али ова е факт.
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,600
    Likes Received:
    55,712
    Gender:
    Female
    Не те познавам, не сме никако поврзани за да имам проблем дали со девојка ти ќе имате бебе.
    Тебе ете ти е одвратна религијата, мене ми се одвратни сите забеганости што ги тера претераниот либерализам.
    Мило ми е што, иако сме на различни гледишта, се согласуваме дека не е решение да се убијат ни крајни десничари ко што реков и јас и ти. Но, не заборавај дека и јас реков дека не мислам оти треба да се убиваат оние кои забегаа со либерализам и ни "сметаат" нас конзервативните. Убиство не оправдувам во ниеден случај и остро осудувам од која и да е страна.
     
    Zavisnaodblago likes this.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,521
    Likes Received:
    10,052
    Gender:
    Female
    Што е нормален свет за тебе, не значи дека е нормален свет за некој друг.
    Што за тебе е нормален маж за мене можеби е дискутабилно.

    Јас еве не се сметам ни конзервативна ни либерална, ниту пак во некоја конкретна опција трета, четврта. Во принцип не сакам етикетирање.
    Во принцип сите ми имаат добри и лоши страни и не можам да се идентификувам со ниедна.

    Но она што најмногу ми смета е што и едните и другите со даваат за право да кажуваат на останатите што е нормално. Тоа ми е крајно надмено и егоистично.
    Ми смета кога тоа право да поставуваат стандарди и граници за она што е "нормално" се наметнуваат од мнозинството (тоа ми е власт на медиокритети), но и од малцинството или од мала група (елита, стручни, итн) врз мнозинството.

    И ми смета кога религијата се меша и се користи за да на тие стандарди по кои треба сите да живеат им се даде некаков легитимитет или гаранција за морална супериорност.
    Кога некој ќе рече христијански вредности мене прво нешто што не асоцира се толеранција, прифаќање, простување на грешките, помагање и почитување на другите.
     
    Amellie13, JuLleE, Golden and 4 others like this.
  13. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Joined:
    Feb 15, 2024
    Messages:
    2,759
    Likes Received:
    23,078
    Лол, ако ова се христијански вредности, тогаш вистински христијани во Македонија се едвај 1%. Кога некој ќе каже ,,имам христијански вредности", бегааам подалеку од истиот.
     
  14. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2024
    Messages:
    160
    Likes Received:
    574
    Gender:
    Female
    Чарли нека почива во мир. Да се убие човек поради различни ставови е монструозно, а уште полошо е што некој се радува на тоа.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,612
    Likes Received:
    69,714
    Gender:
    Female
    Добро, читате ли за случувањата во Минесота? За жената која беше застрелана во глава?

    Триесет и седумгодишна жена беше убиена во Минеаполис по пукотница во која беа вклучени полицајци од ICE кои вршеа целни операции во Минеаполис во средата.

    Инцидентот предизвика гнев во локалната заедница и низ целите Соединетите Американски Држави, при што локалните и федералните власти нудат спротивставени информации за низата настани што доведоа до трагедијата.

    „Полицаецот од ICE, плашејќи се за својот живот, животите на неговите колеги полицајци и безбедноста на јавноста, испукал одбранбени истрели“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност.

    „Тој ја искористил својата обука за да го спаси својот живот и животите на неговите колеги полицајци.“

    Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, изјави дека жената со својот автомобил се удрила во полицајците од ICE пред да биде застрелана и убиена.

    „Нашите полицајци од ICE беа на терен спроведувајќи операција за спроведување на законот. Тие беа заглавени во снегот поради лошите временски услови во Минеаполис. Се обидуваа да го истуркаат своето возило, а жената ги нападна нив и оние околу нив и се обиде да ги удри со своето возило. Еден од нашите полицајци дејствуваше брзо и одбранбено (и) пукаше за да се заштити себеси и луѓето околу него, и од она што го разбирам, таа беше погодена и почина“, рече Ноем за време на прес-конференцијата во Тексас.
    https://mk.tv21.tv/federalen-agent-...-mineapolis-lokalnite-vlasti-so-ostri-poraki/
    Има видео, ама едни луѓе гледаат едно нешто на видеото, други сомема друго, во завинсост од политичките убедувања, веројатно.
     
  16. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Joined:
    Feb 15, 2024
    Messages:
    2,759
    Likes Received:
    23,078
    Жената сака да си замине со нејзиното возило од средина на улицата, или да избега, поима немам, не да вози директно кон полицаец, барем јас тоа го видов. Откако ќе ја испукаат, се удира во автомобили (возилото губи контрола).

    Републиканците го оправдуваат пукањето и го претставуваат ова како самоодбрана. Џеј Ди Ванс изјави дека жената одбила да соработува со агентите, затоа реакцијата на службеникот (пукање у глава) била оправдана.

    Жената немала криминално досие, била граѓанка на САД, не била имигрант без документи, мајка на три деца, писателка. Не била никаква закана, случајно се нашла на патот додека се вршела операција во градот.
     
    Last edited: Jan 9, 2026
    Amellie13 and RainBow like this.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2020
    Messages:
    2,732
    Likes Received:
    13,725
    Го гледав и јас видеото.

    I mean, може многу филмови сум гледала, ама нели ќе беше пологично да пукаат во гумите на автомобилот, за да ја запрат? :drunk:
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,270
    Likes Received:
    205,176
    Си гледала филмови кајшто не се американците полудени. Стари филмови.
     
    Nausicaa, RainBow and FriendOfDorothy like this.
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Joined:
    Feb 15, 2024
    Messages:
    2,759
    Likes Received:
    23,078
    Интересно е што некои видеа се без аудио, па не се слушаат истрелите, како оние што ги објавуваат од FoxNews, кои се прорепубликански. Пукањето се случува додека таа се обидува да се тргне со автомобилот (или да избега, не знам што мислела), не изгледа како да ја загрозува физичката безбедност на полицаецот.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,612
    Likes Received:
    69,714
    Gender:
    Female
    Нема никакво оправдување, според мене. Се тргна агентот кога ја уби и возилото се придвижи. Можеше да се тргне без да ја убие жената. Сам застана пред возилото. Не знам во кој свет можеш едноставно да убиеш некој директно така. Во дистопискиов во кој живееме очигледно. И луѓе го оправдуваат ова. Криминалци вака не убиваат, туку ги ловат, жена директно ја пука во глава зашто нејќе да се мрдне со колата.
     
    TammiB5 and FriendOfDorothy like this.