Читав и камо да не ја прочитав веста заедно со коментарите од IQ20 мажиња како тоа жената си е крива што се спротиставила на полицијата.
Не знам како размислуваат луѓево. Замисли, те сопира полиција, еве одиш пешки, ти вика Стоп, ти правиш уште еден чекор и директно те стрела во глава зашто мислел дека животот му е во опасност. Можеби глупава споредба, ама целава ситуација што се случи е на тоа ниво. Како не им е страв дека истото може да им се случи? Може да им се случи на нивните деца? Тоа не можам да разберам.
Истово го помислив, и да сакала да изгази некој од нив, зар не можат во гумите да пукаат, мора директно во неа? Мада од она што видов на видеото, воопшто не ми личеше така. Диво племе се тоа, секакви причини ќе најдат за да пукаат некого "во самоодбрана".
Ништо зачудувачки, МАГА сектата има свое влијание врз цел свет. Ако мислат дека секое спротиставување на полицијата е оправдано да биде казнето со смрт, тогаш стварно нешто им фали во главата. Според оваа логика, не треба никој никогаш ни да протестира. Ама ете, да мислеле, немало да бранат фашистички дејствија...
Полицијава во Америка отсекогаш била брутална, тоа им е како правило, ако се чувствуваат загрозено имаат право да пукаат. Ми искачале слични видеа, полицијава стопира автомобили прави рутинска контрола и човеков вади нешто од џеб а полицаецов проценува дека вади пиштол (не ни имал пиштол во себе бтв) и ни едно ни две го спука
Па кога ЏејДи коментира дека била левичарска лудача, што останува за другите Ваљда на чело и пишувало, а овие имаат нели лајсенс ту кил
Апсолутно никакво оправдување, жената ни не проба да избега, овој пиштолот. Ако нема полицијата толеранција, што, утре во пешачење ќе ти викне нема да го слушнеш ќе те убие. Не убави работи се случуваат.
Кога ќе видам некои го оправдуваат убиството, па уште и жени па. Од републиканска жена нема поголем предавник. Можеше да пука во тркалото, освен тоа продолжи да пука кога женава се оддалечи од него. Републикаците се сите социопатски створења
КРАЖБА ШТО ГО ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Украдени 12 тони KitKat - како мистериозно изчезнал камионот? Компанијата Nestlé објави дека околу 12 тони чоколадни плочки KitKat, дел од новата линија на брендот, се украдени додека биле во транзит низ Европа. Вкупно биле превезувани 413.793 артикли, кои исчезнале минатата недела, додека камионот се движел од централна Италија кон Полска, со цел распределба низ повеќе европски земји. Според соопштението на компанијата, точната локација на кражбата сè уште не е позната, а возилото и товарот се недостапни. Nestlé информира дека истрагата е во тек во соработка со локалните власти и партнерите од логистичкиот синџир. Компанијата предупредува дека украдените чоколадни плочки може да се најдат на неофицијалните пазари во Европа. Потенцијалните купувачи можат да го скенираат баркодот на пакувањето за да проверат дали станува збор за украден производ, при што сите сознанија ќе бидат проследени на KitKat за соодветна постапка.
Моите молитви вечерва одат за семејството на МАГА Кристи Ноем чиј сопруг облекувал секси розе тангици и ставал големи гумени гради, излегоа слики у јавноста. Prayers & thoughts Спојлер
Ако купел гумени гради, ќе морал да ги крие по дома од жена му, вака ѝ го облекувал вешот и балони дуел, кога сакаш да се трансвестираш тајно, ќе се снајдеш. Гарант и крпа ставал на глава како коса (не ме прашувај зошто го знам ова, некој имаше концерти по дома вака како дете).