Де бре човек што скокаш, си правиме муабет на темава, јас така те сфатив, сори ако си емпатичен кон нив. А за тоа што си пишал дека не се помогнало кога беше тоа Стајковци не е точно, баш напротив тогаш мислам најсплотени бевме. Е сега тоа што тогаш се крадеа многу пари и што некои си користеа шанса бизнис да си прават е друго.
!!! Мислам дека колку што се лицемерни оние што идат у Грција на одмор а се ситат на трагедијава толку се лицемерни и виртуелните хуманитарци кои не идат на дело да помогнат!
Не скокам ама не сакам ни погрешно да сум сфатен. Несакам никој да гори на светов а најмалку невини деца! Ако не жалам не значи дека по автоматизам мразам! А дека поединци се богатат од вакви несреќи и тоа е точно! Ама поединци и даваат: алишта, количка за бебе, чаршафи, тањири, тафчиња, чизми, кондури, детско креветче. Кој колку може и има да даде
Ни тогаш не бевме сплотени. Секоја чест на Армијата и на луѓето кои дојдоа од другите градови да помогнат. Од скопјани бев разочаран, додека другите помагаа од другиот крај на Скопје ечеше музика. Не можам да верувам и сега дека немаа грам почит кон загинатите. Тогаш како што бев нервозен ми доаѓаше да отидам и да им фрлам бомба. За време на поплавата помина пожарна го молев возачот да застане да се качиме на неа со останатите. Копилето не застана ми одмавна со раката. Комшиите пак не сакаа да ни ја отворат нивната порта за да го извртиме поплавениот автомобил, па го туркавме уште 100 метри назад. За каква сплотеност зборуваш. Албанците се сложни и ќе ти помогнат и да си вонземјанин. Додека јас седев на кровот од куќата, Албанци со трактори ги ризикуваа своите животи за да ги спасат сите. Ние сме изроди од народ, проклета ни е семката.
Па не би глобализирал баш вака како тебе. Жителите македонци од Црешево, Раштак и Булачани беа првите кои дојдоа на помош во Стајковци и синѓелиќ
Добро бе луѓе што ви е на вас? Како може да се вели добро е, нека им е, им требаше, абе што се криви ти дечиња, мајки, татковци, за да умираат и да гледаат како пред нивни очи гори се, сите спомени што ги имаат за секунда им ги снемува... Немојте така, жално е многу жално, ете и татко ми има потекло од егејот, на прадедо ми за малку не го убиле, ама ете зошто да зборувам лошо и да посакувам лошо за нешто што се случувало пред многу години... Господ нека им е напомош, да нема веќе жртви, другото се може да се реши...
со коментари од типот -ако им е. Со коментари од типот многу пари се тоа за помош. Замисли си го држиш детето мртво во раце и некој ти рече -ако ти е?
Никој на форумов не се изјасни со ако им е... Има такви што жалат Има такви што мислат дека жалење по форуми е губење време
Ова до сега е нај дно-дна вест која се коментирала кај нас. Добро бе, од каде извира сета таа омраза во овај народ? Сета таа негативна енергија, знаете ли за нешто попаметно од тоа да делите памет и да кажувате што и како? Не можам да се доначудам на коментарите полни со омраза,гнев за тоа како арно им се сторило на тие невини деца,мајки, стари лица што загинале во пожарите. Во ред сме? Ало? Не заслужува овај народ ништо повеќе од тоа што го имаше до сега, заслужува уште повеќе крадење, сиромаштија, корупција. Ништо повеќе. Нека ни е на помош некој...
добро бе некој ме сфати овде што кажав јас или не? донирани се пари да, зборам за народот што одма јаде симит дека не требало да се донира.
Абе ако гледаме реално, ЗНАЧИ РЕАЛНО, ние немаме ни за себе. Ама помагаме. За Србија поплавите, за лани Грција земјотресите, сега еве пак за нив за пожари. Не дај Боже нас да не стрефи ова, цент нема да дадат. Ама фала на Бога па он не чува, не ни треба помош. Лично мене не ми е криво, нити налетав на таков коментар.
имавме помош коа беше поплавата. посебно од Турција секој ден ги гледав... иначе во право си.. немаме ни за нас.
Да од Турција. Од Србија и Грција не се сеќавам, мислам од Србија ради реда на сам крај. Широкограден народ сме, ако јадеме вафли.
Ситењето на туѓа несреќа само кажува колку ситни и мизерни души имаат. Оној што ги мрази сите останати, всушност се мрази себеси. Сликите и приказните од опожарените места се трагични, ужасни. Целиот настан се случил за помалку од еден час, поради силниот ветер толку брзо се раширил пожарот. Досега имам доживеано два големи пожара. Првиот како дете, гореше фабрика оддалечена еден километар од местото каде престојував. За среќа, беше локализиран, но во тие моменти ми се чинеше дека ќе ја проголта и нашата куќа. Вториот пат беше пред неколку години, во околината на Дубровник, многу сличен на пожарот во Грција. Силни шумски пожари кои се спуштаа од Босна кон морето и зафаќаа огромна територија. Ние се движевме по Јадранска Магистрала, но некаде кај Купари патот беше пресечен од пожарите и моравме да останеме таму цела ноќ. Неподнослива топлина, врел ветер кој ти ја пржи кожата, пепел кој паѓа како снег, тежок мирис кој ти ги пржи градите... Да не зборувам за глетката. Небото и земјата споени во бескраен оган, морничаво пуцкетање на дрвја кои горат, бандери и жици кои паѓаат насекаде, пожар далеку километар, а веќе на сто метри во следната секунда... Ако си човек, ќе се ставиш во кожа на жртвите и ќе почувствуваш колку си ситен и беспомошен кога гледаш како смртта трча накај тебе и твоите најмили. Ако си човек.