Не дека се ситам на ова што се дешава у грчка ама и не ги жалам... Илјадници деца жени мажи беа уништени и протерани од нив, па нека видат како е против Веча сила
Некој го подметнал пожарот сигурно имал психичка болест така читав незнам колку е точно од кај дошол пожарот.
А која е "вечата сила" дека македонија била библиска земја па овој страотен терор е ради таа веча сила ? Која е вечата сила според тебе ? Господ? Извини али оној кој верува во господ и е верник не посакува смрт и горење на живи луѓе Морбидна е самата помисла. Стварно не знаете што зборите бре луѓе, зар ова ве храни? Дај погледнете колку луѓе живи изгореле.. морбидно е вака да зборувате Жално е.. нечовечно Дај освестете се Не се нормални ваквите коментари
Затоа модераторите треба да ги бришат, бидејќи е ширење на говор на омраза, што е против правилата на форумов, а воедно и против законите во РМ.
Како што и претпоставував најверојатно станува збор за пироман. Го фатиле на камера случајно. Болесници.
Јас кажав дека не се ситам... А и не ми е жал! Дали е веча сила Бог знае? Само едно никој не кажа ништо за македонските настрадани деца кои гореле од нивна рака
Е па сега знаеш дека не е исто ако некој ти кажи дека не те сака ама и дека не те мрази... Значи не ти е пријател ама и не ти е непријател и јас си кажав Не им се ситам ама сеедно ми е...
„Сеедно ми е“- е знак на немање емпатија брачед! Единица мерка за социопатија е: емпатија ... во минус си, ептен..
Ти пак не разбираш не ми е гајле за Грците полоша нација нема на светов а ако ги сакаш тогаш имаш право на тоа , но неможеш другите да ги натераш да ги сакаат како
Погрешно ме разбираш пријателе... Јас воопшто не се обидувам да те сменам, само ти посочувам дека грешиш. Твоја одлука е дали ќе продолжиш со неразбирање, или не...
Жално , навистина многу жално е ова што се случува близу Атина. Слушам и гледам како некои се спасиле , ги покажуваат тие што настрадале , луѓе плачат некој си ги бара децата , татко ,мајка.. исчезнати се околу 40 луѓе. Помеѓу нив постојано се објавуваат на тв слики од две дечиња близначиња од 9 годишна возраст ако некој ги види или ако некој ги спасил од пожарот да пријави во полиција..за жал ни глас ни трага од нив. Луѓето што се упатиле кај морето но поради ендек на патот не можеле да се вратат назад и останале во своите автомобили заклучени надевајќи се дека нема ништо лошо нема да се случи но за жал сите изгореле...исто и за тие што влегле во морето да избегаат и многу од нив премрзнале или од умор се удавиле ... постојано кажуваат за несреќниве луѓе и навираат солзи во очите. Јас не можам да сватам како можат некои да се ситат на туѓа несреќа , читам на интернет и неможам да поверувам на очиве..
Covecnost nesto, ova ona? Seedno mu bilo, ne bile luge, grci bile. Da mu e strav na covek komsija da ti e.
iskreno mie zal iako se ovie nastani makedonija grcija raspravii i se ova e greota zivi da gorat ..sepak i tie se lugje zalosno za familii so ostanaja zivi a izgubija nekoj vo pozarite :/
Многу заостанат народ сме мешаме политика со човечност!!! ЖАЛНОО многу жално читав коментари и се изненадив од човечката злоба наместо искрено сочувство луѓе се ситат на туѓата мака... ДО КОГА ВАКА? Само мене ова не ми е јасно кога одите на одмор во Грција не ви сметаат Грците? Само дома кога сте плукате по секого? ОСТАВЕТЕ ПОЛИТКА И ПОЛИТИЧКИ ПРАШАЊА И НЕ МЕШАЈТЕ СО ЧОВЕЧНОСТА човекот е голем онолку колку што може да прости и да помогни!!!!! Сочуство на фамилиите на никој човек да не му пише Бог таква судбина!!!!! ОД СЕ ЧОВЕК ДА ОСТАНЕ БЕЗ НИШТО УШТЕ ПОМАЛКУ БЕЗ ФАМИЛИЈАТА !!!!
Не можам да кажам дека нешто плакам и паѓам во несвест од болка ради настраданите во пожарот . Но уште помалку па можам да речам - се исто ми е ! Не ! Сочувствувам со сите Грци ,поготово со оние кои загубија дечиња ,родители , браќа и сестри . Но ,тоа е се . Видов ,прочитав еднаш што се случило и изгасив телевизор . Посакав само тоа никогаш да не ни се случи прво нам,а потоа и на сите други низ светов . Но! Моите последни 100 ден нема да ги донирам за да помогнам на настраданите во пожарот . Јас лично ќе ги донирам овде некаде , на некој кој се бори за живот . Ако следниот месец ми останат пак 100 ден а ако у меѓувреме НЕ видам дека некое детенце во Македонија бара парична помош за лекување , тогаш ќе донирам за Грција,Србија ,Бугарија .... Толку ми се можностите Господ да не дава вакви трагедии кај никого
Ако треба да дефинираш социопат тоа е таа фраза "сеедно ми е", индиферентност, бесчуствителност, апатија...
На денешен ден 1963 година за прв пат после почетокот на студената војна русите и американците застанале заедно да помогнат на разрушеното скопје. Тоа некому му значи нешто, некому не. Во време на катастрофи човекот се сплотува и не гледа религија, боја на кожа и политичка ориентираност. Биди вечно Скопје! Сите сме од крв и месо.