Ако веќе почнуваат со тужби за говор на омраза,прво нека почнат со коментарите за Саздо.Или тоа не се важи воопшто?Во секој случај дно е да се посакува туѓа несреќа.Нека им е со лесно,а политиката не е најголема основа да се мрази нација.Сигурна сум дека мало бебе не е виновно што се удавило па да мешаат со политиката и да го хејтаат. Спојлер
И мене ми се згади од коментарите ама смешно ми е ова со казниве од една страна се бориме за слобода на говор нели у демократско општество секој може да се искаже што мисли, за говор на омраза треба влијателни јавни фаци да се казнуваат а не секој еден, ми нема логика малце..
Скроз има логика. Слобода на говор, не значи слобода за говор на омраза. Тоа што имаш право да кажеш што мислиш, не значи дека имаш право да навредуваш, напаѓаш, клеветиш, дискриминираш. И не, не треба да важи само за 'влијателни' 'јавни' фаци. Каква држава е таа, во која постојат различни закони, за различни луѓе? Дискриминирачка правда, не е правда.
@WildMk Ја не знам ти како си ја сфатила слободата на говор ама контрадикторно е само по себе да се бориш за демократија а да опструираш некој да каже што мисли. Под слобода на говор секаков говор се подразбира.
Е не е така. Ако е демократија, не значи дека можеш што сакаш да правиш. Демократијата значи еднаков третман за сите и слобода на изразување, ама е противзаконски да правиш и зборуваш нешта, кои штетат некому. Демократијата не значи само права, туку и одговорност.
Одговорноста секој сам за себе си ја сноси у секојдневна комуникација, ја можам што сакам да кажам е сега ако изгубам пријатели или некој ако се дурне да ме тепа ја си сносам последици ама законодавно тело да ти ограничи говор е антидемократски.
Не станува овде збор за разговор меѓу 5-6 пријатели во приватност. Интернетот е медиум и можат да читаат илијадници луѓе.
Не е! Па утре и тебе може некој да те изнавреди на интернет, па еден куп луѓе да прочитаат, да го поддржат напаѓачот, па еден ден да ти помине некој по улица, кој ни го знаеш ни познаваш, да те изнавреди лично и да ти залепи некоја трешница... Само поради тоа што некој изнапишал навреди , напади и осуди на интернет. Не е така едноставно. Ништо што штети другому не е и не смее да биде дозволено! Друг пат пред да коментираш на теми, прво проучи ги термините кои ги користиш.
@honest girl, па Миленко и е јавна фаца, дури и влијателна за маса луѓе, за жал. Се смета за новинар. 600 и кусур лајка имаше на оној одвратен статус колку што памтам. Го пријавив и јас и мило ми е за предметот, и така да се продолжи за сите без разлика на страната, определеноста и националноста. Вакви суштества заслужуваат да им се покаже местото со некаква казна. Говор на омраза не е слобода на говор.
https://www.24.mk/policijata-gi-„lovi”-shirachite-na-omraza-na-socijalnite-mrezhi Сега мислите што пишувате на Фб. Ова одамна требаше да се практикува, но битно почна .
Daj ja potocno stranata kaj se komentarive da gi prijavime i bas da vidime dali ke se prevzeme nesto.
Нема да се превземе ништо ете јас гарантирам.Тие сите убијци не ги фатиле како што разбрав. И што ако ги гонат овие што кажале "огин да ги изгори"?Навистина не ја разбирам поентата.Тие таму умираат и се борат за живот и сигурно многу и е гајле за коментарите по фб на простото Македонче.
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години. (2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање. (3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години. Говорот на омраза е кривично дело во Република Македонија
Veke na nikoj ne veruvam na zbor, daj ti nie da prijavime, belki nema da se ispolni garantiranjeto. Sekoj da si odgovara za se sto si storil.