Видов има нешто слично во темиве, ама не е баш тоа што мене ме мачи. Значи вака: Од денот кога сум родена па се до денес јас се соочувам со истиот проклет проблем - аутсајдер сум во сите сфери од мојот живот. Никој не ме поднесува, никој не сака да се дружи со мене, се плашам дека полека ама сигурно станав асоцијална, разочарана од животот и имам чувство како да им сметам на цел свет. Имам „пријатели“ со кои излегувам, ама тие никогаш не се тука за мене. Ме третираат како да сум нивни слуга. Ми се смачи веќе! Многупати помислував на самоубиство, ама нешто во мене не ми дава да го сторам тоа за да не ги повредам и моите. Ако има некој тука што се разбира од психологија, или имал сличен проблем, бескрајно би му била благодарна да ми даде некој совет. Можеби само во мене е проблемот, во мојот карактер (позитивна, ведра, секогаш спремна да помогнам, не се лутам за ситници, не сум себична, премногу им попуштам на луѓето...) но како да го исправам? Јас само сакам да бидам нормална како и сите други...
Вечен аутсајдер Девојче, колку години имаш? Морам да те прашам, зошто од тоа ќе зависи мојот обид да ти кажам барем збор два
Вечен аутсајдер Треба да поставиш граници до тука и толку,како кажуваш Пријатели во денешно време ретко и кога се наоѓаат,само некои глупави луге како јас,ти и уште некоку исклучоци...Дружи се со сите,но со никој не се приврзувај премногу блиску..бидејки нема вистинско другарство.. за карактерот и јас бев таква но кога увидов дека лугето ептен ме сметаат за глупача дека не им вракам на провокации, дека сум смирена,кога видов дека многу луге ја користат мојата добрина..се замислив малку и оп ете ја новата Анхепи ..така и ти треба да направиш,смени се биди малку ѓаволеста од време на време..да видат дека не си тоа што мислат тие..
Вечен аутсајдер Јас мислам проблемот да си го побараш во себе, зашто велиш - никој не ме поднесува, никој несака да се дружи со мене. Тогаш очигледно не е до другите ами до тебе е. Смени нешто во твојот однос кон околината. Незнам каква си но пробај да го правиш она спротивното и види каков е исходот. Или седни и размисли што е погрешно во твојот однос спрема останатите луѓе. Анализирај, зошто ти си аутсајдер, а некој друг не е, спореди ги разликите меѓу тебе и таа некој икс личност и пронајди што е тоа. Еве за пример, нека биде некоја што мислиш дека има многу другарки е добро прифатена од околината и спореди се каква си ти, а каква е таа. Глупаво е да се споредуваш со другите, но овој пат е за твое добро Само спореди се, не ги копирај
Вечен аутсајдер Секој е кројач на својата судбина. Не те познавам и не знам која е причината зашто полека си почнала да се одалечуваш од луѓето ниту пак причината зашто никој не те поднесува. Според она што го напиша можам да заклучам дека си личност која е свесна за својот "проблем" и бара решение за истиот што секако е за пофалба, си разумна личност и знаеш да цениш, сакаш и почитуваш, но имаш тешкотии во прилагодувањето и комуникацијата со луѓето. Гледам дека си позитивна према другите, но дали си и према себе? Дали се сакаш и почитуваш доволно себеси? Дали мислиш дека си посебна и имаш самодоверба? Претпоставувам не. Не постојат луѓе кои се совршени или како што ти велиш нормални. Сите сме на ваков или онаков начин, повеќе или помалку чудни, но умееме да направиме баланс во животот, да ги прифатиме своите мани и недостатоци и да се сакаме онакви какви што сме. Тебе не ти треба психијатар, според мене си сосема здрава личност со разнишана самодоверба. Посвети си време на себе, почни да си ги вреднуваш твоите квалитети зашто денес има недостиг на позитивни, ведри и несебични луѓе и насочи ја сета таа добрина према тие кои го заслужуваат тоа. Почни да размислуваш на начин како ти му требаш на светот и научи да кажуваш НЕ на оние кои ја злоупотребуваат твојата добрина. Смени ги навиките, најди ново хоби, запознавај нови луѓе, биди она што сакаш да бидеш, а не она што си. Отфрли ги луѓето кои прават да се чувствуваш лошо и замени ги со позитивни, онакви што ќе те прифатат и ќе те сакаат каква што си. Пријателите не се гледаат според бројката туку според квалитетот и никогаш не е доцна да ги запознаеш вистинските.
Вечен аутсајдер Ти си нормална како и сите други. Не си мала, со 20 години треба да си свесна како во светот одат работите. Вистински пријатели не дека нема, ама многу се ретки. Ти се што треба да направиш е повеќе да се смееш, да не се затвараш дома. Почни муабет и преку социјалниве мрежи ако ти е полесно. Најди некоја пријателка, братучетка, со која ќе можеш да се смееш, да уживаш. Тргни ги тие црни мисли од глава дека никој не те поднесува затоа што не е точно. Ти пред време си се откажала, и се дружиш и излегуваш со сила. И луѓето како таква те научиле и те прифатиле. Знаеш колку полоши животи од твојот има, па ако луѓето на препреките во животот се самоубивале, светот би била празен. Не треба на тоа ни да помислиш, туку да си речеш, стој, каде грешам, што правам, како може да си го подобрам животот. Ако си личност која е ведра, насмеана, позитивна, нова пријателка можеш и во автобус да си најдеш.
Вечен аутсајдер А да сакаш вистински пријатели , навистина ако ги најдеш кажи ми и мене ми требаат ... Девојко добредојде во суровиов свет со уште посурова реалност . Вечен аутсајдер ? Од каде ова ? Кај не си успеала ? Љубов , факултет , или само група на некакви уствари никакви пријатели тебе ти се доволен показател дека си аутсајдер ? Не не вака не правиме работа и тоа никако . И јас имав вакви (пријатели ) да да и паѓав кога ќе ми се случеше истово ама знаеш што со тек на време сфатив дека нема за што да жалам и звучело нарцисоидно дека вредам баре, 5 пати повеќе од нив така што решив да не трошам ни една *бана минути и да се нервирам па и преиспитувам зошто знам дека сум ок ! Не давај да се изгубиш само затоа што не те ценат вистински . Тоа никако не те праќа тебе на ПСИХИЈАТАР нит пак да посегаш по Животот . Имам ваква познајничка ... Е таа и јас потпишувам дека е аутсајдер . Песимиста до коска ,негативна , самодоверба нула , ниакво посветување на себеси . Во глава и е всадено дека никогаш нема да успее , комунукација со други нови луѓе не иде во обзир . Се надевам дека не поседуваш ништо од ова ако поседуваш хитно менувај нешто . Верувај ми нема човек што би сакал ваков човек во близина. Не си земај при срце брее , дружи се површно . Ако не се осеќаш убаво во нивна близина во меѓувреме барај чаре , пиши некој курс , можеби студираш колешки , муабет па кафенце ,биди таква каква што си кога ќе си најдеш некои блиску до тоа што сакаш откачи ги овие и крај приче . Ако за ова се одеше на психијатар сега 95 % таму ќе бевме ...
Вечен аутсајдер Едноставно биди малку поостра спрема оние со кои се дружиш, не им попуштај-мислам дека тука лежи проблемот. Те научиле каква си, дека не се спротиставуваш и прифаќаш се, па сега го користат тоа. Ти докажи им го спротивното, докажи дека си личност со свое јас, кажувај си го твоето мислење без оглед на се. И не им верувај, не им се доверувај. Дружи се со нив само за забава, а во меѓувреме обиди се да запознаеш нови луѓе, да правиш нешто интересно, ново хоби...
Вечен аутсајдер Причините ќе ги побараш во себе иако виновно е општеството, виновно е тоа правило за приспособливост, посилниот го јаде послабиот, виновни се луѓето со нивните плитки идеали и плитки барања за човекот. Но, причините побарај ги во себе затоа што другите не можеш да ги промениш! Прво и најосновно, луѓето не сакаат тажни и замислени луѓе и не сакаат премногу карактерни луѓе! Тие сакаат забава! Сакаат да бидеш просечен и да ја имаш способноста да се смешкаш, да извадиш од ракав неколку интересни твои случки, да бидеш полна со енергија и да знаеш да и направиш циу циу. Ако си добар за во друштво, ако го имаш стремежот за тоа колективно срање во тебе - ти си направил многу, ти си направил се! Пример ќе ти кажам со мене. Во шесто одделение кога ме фати пубертетот (и уште не ми завршил ) паднав во депресија, ме нервираа сите, никој мене не ме разбираше, никој јас не разбирав и така натаму. Бев аутсајдер и ме нервираше тоа, ми помагаше уште толку длабоко да навлезам во меланхолијата. Ги гледав сите весели и среќни, како брмчат за нешто без да се свесни за сериозноста за проблемот во себе. Е пошо јас ја немав таа способност, и сеуште ја немам да се смеам на нешто глупаво и да имам дебилска насмевка на лицето бев аутсајдер кој само размислува од што се тој разликува од другите. Во осмо одделение кога за првпат имав најдобра другарка (сеуште сум со неа) некако изби се тоа од мене, колективното ме разјаде, добив желба на сите да и покажам која сум и што имам јас да понудам. Следните три години мене никој не можеше да ме смири, никој не можеше да ја погази мојата енергија. Журки, момци, алхохол, главните случувања... абе јас морав да бидам драма квин, атенш хор и сл. Сите ме сакаа за другарка, сите ме обожаваа, секој мал проблем го познавав, секој мој совет беше послушан, секоја моја желба беше исполнета... Се додека пред година дена не ми пукна филмот од сите тие срања и лажни вредности и додека не почнав повторно да размислувам за самата себе. Полека почнав да ги избегнувам тие другарките за журка, повеќе се зближив со Русинката, на која можев да и кажам се што мислам и што и да ми падне на ум, ги избегнував нивните повици, престанав да одам на тие дебилски журки, си останав сама со своите книги и музика и чао на сите! Го запознав него, а со самото тоа што тој е доста повозрасен од мене, се оделив од другите уште толку. Повторно сум со тоа друштво, но се трудам да избегнувам била каква колективност и глупави луѓе, повеќе сум свртена кон самата себе и веќе не сум толку интересна. Но, мене тоа не ми пречи и сум задоволна од самата себе зашто постојат луѓе кои ме сакаат без дебилска насмевка на лицето! Moral of the story? Биди просечна, биди насмеана, гушкај ги сите, другарувај и биди весела ко цветче! ...Се додека не запознаеш вистински луѓе пред кои можеш да бидеш тоа што си кога ти сакаш!
Велиш - од денот кога сум родена, сум аутсајдер. Ова укажува на слаба самодоверба и драматизирање. Не сакам да те судам, не те познавам, но не смееш никогаш да си го навредуваш сопственото постоење, Животот, само затоа што си проектирала визија за себе дека си аутсајдер. Многу пати ќе се чувствуваме во животот како аутсајдери, несфатени, осамени, тажни, но тоа нормален процес преку кој созреваме! Секој од нас, има свест за себе преку односите со другите. И да, не постои рецепт за подобар живот, секој си ја готви сопствената приказна. Велиш дека си позитивна, ведра, а од друга страна помислуваш на самоубиство. Тоа е амбиваленција, односно не знаење што со себе. Почни да работиш на самодовербата, на истражувањето на сопствените емоции. Никој не ни дава ништо гратис. Дури и овие совети, не ги примај наивно, размисли што контрадикторности имаш, а потоа исчисти си ги мислите. Види се себеси во иднина - што сакаш да бидеш, да правиш, кои ти се плановите, каде се гледаш себеси во некоја атмосфера - работна, семејна, друштвена. Луѓето се водат според желбите и плановите, мора да си најдеш мотив! Не вреди да бидеш тажна, само заради некоја аутсајдерска епизода која те снашла. Не знам дали си вљубена, дали имаш некое хоби, дали учиш. Многу фактори требаат за да се биде инсајдер или аутсајдер или во средина. Бидејќи кажа дека имаш 20 години, таа возраст веќе значи размислување за себе и сопствените постапки, па само би сакала да те поттикнам да се запрашаш, од каде толку негативни мисли за себе? Во што не успеваш, што би сакала да направиш за да успееш? Ние сме овде да ти дадеме совет, добронамерен секако. Да ти биде подобро. Останува на тебе и твојата одлука, да смениш нешто околу себе.
Alien Девојките погоре напишале многу добри нешта, па јас не би развлекувала туку само би ти дала неколку совети. Но најпрво мора да си ветиш себе си дека полека но постепено ќе се трудиш да ги применуваш. Се е до нашиот разум и способноста на нашата самосвест да не издигне превисоко или да не спушти на најниско ниво. Двете состојби се опасни ако го градиме нашиот свет и живот врз нивна основа, и секогаш е најдобро да се балансира и да се има реалната слика. Другите те доживуваат онака како што се доживуваш ти, и знај дека на светот без разлика за што станува збор секогаш ќе се најде нешто подобро и полошо од тоа. Значи: 1. Не се обвинувај себеси за секоја ситуација. (Од тоа се нема никаква корист и може да биде само полошо.) 2. Поработи на самодовербата, биди свесна за своите квалитети. (Сама знаеш дали имаш прекрасна коса, тело или знаења во одредена област за кои можат да ти подзавидат). 3. Не го ограничувај општествениот круг (никогаш не знаеш кога ќе наидеш на такви личности со кои ќе најдете заеднички јазик, личности кои ќе те ценат заради тоа што си ). 4. Пронајди и прави ги раборите кои те прават среќна без разлика на тоа што мислат останатите, зашто ти си посебна и со тек на време треба да сфатат дека си личност со свои карактерни особини, интереси, потреби и ставови кои ќе те направат својствена. 5. Научи да кажеш НЕ (Може ова треба да биде бр. 1 на листава зашто е од големо значење, Ти не си обврзана да правиш услуги никому ако при тоа се чуствуваш непријатно, препознај ги вистинските пријатели и оние кои се достојни за твојот труд.) 6. Немој да се чуствуваш зависна од некого - Секогаш постои алтернатива (Е ова е поврзано со претходното, можеби твојата попустливост и карактерот кој го наведе се должи на твојата помисла услугата да ти биде вратена и да добиеш нешто за возврат. Нешто што се плашиш дека ќе го загубиш - друштвото можеби). 7. Не мора секогаш да си добро расположена (секој има свој лош ден и голем чекор напред е и ако гласно кажеш што е она што ти пречи, или уште подобро ако има некој да те ислуша и посоветува). Размисли дали вреди да бидеш и понатаму обземена со вакви темни мисли (важно е да поработиш и на нивно минимализирање) кои само ќе те упропастат како индивидуа. Работи на себе и почни да живееш со помислата на тоа што сакаш ти, не го прави тоа што не сакаш, кои се твоите желби, почни со нивно остварување зашто мислам дека сите нас ова не прави среќни. Она кон што треба да целиме е чуството да си среќен во сопствената кожа. Може е излишно ама има многу вистина во онаа "Биди тоа што си", но најпрво треба да се откриеш себеси и да го слушаш гласот на сопственото тело и ум, да станеш своја и притоа да се сакаш заради тоа. Ете од мене толку, се надевам ќе помогнам а како што гледам и без да сакам се развлече ова
А си се запрашала ли зошто е тоа така? Зошто никој не те поднесува(како што велиш) и те користат како слуга? Проблемот е во тебе драга моја. Ти дозволуваш да ти го прават тоа. Треба да имаш цврст став и свое ЈАС. 20 години си, доволно си голема да размислуваш како што треба и да се поставиш спрема луѓето строго. Ако твоите пријатели научиле дека на секое нивно барање ти знаеш да кажеш само ДА, покажи им ги забите малку. Не мора се што ќе ти побараат да исполнуваш. Покажи им дека и ти си човек како и тие што се и ти заслужуваш да бидеш сакана и ценета поради тоа што си.
Да Alien треба да си ја зголемеш самодовербата. Секој ден пеглај си ја косата, обавезно римелче, пудра и сјајче за усни, облека во најнова мода. Читај таму кои бои во оваа сезона се ин, еве тука на пр. можат многу да те подучат за тоа што е ин, а што е аут. Расфрлај таму пари за нова облека и ако можеш напрај некоја операција за стаклената насмевка да ти опстои колку шо е можно повеќе. Пф... Дап тоа е тажното, морам да шлапаш со мастиката и да носиш темна цвикера за да бидеш забележан. И не заборавај да се смееш оти можеби некој ќе се заљуби во твојата насмевка Социјализирај се оти колку повеќе те гледат, толку повеќе те сакат! И немој никогаш да се обидеш да бидеш тоа што си пошо овде има строги норми кои мора да ги почитуваш. Истренирај се на плитка вредност и најди некој шо просто ќе ја обожава твојата насмевка и твојата пеглана коса и твојата дружељубливост! Сврти се кон самата себе, анализирај се, пронајди се и откри шо те прави среќна. Правејќи го тоа шо те прави среќна и автоматски ќе станеш повеќе задоволна и другите ќе се лепат како мушички на тебе.
Ако мислиш и веруваш дека си вечен аутсајдер - тоа и ќе бидеш! Ама, преку неколку твои напишани реченици, јас тврдам дека не си ! Ти си нормална девојка со нормални барања во ова ненормално општество. Немој никогаш да се потценуваш себе се! Дури и ако немаш вистински пријатели, верувај во себе како личност и во твоите способности. Што се наоѓаш повисоко, тоа помала им се гледаш на тие долу. Затоа не мисли ако си `незапазена` дека не си вредна. Твоите пријатели очигледно не знаат да ценат. Имаш 20год., ако студираш, ете имаш обврски, дружи се со колешки/колеги, а ако не учиш, барај работа ако немаш, ќе запознаеш нови луѓе, ќе заработуваш свои пари....и малку по малку ќе ти се средат работите. Не си ти вечен аутсајдер, туку тие околу тебе кои те натерале да мислиш така! Не знам какви ти се семејните односи, ама и тие имаат големо влијание.
Првин чим викаш дека си насмеана , позитивна , ведра личност и добра другарка тоа значи дека И знаеш кои се твои квалитети нели ? Почни од тука . Тоа се твои квалитети и напумпај ги . За другаркине ич да не ти е гајле ... Како тие со тебе така ти со нив, велиш излегуваш со нив ?? Па тоа е одлично од една страна не си дома затворена од друга имаш можност да запознаваш и други луѓе и да си најдеш некој фраер . Пошто идеш и на факс ете ти плус Еден куп луѓе се што треба е да им ја осетиш енергијата на луѓето и да им се приближиш . Факт е дека тебе стварно НЕ ти треба психијатар нити ништо слично , ова ти е само период веруј ми . Сите сме поминале низ ова и ти ке поминеш ... Само првин тргни тие мисли од тебе, стави насмевка на лицето и знај дека имаш квалитети! Сакај се самата себеси првин Тоа многу помага веруј ми. Вежбај го ова и со тек на време ке видиш како полесно ке се осеќаш. И еден мој совет не се напнувај ! Затоа и вака се осеќаш се напнуваш премногу и затоа не даваш простор ни малку од позитивна енергија да дојде до кај тебе . Опушти се и олабави се . За луѓето пак ке кажам не се замарај Секакви ги има . Само треба да бидеш претпазлива и да не им попушташ премногу Покажи став И свое ЈАС зашо го имаш тоа ! На крај краева па и не сите имаме најдобри другарки... Па и не сите веруваме во секого , Не сите имаме еден куп другарки и нз што ... Ако имаш потреба да се искажеш пишувај си дневник, еве тука си на Фемина тука исто и те како можеш да се искажеш во секоја сфера што те интересира . Без гајле не си аутсајдер , ама послушај ни ги советите за да не бидеш стварно . Од се срце ти го кажувам ова .
Го имам истиот проблем како алиен. -Некогаш се чуствувам толку одфрлена од надворешниот свет,како јас да не припаѓам овде... -Имам пријателки од училиштe..но никогаш не можам да се доверам на нив!Можеби од срам или од несигурнот.Немам на кој да се доверам што понекогаш ми е толку тешко ми паѓа!Единстеното нешто што ме правеше среќна беше моето куче...сега и тоа се загуби... и толку ми недостига...Мислам дека кучето ми беше едниствениот вистински пријател!И немам цврсто ЈАС!тоа ми е еден од поголемите проблеми...немам доверба во самата себе!Понекогаш си мислам дека несреќата ме следи...се наопаку..Никогаш не сум била среќна..ако барем еднаш бидам среќна после тоа ми се случува нешто мноху лошо! Се извинувам што многу напишав ама вака ми е полесно!
awee потполно те разбирам. Токму затоа се обратив за помош на форумов, и верувај дека уште од истиот момент кога ги читав одговорите јас се чувствував се подобро и подобро. Феминки, ви благодарам за поддршката и советите, многу ми помогнавте.
И јас се гледам себеси како вечен аутсајдер.Се навикнав да живеам со тоа,едноставно не се вклопувам секаде и тоа е.Не ми е повеќе тешко поради тоа. Уште во градинка се сеќавам дека кога другите деца си играа и се дружеа,јас секогаш стоев настрана.Едноставно таква сум отсекогаш била и мислам дека ќе останам.Не,дека сум немала пријатели,сум имала повеќе и сум се дружела доста.Ама сакам да кажам дека кога ќе се најдам во непозната средина се губам,се издвојувам. Но нема зошто тоа толку да ве депримира.Најпосле не е страшна работа,ти повеќе го доживуваш тоа така отколку што навистина е.
Аутсајдер на некој начин сум и јас.. Не можам да ги сфатам денешните дружења, правење лице и душа давање за другарките а ваму не можеш да ја поднесеш и ја оговараш кај ќе стигнеш Такви другарства не сакам и немам и може ради тоа имам одреден круг на пријатели на кои им верувам.. Мал ама вреден.. Тоа што сакав да кажам е дека многу тешко се вклопувам во нови друштва, нови пријателства... Сакам да се дружам но другите околку мене се поинакви, и потешко ми оди.. Пред мене има уште пар години студирање, може ќе излезе и тука некое пријателство но, до сега ко аутсајдер сум на факс.. Тоа не ми чини но не можам да се вклопам, тоа е тоа... Здравје, може нема да сфаќам се сериозно па ќе се отворам кон светот.. Само ретко кој ме разбира и сфаќа..