Со дечко ми одиме веке 1 година, а претходно имаме одено 5 години и после долг период пак се смиривме, тој си имаше девојки, и јас имав дечко, значи воопшто немаше начин да се смириме. Јас инсистирав да се смириме бидејки сум многу вљубена во него, но сепак врската сега не ни оди, постојано се караме.Постојано ми се закануваше дека ке ме остави, дека не ме поднесува повеќе.Го стори тоа стави сингл и ми се јави да видам што направил, значи многу ми беше тешко, цела вечер плачев, звонев, го молев, но тој упорно дека не ме сака повеќе. Незнам што да правам, немам повеќе другарки бидејки бев постојано со него, не искачам никаде.Несакам да го изгубам никако, премногу го сакам. Ве молам помогнете ми премногу се нервирам.
Не сум во ситуација да делам којзнае какви совети, но мислам дека треба да престанеш да го бараш. Веќе се направил сингл, ти кажал дека не те сака, дека не те поднесува. Ќе ти биде тешко, но наместо да пробуваш да го вратиш него, пробај да си ги вратиш другарките и да почнеш од почеток.
Знам дека така треба да постапувам, но секогаш сме се смирувале после дооооолги кавги без причини,така беше првиот пат кога раскинавме, така е и сега.Само што сега стави сингл (((((((
Јас упорно не разбирам, и на други теми имам пишувано зошто ако имаш дечко треба да се откажеш од другарките? Имај си ти дечко, ама сепак биди малку активна и на другите полиња. Немој да го бараш, се согласувам со Victorya, ти си направила се што требало, немој да молиш повеке. Остави го,ако треба да биде ке те побара, и ке бидете заедно, ако не за тебе нешто друго е планирано. Врати си ги другарките најбрзо што можеш, и извини им се. И мислам дека треба да размислиш до каде оди целата работа со толкави долги кавги. А тој Фејсбук.... без коментар за тоа.
Гледај сега, ај игнорирај го некое време. Нека плачи тој, нека моли тој... зошто да страдаш ти, а не тој? Направи се и ти сингл, избриши слики ваши, исклучи го мобилниот ден-два, нека се подзамисли каде си.
Ќе се обидам да го сторам тоа...... но многу сум повредена, многу ми е тешко бидејки ништо лошо не сторив, туку цело време се обидував да му удоволам се како што тој сака а тој постојано се расправаше со мене, едноставно избувнуваше и потоа како ништо да не се има случено.
Колку повеќе правиш тоа што му одговара него, толку повеќе го губиш. Тој се навикнува дека ти му си како роб и може да владее со тебе како сака. Епа, не може така. Направи да биде обратно, ако сакаш да си среќна.
Можеби работата е во тоа што си се трудела премногу, па си го размазила и сега знае дека те врти околу малиот прст.. Сепак, тоа што ти рекол дека не сака повеќе да биде со тебе, дека не те сака тоа се премногу силни зборови, освен ако не се кажани во афект па не ги мислел.. Инаку се согласувам со девојките што напишале погоре дека не треба да го бараш, немој да му покажуваш слабост па нека види дека можеш и ти без него. А тој фејсбук стварно не ми е јасно кој измислил таква глупа опција со relationship от, жив ѓавол Не се секирај.. остави го нека му помине ако му удриле бубачките во глава а ти пиши ни дали сте се смириле Се најдобро.
А можеби па стварно дечкото не ја сака повеќе? Треба и таа опција да се разгледа. Мене лично ми се случило такво нешто: кога некого не сакам повеќе, колку повеќе ми удоволува - толку повеќе ме нервира бидејќи единствено што сум сакала е КРАЈ. Дедикејтед, мислам дека треба да си свртиш нов лист. Побарај ги другарките и (како што рече Фиарлес) извини им се.
Девојко, прекини секаков контакт со него!! Па каде ти е гордоста, зошто се понижуваш?? Покажи му дека не те интересира, игнор и чао! Ти кажал дека не те сака, што ли уште ти треба? Знам дека ти е тешко, точно знам, но верувај дека и за тебе има некој кој наскоро ќе се појави, зарем би сакала да бидеш со некој што не те сака, само затоа што ти го сакаш? Би добила од него љубов, почит? Не. Само страдање. Излегувај со другарки, уживај во животот, не вреди за некоја будала да седиш дома затворена и да го пропушташ животот. Излези, журкај се, мувај се, шетај! Кога најмалку очекуваш ќе се појави некој што ќе те сака и почитува! Сте биле 5 години заедно, па сте се смириле. Искрено, скоро никогаш таквите врски не успеваат. Што било поминало, никогаш после не може да биде исто. А знаеш зошто?! Затоа што и не треба! Ако сте раскинале, значи не сте за заедно, и тоа не бил човекот за тебе, нити ти за него! Главата горе и тури му пепел, и немој да се понижуваш да го бараш и молиш кога не те сака, со сила не можеш да го натераш. Ти посакувам се најубаво, запамти дека ти повеќе вредиш и мисли на себе! И да те побара, немој да му се смириш! Мада тешко, кај машките е поинаку, ако се изјасне дека не те сака тогаш е и така. Започни нов живот со нова личност, што си ти некова играчка? Од каде ќе бидеш сигурна дека по некој месец нема пак да ти рече дека не те сака?? Со таков човек никако заедно. Заборави го!
Нема ништо полошо од тоа некој што не го сакаш, да прави се за да бидете заедно. Ти станува се поодвратен. Зборам од лично искуство. Се правев да го откачам. Дечкото не те сака, прифати го тоа. Стави се во негова ситуација-дали би била со некој што постапува како тебе? Верувам не. Заборави го и почни си од почеток, сама без него и надеж дека ќе се смирите.
Можеби навистина нема љубов од негова страна....Вие сте биле заедно долго време и сега кога сте се смириле можеби човекот сватил дека сепак не те сака повеќе.. Тоа е сепак само претпоставка,како и да е мислам дека треба да го седнеш ти него убаво и како двајца возрасни луѓе да направите здрав муабет за тоа во која насока оди вашата врска? Колку што прочитав коментари ,навистина мораш под итно да ги поправиш односите со другарките,си направила голема грешка што си го ставила во центарот на твоето внимание само него. Што и да се случи нема да биде крајот на светот,сепак со сила убавина не бива,само малку повеке храброст и конечно да решите и двајцата што ке правите понатаму.
ова болдираново, не дека е лошо, ама тоа ти е првата грешка. дали он за тебе истото го правел? размисли малце пообјективно, со чувствата на страна и прибери си ја гордоста и право со другарките на кафе
Кога веќе не те сака значи не те сака и не сака да има ништо со тебе, зарем тоа не ти е доволна причина и преголема болка да престанеш да контактираш со него а дури и го молиш и се понижуваш. Животот продолжува понатаму не е тој еден единствен и последен. Среди се малце и за некое време ќе си најдеш другарки па и некој друг што ќе те сака и почитува...
Со сила убавина не бива, тоа што е скинато тешко се спојува. Не му го дигај машкото его, млада си, што е твое ке си дојде. Животот е пред тебе, треба да уживаш во љубовта. Некаде пишав, женските солзи никој маж не ги заслужува а тој што ги залужува нема да дозволи да течат. Биди паметна и зграби го животот во своите раце.
srce da ti kazam nesto iskreno jas so deckoto moj odam 6 god no prvata godina mi bese pekol go nemase po 3 4 dena ne mi se javuvase neznaev na so sum i toj mi velese ne mi dosagaj ne me voznemiruvaj so drugarite sum ova ona maski muabeti ama jas ne se otkazav resiv i go postignav to a toa mozi da se postigni samo so smiren muabet i iskrnost.e mu se javis na deckoti ke mu kazis deka treba itno da porazgovarate i smireno ke mu kazis se so custvuvas za negi i posle toa ako nejki da se gledate poveke zaboravigo znam deka e tesko ama zivot ide dalje ama prvo probaj na ovaj nacin ne odi toj so tebe skoro 6 god ako ne oseka nisto za tebe cim e tolku dolgo so tebe sigurno te saka samo ima nekoj problem isaka da te odaleci od sebe probaj razgovarajte pa pisi mi kazi mi kako ke pomini [mod-kirilica:2018zap3][/mod-kirilica:2018zap3] [mod-tekst:2018zap3][/mod-tekst:2018zap3]
И јас ќе молам за совет..навистина ми треба помош..Незнам ни сама како почнав да го свиѓам братот на мојата најдобра другарка...Ама се рашири веста низ школо и тој некако дозна.Пред некој ден собрав храброст и му се јавив.Го прашав каде е,како е,што прави.Тој ме праша дали сум му се јавила за да го заебавам ..Сега не верува дека го свиѓам мисли дека со сестра му му правиме некоја зафрканција и сл.А јас не само го свиѓам,мислам дека почнувам да го сакам..е сега како да му признаам?А што ако му кажам и ме зезне и каже на цело школо па сите да ми се смеат?Како да дознаам што чувствува тој?Многу ми е тешко да го сватам..тој постојано гледа само да не се избламира пред другарите..станувам очајна веќе!