1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видови темперамент

Дискусија во 'Психологија' започната од twilight123, 14 септември 2016.

  1. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Колку што можам да видам не ја најдов никаде темава, па ако ја има негде слободно нека иде во канта.
    Постојат 4 вида темпераменти
    • колеричен (холеа - жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго траење на емоциите, на лицето им се гледа што чувствуваат (екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се „главни" со што ги свртуваат другите против себе,
    • сангвиничен (сангвис - крв) реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно, основна емоција им е веселост и оптимизам. Активни се, се зафаќаат со многу активности, но не ги довршуваат, лесно воспоставуваат контакти со многу луѓе, но најчесто се површни,
    • меланхоличен (меланхоле - црна жолчка) реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чувствуваат (интравертно), основна емоција им е тага и песимизам, настаните длабоко ги преживуваат, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели,
    • флегматичен (флегма - слуз) реагираат бавно со слаби реакции, кратко траење на емоциите, манифестацијата е интравертна и основната емоција им е рамнодушност. Овие лица делуваат спокојно и сталожено.
    Со оглед дека темпераментот се наследува и има неврофизиолошка основа, вакви чисти типови темпераменти во природата нема. Луѓето се најчесто со мешан тип. Освен што се наследува темпераментот може и да се контролира и „воспитува―. На пр. избувливите луѓе научуваат „да избројат до десет―, мирните да ги интензивираат своите чувства и сл. Контролата врз своите чувства и емоциналната рамнотежа се значајни за човековото однесување. Исто така празнењето од емотивна напнатост е важен услов за сочувување на здравјето.

    Епа дечки кој темперамент сте?
    Јас сум флегматичен темперамент
     
    На the drummer, Gosh, Prijatelot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    11.103
    Допаѓања:
    141.583
    Пол:
    Женски
    Ме врати во средно со темава :D
    Уште тогаш пробвав да се најдам и сум негде помеѓу меланхоличен и флегматичен, шо би рекла зависно од ситуација и завидно колку нешто ми значи.
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.038
    Допаѓања:
    163.218
    Пол:
    Женски
    A мене пак ме врати на едно од предавањата по најинтересниот предмет во прв семестар што ми беше, во анализата на литературните дела ги спомнавме видовите на карактери.
    Интересна тематика е ова... и јас се пронаоѓам помеѓу меланхоличен и флегматичен темперамент, исклучувајќи го ова со песимизмот секако :lol:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.145
    Пол:
    Женски
    Јас се пронаоѓам во сите 4. Сериозна мешавина сум, не можам да издвојам ниту еден повеќе од останатите. И да почнам да ги прашувам луѓето, секој ќе ми каже различно, пред секого имам поинакво лице ;(
     
  5. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    јас учев во 4та психологија и овој дел ми беше еден од најинтересните
     
  6. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.032
    Пол:
    Женски
    Sangvinicen definitino :D
     
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ееее ме потсети кога учев Криминалистичка психологија , уживав додека го проучував овој предмет. :)
    Инаку колеричен. :D
     
    На twilight123 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    9.552
    Пол:
    Машки
    Им ставаат боцка на столчињата на колерикот, сангвиникот, меланхоликот и флегматикот.

    Седнува колерикот, се боцнува, станува и вика...
    - Кој ја стави оваа боцка? Ајде сите дојдете тука да видиме кој ја ставил.

    Седнува сангвиникот, скокнува и вика...
    - хаха видете некој боцка ми ставил, па кај баш на моево столче, еј пази и ти да не имаш боцка...

    Мелахноликот...
    - Ауч што беше ова, леле колкава боцка, ова стварно ме здоболе и потресе. Цел ден ми е наопаку уште од сабајле...

    Флегматикот седнува, малку го раширува едното око и споро станува...
    - ц, аеее кај најде боцка овде, глупости живии (и се прозева)
     
    На rose60, Love...music, alena19 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.358
    Пол:
    Женски
    колеричен (холеа - жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго траење на емоциите, на лицето им се гледа што чувствуваат (екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се „главни" со што ги свртуваат другите против себе,

    Болдираното не е точно.

    Се потсетив на предметот психологија.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Изгледа си студирала безбедност....;)

    Колеричен и малку сангвичен! Мхм! :P
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Флегмaтичен8)
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Да , безбедност. :D
     
  13. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Колешке! :bow:
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.319
    Допаѓања:
    2.757
    Пол:
    Машки
    2ka ta.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    9.552
    Пол:
    Машки
    Може ли да се направи темава Poll (анкета) за давидиме каква е локалната статистика кај нас. У светот мислам беа 2-3% колерици, 15℅ сангвиници па после другиве повеќе
     
  16. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    колеричен 100% точно таков сум.
     
  17. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    17.632
    Јас искрено не се целосно пронајдов во ниеден од наведените
     
    На Bitter-Sweet, Dabria и smb asr им се допаѓа ова.
  18. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е нормално кај мене танка е линијата помеѓу колеричен и флегматичен , имам периоди кај што не сакам да станам од кревет и не ме интересира ништо ... :wasntme::wasntme:
     
  19. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.569
    Ni pa jas
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  20. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    17.632
    Јас и ти изгледа некој прототип сме :D
     
    На smb asr му/ѝ се допаѓа ова.