Факт е дека скоро сите поминуваме голем дел од времето на интернет односно на социјални мрежи каде постојано запознаваме нови луѓе. Дали ви се случило да на социјална мрежа виртуелно пријателски се зближите со личнот до тој степен да ви стане поблизок пријател и од оној кој е до вас? Доколку е дупла или безвезе, нека лета во канта.
Дааааааа и колку си пишувам повеќе сакам да се тука и да ги запознаам вистински. И да видам дали ќе успејме и надвор од социјалните мрежи..
Темата е супер, и да, секако дека ми се случило. Баш на форумов што е единствен на кој сум зачленета, членовиве со кои редовно си пишуваме на чет и на фб можам да речам дека ги сметам за најмили и најблиски личности во животот после оние 3-4 онака најнајдобри и најверни другарки во реалниот живот. @Tan4ence посебно веќе како родена помала сестричка си ја сакам.
Луѓето се поотворени и поискрени во разговорот со виртуелните пријатели, а може и да се каже дека имаат повеќе доверба со луѓето од интернет отколку со оние со кои пијат кафе секој ден. Начинот на кој се формираат пријателства денес е видно сменет од она на кое досега бевме навикнати.Развојот на друштвените мрежи ни овозможува да изразуваме длабоки чувства спрема некого кого воопшто и го немаме сретнато. Луѓето што патат од одредени болести или луѓето со инвалидитет се повеќе се одлучуваат на овој начин на стварање пријателство. Вистинскиот пријател е секогаш вистински пријател без разлика каде се наоѓа или зад кој тастер пишува, тоа никој неможе да го смени никогаш. Животот помеѓу виртуелниот и реалниот свет е сеуште поим на истражување и дебати.
Убава тема навистина, прст на чело да стави човек и да се подзамисли. Како кученце што му се радува на стопанот кога ке го види, така и јас трчам на форумов по новите пријатели(уште да брефтам ми фали и со опаш да вртам )..да, уште тука не ме изневерил и не ме разочарал никој
Да.. На еден форум.. Долга и широка.. Битно е дека од некои такви познанства излегуваат ептен добри пријателства
Да шкртнам мое мислење во темава... Виртуелна-ама реалност Во виртуелноста секогаш ке извлечете добар пријател затоа што буквално се отвара душата за исповед..така подобро ке се запознаете.Неверувам дека во реалноста толку пријатели ке ви се отворат и споделат.. Искрено мене ме револтира да пишував,разговарам а нез со кого.. Како кога играте шах со пс Јас секогаш преферирам кога разговарам со некого да имам познавање со визуелниот облик на таа личност,честопати човек и без да ви каже нешто може да прочитате од изразот на телото и ликот,, нормално ако знаете да читате,, Затоа и имам ставено моја слика,така да секој што пишува или чита да има претстава.. Колку јас што памтам за моето користење на социјални сајтови почнувајки од мирц32 до денес имам сретнато и запознаено многу пријатели, имам пријатели од некои соседни држави кое нашето пријателство трае 15 год,нормално имавме и доста средби влице. Истите ми имаат многу помогнато во некои потреби.. Кој како го свака,овде или на оние што се третираат како анонимност има многу и замаранти.. И најглупиот сооднос..ако пише машко на женско се знае заш пишал А ако женското прво пишало?? Така да опуштено.. Сите се за дружба
Da sum imala. Eden od niv mi e soprug. Ova fejsov e cudo. I jas koga pisuvav so nekoj sakav da imam vizuelna pretstava za licnosta. So samiot pocetok, so prvite razmeneti recenici mozes da zaklucis dali razgovaras so pristoen/na sogovornik/sogovornicka ili so nekoja budala. Takvite blok i kraj. So nieden od tie prijateli ne sum vo kontakt, osven so mm hehe, no mi budat prekrasno sekjavanje.
Да. Ми се има случено. Можам се да му κажам. А неκои од тие ρаботи немам хρабρост да ги κажам на дρугаρκите.
Не верувам дека некој ќе ми биде поблизок од мојот еден и единствен пријател. На фб ги имам само школските ретко кога се пишуваме и ги имам блиските ради реда. Др профил јавен немам, од форуми само на фемина и баш симпатизирам некои, онака имам желба да ги запознам. Дека сум друштвена сум, ама недовербата ме држи подалеку. Но сепак на некој непознат би си му кажала нешто што ме мачи затоа што не ме знае , но и тоа ретко се случува. Засега никој не може да го замени мојот другар, толку пиздарии имаме направено заедно, и доверба си имаме меѓусебно, но затоа на др не веруваме.
Виртуелниот пријател не може да биде никогаш поблизок од оној до тебе. Тој до тебе гледаш што прави за тебе а виртуелниот често е само маскиран
Да , само ќе дополнам ако вирутелниот не те знае воопшто , може да ти даде совет, а да не го сподели со трет (реткост е ова) , ако сме вистина анонимни.
Немам виртуелни пријатели бидејќи сите со кои што комуницирам на фб ги познавам лично а овде на форумов сега за сега неможам да кажам дека имам виртуелни пријатели туку само виртуелни познаници. Мислам дека неможе да ти биде поблизок некој виртуелен пријател од оној кој ти е пријател во реалниот живот. Али фејсбук или некој форум како овој е добра работа баш поради можноста за запознавање на нови луѓе кои во реалниот живот можеби никогаш не би ги сретнале, а подоцна тие виртуелни познанства можат да прераснат во реални, а потоа и во пријателства или нешто повеќе од тоа.
Немам виртуелни пријатели, ама имам виртуелни познаници. Според мене неможе виртуелен пријател да ти биде поблизок од оној кој ти е пријател во реалниот живот затоа што тој виртуелниот пријател не го знаеш во живо, никогаш не си го видел, па може некој и да се преставува лажно, тоа е според мене па можеби и не е точно.
Па еве фемина е чист пример дека виртуелните и непознати пријатели се поискрени и подобронамерни отколку познатите и блиските до нас. Пишуваш проблем тука, 10 души ти даваат искрени совети, те учат, ти помагаат, а не ти го знаат ни името. А оние кои се блиску до тебе некогаш и ти го прават проблемот поголем и ти отежнуваат. Барем така е кај мене. А да, имам и пријатели кои сум ги запознала на социјални мрежи, па ден денес имам контакт со нив и ако нешто ми треба попрво би им се обратила ним отколку да барам некоја другарка што ја имам блиску до мене. И секогаш таквите се подобри и поискрени, а стварно не знам зошто. Можеби зашто не се блиску, па немаат корист ако те издадат, излажат или ако ти прават лице, или е нешто друго, стварно не знам, ама во секој случај се подобри, поискрени и покорисни.
Со оглед на тоа што се помал е бројот на вистински пријателства, скоро и да не верувам во тој збор, сите некако ко да си поставуваме граница до која би ги искажале своите проблеми плашејќи се од осуда, исмејување, озборување... Така да на човека полесно е да се довери на виртуелен пријател баш ради тој искрен одговор
Имам виртуелна пријателка. Од форумов. Почнавме да пишуваме тука, си дававме совети, си се поздравуваме и си кажувавме како ни поминал денот и еве веќе има 2 или 3 години како контактираме, си помагаме, се тешиме кога треба, заедно се радуваме на среќните моменти... Се знаеме само од тука и на фб, ама искрено се надевам дека што поскоро ќе се запознаеме и лично. Таа знае многу повеќе за мене од другарки со кои се дружам цел живот, ама ја осеќам за поблиска и имам потполна доверба во неа, а и таа во мене. Знае работи кои никој друг не ги знае. Знам дека утре нема да слушнам како ме оговарала со друга другарка, па од една на друга се рашириле муабети. Токму поради тоа имам целосна слобода во пренесувањето на работите од мојот живот токму онакви како што се, без ни малку извртување на работите и нивно "ублажување". И иако не се имаме запознато чувствувам како да се знаеме цел живот.
Супер е виртуелното пријателство. Јас имам виртуелен пријател скоро десет години. Се и сешто збориме, и во најтешки моменти и најубави моменти, се жалиме на некој или нешто, се фалиме на нови врски, споделуваме случки од работа и сл. Може со месеци да не си пишеме па после да надокнадиме. Многу ми значи тоа пријателство затоа што можам да споделам апсолутно се и да знам дека нема шанси било кој да дознае. Не е исто со луѓе од реален живот, барем досега не сум нашла никој со кој би била 100% искрена за се без да ме осуди или дава совети.