Ми се има случувано да запознавам луѓе на интернет доста пати, најчесто од видео игри и во повеќето случаеви тоа било само дружба и заедничко играње. Но сепак, исто како и во реалниот живот ќе најдеш луѓе со кои со тек на време ќе се заборавите меѓусебе а со некои ќе продолжиш и ќе станеш доста близок. На форумов сум понов член, од јули сум тука. Но и тука запознав доста луѓе и верувам дека со некои од нив навистина се зближив.
Тие што имате виртуелни пријатели.. Што ве спречува да ви станат пријатели и во реалниот живот?! Страв? Срам? Неможност да се сретнете? Нешто друго? Јас не верував на луѓе позади монитор и ден денес сум крајно пребирлива.. Но.. Еден ден ми проработеа бубачките и отидов до Велес за да запознаам прекрасна личност што до тогаш ја немав видено, бидејќи немаше ни ФБ.. Не беше ништо страшно... после пак отидов, ќе одам повторно некогаш.. За пастрмајлија одам де се зезам
Според мене нема ништо лошо да запознаваш пријатели од интернет. Сепак кога станува збор да сретнување во живо со некој што сме го запознале вирутелнo е тогаш треба и да се внимава зошто сепак не се знае кој стои од другата страна. Не дека јас немам пријатели во реалност, но сепак и со некои од форумов што стварно ги ценам ми е интересно виртуелно да поминувам време. И имав и можност од тука најмилата членка да ја запознаам @Someonespecial
Кратко пишувавме , брзо се запознавме . Како да се знаеме 100 год Само заради ова го сакам форумов @s&s Уште една од оние на прсти што ги бројам.
Добро, на форумов барем можеш да видиш според мислењата кој ти е сличен и кој би ти одговарал за дружба и во реален свет.
Со оглед што не ширам многу познаства , во виртуелниот свет , најчесто на фб сум пронашла добри пријатели , како што викаат на непознат све можеш да му се исповедаш отколку на пријателот ... Големо ДА за ваквите познаства а и љубови
да имам мн добра пријателка од др сјт.Прво виртуелна ,а сега веке две год се дружиме.Кафе обавезно еднаш неделно и можам да кажам дека ми е подобра пријателка отколку двете што ги имам мн одамна.Ми се допагаат вакви сајтови на кои има прекрасни луѓе со кои може преубаво да се разговара
Одлична тема Па кој немал виртуелен пријател ? Моментално немам, но имав до летото некаде, не знам точно. И тоа од форумов. Пишувавме што пишувавме со месеци, ама средба не бидна. А баш ни одеше муабетот, по цели денови .. На многу теми имавме слични мислења, баш бев уверена дека ќе се сретнеме и дека навистина ќе имам искрен пријател.. Сметам дека е до некаде и изгубено време ама и научена лекција. Ми се доверуваше, се доверував, ама веќе на никој не би верувала така. Што е сигурно сигурно си е. Јас најмногу би издржала година или помалку да пишувам со некој, а да не го видам во живо. Повеќе не. Или ќе ми се појави пред очи (макар и на три реда муабет) или чао, ноу тајм. Што ако никогаш не се појави и ?
Имам пишано на темава, ќе пишам пак поттикната од некои мислења. Кога бев уште основно, нова на фб, социјални мрежи и интернет и си запознав врсник од Индија и уште пишиме активно, се дружиме, советуваме, реална причина зошто се немаме видено е далечината и уште тогаш си ветивме штом работиме и имаме можност еден мора да оди кај друг, и то е реално блиску. На моменти он ми беше подобар пријател од било кој кој ме опкружува околу мене. Мислам, да знајте колку е добар пријател, остај Дота и дојде да игра ЛоЛ со мене.
Пишав веќе на темава, но сега ми текна да се дополнам нешто. Многу ми се допаѓа мнозинството на позитивни и реални мислења во темава, тоа потврдува дека на форумов има многу open-minded личности што на виртуелните зближувања гледаат како на нешто здраво (што е прикладен став за ова време), а не да помислуваат одма само на опасности и разочарувања од невнимателни комуникации со сомнителни луѓе, или пак да им асоцира на недостаток на контакти во реалниот социјален живот. И да, со мојата најмила Танче и со Анабелка, како што знаат повеќето членови - сум имала чест да се дружам и во живо, а со многу други блиски членови комуницираме на Фејсбук. Но, на форумов сум имала искуство исто така за многу блиски да ги чувствувам 2-3 личности за кои буквално ништо лично не знам, од причина што затоа што сакаат целосно да си ја зачуваат приватноста.
Da toa cesto se slucuva a so ogled na toa deka nemam nikoj pokraj mene super mi e koga sum na chat heheh
Си имaм 6 и тoa мнoгу си ги сaкaм oд кoи еднaтa си јa сaкaм кaкo пoстaрa мoјa сестрa Сo 4 се знaм личнo , сo нaјмилaтa сме дaлечкo пa летен периoд здрaвје ќе си се зaпoзнaеме и личнo А сo првaтa кoјa гo спoделив сетo мoе минaтo и сегaшнoст истo и кaкo oнa сo мене штo беше искренa , кoјa ми е мнooгу дрaгa нo и ми фaли бидејќи не пишувa више тукa нo знaм декa ќе прoчитa
Polesno e da si ja otvoris dusata preku pisuvanje otkolku oci vo oci. Zatoa vakvite prijatelstva stanuvaat dlaboko intimni i trajni. Imam prijatelki od ovde so koi sekojdnevno komuniciram,se konsultiram,se interesirame edna za druga,spodeluvame radost i solzi..
Во реалниот свет често ги избегнувам луѓето и се срамам за комуницирам со нив. Искрено, виртуелно многу глумам опуштена особа и трескам глупости, па така имам запознаено доста особи. Инаку, од виртуелни другарства, си имам едно кое трае веќе 2 години. Девојчето го запознав од форумот, често се слушаме по телефон и е една од ретките личности на кои можам да им кажам буквално сѐ. А оние шо ми се "другарки" од реалниот свет, со нив излегувам само кога ми е досадно и не ми значат ич.
И мене овие реалниве другарки ме знаат се помалку и помалку, почнав да приметувам многу завист, неискреност и ситење и почнав да глумам за жал. излегувам, се дружам но ништо не споделувам што порано споделував. Виртуелен пријател еден посебен немам, но разговарам понекогаш со витуелни пријатели и полесно се отварам.
Не би рекла. На крајот секој сака и на секој му годи присуството и вистинската прегратка. Ајде виртуелно како ќе прегрнете некого за да го утешите ? Никој виртуелно не е поблиску до вас, не си создавајте лажна слика. Вистинските пријатели секогаш ќе се до вас
Па не дека е поблизок, туку сме поопуштени , на личноста до нас можеме се да кажиме ,но и да не прекажи. На виртуелните исто и тие може ќе не прекажат и исмеваат но сметам дека виртуелниот пријател ќе каже далеку подобар совет и ќе оддели време и ќе објаснува со совети, а личноста до нас ,ќе отпреврти очи како демек не слуша и ќе се прави дека се интересира и совет ќе даде ради реда а можеби восебе одвај чека да и се откачиме. Ретки се тие што вистински сослушуваат.