1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виртуелниот пријател поблизок од оној кој е до вас...?

Дискусија во 'Психологија' започната од КикиМаус, 13 октомври 2016.

  1. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Убаво е да имаш виртуелен пријател но надвор од Македонија..Со него можеш се да зборуваш се да му кажуваш освен адресата нормално а за тоа мора да знаеш Англиски! Имам таков виртуелен и се си кажуваме си се олеснуваме еден на друг и се советуваме.А за виртуелен п од МК не сум имала а и да имав би сакала да бидеме анонимни,а не на фб да се допишуваме зашто државава ми се чини мала за споделување приватни работи затоа што тука некако како сите да се знаеме меѓу себе а и постојат секакви измамници и лажни фб. А од странство и да знаат ништо не можат да ти направат и да те знаат на фб :)
     
    На Nausicaa и LollySky им се допаѓа ова.
  2. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.715
    Ја отворив темава а не се изјаснив, па мислам дека редно време е да го направам тоа :)

    Однапред предупредувам дека ова ќе биде долг, за некого и досаден пост :!:

    Мене најблиска личност во животов ми е мајка ми, од неа поблизок не можам никого да чувствувам, ни пријател до мене ни па виртуелен.
    Со оглед дека јас како карактер (во реалниот свет) сум доста затворена и не многу искажувам чувства, многу последно ми е она што ми тежи и ми ја мачи душичката да го напишам одколку да го кажам.

    За лични искуства со виртуелни пријатели ќе започнам да пишувам прво од друга социјална мрежа а потоа и за форм.фемина.мк :)

    Пред одприлика 4-5 години на скајп по грешка, наместо другарка додадов некоја девојка - Турчинка која живее во Бугарија... Сеуште немав приметено дека непозната личност сум додала кога и напишав цел реферат :) Девојката ми врати на пораката на англиски, и се извинив но не знам како и зошто воопшто продолживме да пишуваме. Не испуштавме ден да не се уклучиме на скајп за да си поразговараме. Таа виртуелна комуникација траеше 3 години. После 3 години девојката со дечко и дојдоа во Македонија, онака на шетање, но ме известија дека се тука и се видовме. После таа средба уште повеќе се зближивме. Ме поканија и на нивната свадба :) Кога им се роди бебчето го донесоа во Македонија ме запознае. Дојдоа во мојот дом, го запознаа моето семејство. Станавме навистина многу блиски пријатели :)

    Прочитав низ страниве дека некои од Вас на социјална мрежа ги запознале нивните партнери.
    На дејт не сум била со некој ншто на ваков начин сум го запознала, иако пред извесен период за малку и тоа ќе беше...

    Што се однесува до форум.фемина.мк ... тука се спријателив со навистина прекрасни луѓе и сум среќна што сум дел од се ова. Луѓето за кои зборувам воглавно се оние со кои со саати пишувам на чет. Истите тие со кои навистина сакам да ја изреализираме идеата за собиранка :)

    На страна од таа дружба и заебанции, има неколку членови од форумов со кои сум навистина блиска како пријател, со кои сме си споделиле навистина интимни моменти од нашите животи, на некој начин помогнале во одредени моменти и ситуации, луѓе кои навистина сакам да ги запознаам и да ова виртуелно пријателство прерасне во реална дружба. Зборувам за три девојки и еден дечко, не би ги именувала, знам дека ќе се препознаат кога ќе го прочитаат ова.

    И за крај ќе кажам дека
    Порано не верував во виртуелно пријателство се додека не запознав личности кои ми покажаа и докажаат дека тоа е навистина можно.

    Дали може некој виртуелен пријател да ми биде поблизок од оној до мене?
    Може...
    Може да биде поблизок затоа што е пореален, нема да ти каже она што сакаш да го слушнеш за да не се навредиш или повредиш, туку ќе ти каже реалено мислење и совет, ќе ти ги отвори очите ма колку и тоа да те болело, а на тој начин и ќе ти помогне.
    Секако ни од далеку не може да се спореди со реалното пријателство односно со блискоста која ја имаме со оние до нас.

    Сепак секое пријателство си има свои предности и недостатоци. Затоа секој кој сметаме дека вреди да ни биде пријател треба да си го чуваме, цениме и почитуваме.
     
    На Dust, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Не, виртуелниот пријател не е поблизок.
    На форум никогаш не може да добиеш вистински совет, заради тоа што никој не знае како размислувате и како функционирате.
    Карактерно ве познаваам само вистинските, реалните пријатели.
    Било кој споделен љубовен проблем тука би резултирал со совет како ќе го преболиш, не контактирај со него и сл. Многу од членовите на сите форуми се прават многу силни и арогантни, како тие никогаш да не сакале некој.
    Реалноста е друга. Секој е фрагилен пред тој што го сака.
     
    На Besmrten и worrieddd им се допаѓа ова.