Емоционално изневерување е според мене. Мм као не е љубоморен, во 6 години никад за ништо нема изреагирано ама па и ја не сум дала повод мислам. Непознати не прифаќам за пријатели на фб/инста. Со познати не пишувам ако не ми се блиски другари. Еднаш имам пишано на првиот дечко, да му изразам сочувство. Се случи да штракам со него баш кога бевме излезени со мм и му кажав само дај ми 5 мин, ваква и ваква е работата и тоа беше тоа, никаков приговор. Кога он би пишувал со друга девојка, поготово бивша, би ми сметало. Кога се веривме си пишаа, она му честиташе, секако и некој бош муабет си покуцкале, тоа не ми сметаше воопшто. Ама да пишува со некоја на долги стази би ме повредило многу.
Баш заради ова пишување со девојки и жени на фб, ја прекинав 5 годишната врска со него. Да, ми смета нормално, никогаш му немав дадено повод да направи такво нешто, напротив, ама не можеше едноставно без да си додава нови девојки на фб и да си пишува со нив и тоа константно.
Изневерување не е, ама сепак повредува. Јас така додека бевме со мм во врска ми пиша бившиот и си пишувавме, беше општ муабет ама него сепак му сметаше, кога јас се ставив во таа ситуација исто и мене ми сметаше. Не е дека ќе ти се вратат чувства или нешто слично, но самото тоа што со тој/таа особа си имал минато прави нелагодно чувство кај моменталниот партнер.
Ми сметало и секогаш ќе ми смета. Не верувам дека чивек може да задржи контакт и константо да пишува со лице од спротивен пол а притоа да не избега работата од контрола. Мене ми се случи така, не бев во врска, но постојано се навраќав и пишував со личност од странство. Не многу далеку, можевме да се видиме кога ќе посакаме. Осеќав поврзаност и кога започнав врска во реалноста таа личност од виртуелната реалност си доби блок без објаснување. Можеа да поминат месеци, имаше поминато и година и нешто пак ме тераше кон тоа. Исто и него. Пак се наоѓавме некаде да пишуваме. Веќе двњ години немаме контакт и мислам дека така е најдобро и така ќе остане. Не дека јас би му пишала некогаш или би направила нешто со него, но не сакам ниту чисто пријателство да имам. Виртуелното стана веќе реално и не сакам да преминувам граници кои несвесно преминати изгледаат многу невино.
И јас ја прекинав последната врска заради додавање женски лајковање пишување бла бла И ДА МИ СМЕТА!!!Нема никогаш тоа да му го дозволам на маж/дечко!! Не дозволувам вака некој да ме понижува