Висока сум 169 цм и ќе бев позадоволна од висината да немав 13 години.Оваа висина од околу 170 цм според мене е идеална,ама на оваа возраст ми е многу некако. Како и да е,кога ќе помислам дека нема уште многу да растам,се смирувам.
Стварно неможам да сфатам какви се овие глупости со висината. Па јас имам 160цм и сум презадоволна, никој не ми ни спомнал дека сум ниска.. всушност никогаш и не сум помислила на тоа. А вие за кај се токмите да бидите повисоки? Црна Гора ке се мажите? .. па во глобала ние си имаме ниски мажиња овде.. Да неможеш ни штикла ни ништо да облечеш.. дури и јас коа ке облечам штикли повисока сум од повекето машки.
Јас сум 160 цм, и сметам дека е нормално за мојава возраст Во последно време почнав повеќе да растам, најверојатно од кошарката, и поради тоа што сум во пубертет Се мислам како ќе облечам јас штикли за полуматура, сите машки се пониски од мене
Висока сум 157, имам 16...И сега што да правам?Ако се замараш и мислиш на тоа ништо нема да смениш.Измислени се штикли, што ти е гајле.А плус има и ниси типови ако тоа те интересира.
155 ми е висината и воопшто не ми влијае врз самодовербата. А и воопшто тоа не би требало. Сите другарки се повисоки од мене, но тоа ни малку не ми пречи. Имам самодоверба и се сакам и почитувам себе си. И онака привлечноста не зависи од висината. Можеби таа само надополнува, но кога човек има харизма и убавина.... Некои се жалат дека се многу високи, некои не сакале да се толку ниски, бла бла блаа... Со колку само небитни работи се занимаваме.
Многу ми опаѓа самодовербата кога ќе се најдам во друштво на други девојчиња кои се повисоки од мене. Висока сум околу 162-164цм., ама сепак сметам дека сум доста ниска и искрено многу од работие кога купувам викам: „Ова нема шанси да ми стои убаво, ниска сум“ ... :/
165цм сум висока и имам 50 кила и мислам дека сум многу висока за мојата возраст и имам само една другарка што е повисока од мене,другите сите се пониски и глупо ми е шо треба да ги гледам со главата надолу а тие мене,како џин да гледаат
мислам дека си премногу критична спрема себе.165 см не се ништо, ниту претерано но ти мислиш дека си премногу висока од причина што си слаба имас 50 кг и ког асе гледаш мислиш кој знае каква си....пробај да си накачишнекое кг и ок ке бидес ке бидес задоволна од себе верувај ми,, знаеш ли колку девојки ја сакаат таа висина .....ако сакаш прифатиго мојот совет и здебелисе малку и ке бидеш екстра згодна....јас имам 170 см висина и 65 кг....јас кога имав 18 години мислев како тебе ама прифатисе таква каква сто си.....бидиси друго здрава и ич да не се грижишза висината ок ти е....................
Таман си , ич да не се секираш ниту да ја мислиш Ехх колку копнеам да стигнам до 50 ката, а со висината околу 160/1 сум Според мене за тежината, таа е идеална висина. А и не ги слушај другите, може и ти љубоморат, зашто најискрено таа висина и тежина секоја девојка би ја посакала
^ Зависи, јас мислам дека тоа сепак е индивидуално. На пример, јас растев континуирано до кај трета-четврта година средно, а имам другарки кои си останаа исти уште во седмо-осмо одделение.
Јас имам 12 и сум 161 мислам дека е нормално имам добиено и од тогаш не растам ама ќе видиме ако не колку сум толку сум токму сум има штикли
Супер си ти јас сум 152 ама не е многу голема разлика со другарките така да воопшто не ми е срам,интересно ми е
Иако не сум висока, никогаш тоа не ми претставуваше проблем. Секогаш татко ми велеше да не ги осудуваме луѓето според изгледот, тој секогаш лаже. Не треба да си висок/а за да си убав/а. На сите им се има случено да им се допадне многу привлечна личност, но кога ќе ја запознаат, заклучуваат дека всушност е грда. Никој не е совршен, а и не би било интересно да сме сите исти, "совршени". Секоја личност си е посебна и убава на свој начин.
Јас сум висока 162/163.. Порано имав некој си комплекс како не сум доволно висока, бла бла ама сега веќе не. Си се сакам таква како што сум, со оваа висина, со оваа тежина( добро, сеа претерав сакам да сум 50кг а моментално имам 54) и убаво ми е.. Не би се жалела и да сум малку повисока ама не се жалам ни вака.. Мислам дека е убаво што сме сите различни, вкусовите се разликуваат нели? Поважно е кога девојката ќе се чувствува самоуверено и секси, тогаш и со 155 ќе може да освојува.. Не е битна амбалажата, битен е квалитетот!
Не би требало да имаме големи комплекси за нашата височина еве јас сум 177 и сеуште се извишувам малку по малку, штикли не ми ни доаѓаат во обзир, само балетанчиња за мене.. сите ги гледам така „одозгора“ и не ми е пријатно кога одам со другарките а они 170 или пониски.. али ете шо ке праиш тоа е..
Се извишив 164 цм, но стојам на 43 кг. Имам самодоверба, од околината кај што ги нема искомплексираните. Мислам дека и не ми е важна убавината до толку, повеќе ми е до забавата.