Слични карактеристики како Papiilon.Papi имам и јас.Висока сум 162 см,а тежина 44 кг.Самодовербата никогаш не ми била слаба страна,поради висината(ниска).Напротив, ретко носам обувки со висока потпетица,бидејќи не се чувствувам удобно.Мислам дека потребно е да постојат различности за секој да си ја пронајде другата половина.Не секој сака високи или ниски.Ама затоа пак дечко ми е висок 180 см.Не сакав висок,ама се случи
Висока сум 160-165 не знам точно колку. Не би ми пречело да сум некој сантим повисока, ама сеедно ми е. Намалена самодоверба? Не ми влијае тоа воопшто на самодовербата. Сум имала дечко од 192, се губев во негова прегратка и баш ми беше убаво. Дури и штикли кога ќе облечев од 12см, беше речиси една глава повисок. Никогаш не ми претставувало проблем што сум толку висока.
Само 145 сум висока, па што? Најниска сум во клас и затоа физичкото ми е проблем. Но јас едноставно не се замарам. Штикли не долази у обзир да. облечам. Си имам голема самодоверба и не се грижам за тоа што другите ми велат. Не можам тоа да го сменам, но глупо е кога ќе ги видам сите две глави повисоки од мене. Сепак глава високо и не ми е гајле за другите
Поради висината имав доста комплекси и се срамев од себеси но сега воопшто не е така. Се прифатив себеси и си се сакам ваква. И Ноне е ниска но е многу симпатична и позитивна.
Имам 14 години 9то сум напунив во Ноември,и сега висока сум околу 158cm Мајка ми е 163cm а татко ми 178cm мали луѓе се моиве Имам ли шанси да стигнам бар колку мајка ми? Секој ден се тегнам вака: значи рацете високо ги кревам,се кревам на прсти и така. Ќе легнам во кревет и се тегнам,си рипам во вис по дома цело време Дури и господ го молам најсериозно,секоја вечер. Ме интересира дали имам шанси? Една моја другарка сега ќе полни 14 овој месец и наеднаш се извиши 165 е ама наеднаш,а другите се некој 2-3cm повисоки од мене. Битно последна сум на физичко. Баааарем колку мајка ми и ако може нешто повеќе Што викате? Ќе може? Имам шанси? Само да не останам мала
Само 2 другарки се повисоки од мене.Не се замарам за вистината, повисока сум од 99% од другарките ама не ми ја намалува тоа самодовербата.Напротив они си набиваат комплекси иако нема зошто.
Висока сум 173 см., куп луѓе (претежно машки) ми имаат кажано дека како за женско сум била висока, мајка ми постојано ми вели дека сум ниска (а иронијата е во тоа што таа е негде 162-3 см.) - и ич не ми е гајле за ничие мислење. Порано си се комплексирав оти сум била ниска, ама таман ми е, си носам и високи штикли без да обрнам внимание дали ќе нарушам нечие машко его оти сум го гледала "одозгора" (оти тој не пораснал та јас да се смалувам ). Обувките си се мој избор за моја лична сатисфакција и не ми треба ничие одобрение за да ги носам, а за самата висина немам што да сторам, па и затоа не се замарам.
Леле, слично искуство е и моето. Само мене не ми вика мајка ми така, туку од некоја "другарка" со мене на играорна што беше. И јас сум 172-3 цм висока. А таа дали 155 е висока, а мене ми вика кепец. Ама не ми е гајле. Има периоди кога сакам да сум повисока, ама мајка природа толку ме дала и се помирив со тоа.
јас едно време многу се замарав заради тоа што сум ниска, и сега си викам будала сум била, веќе не се замарам, господ ми одредил до колку да бидам висока и ми дал други атрибути со кој можам да се гордеам.
И јас сум околу 173 и кога ќе облечиме штикли значи 180 ами ако се повисоки штиклите ехее значи идеална висина е оваа за девојки. Можеш слободно и штикла и патики и во се да изгледаш таман.
Самодовербата се гради уште додека сме мали, многу зависи како нашите родители ќе не мотивираат или демотивираат да ја стекнеме или да ни набијат комплекси. Немањето самодоверба е комплексен проблем кој ако не се одрази на едно ќе се одрази на друго. Не мора да значи дека ако сте високи дека сите проблми со самодовербата ќе ги решите, вашата потсвес ќе си најде друга причина за да не бидете задоволни од себе, вишок килограми, мали грди, рамни табани.... Немањето самодоверба е пред се психолошки проблем кој не секогаш има реална основа за негово постоење, пример имате луге со џуџест раст полни со самодоверба а луге со просечен раст кои умислиле дека не се доволно високи кои се исфрустрирани и искомплексирани до максимум. За да стекнете поголема самодоверба барем што се однесува до физичкиот изглед, себеси треба да се доживувате како посебна и уникатна а не да се споредувате со другите, да се обидете да себеси максимално се валоризирате и да ги претворите своите „мани’ во своја посебност и уникатност.
Токму така. Си знам по себе. Цел живот се замарав со комплекси, де не сум била доволно висока, де сум имала големи гради, де сум имала голем задник, де не сум била слаба ко прачка, де не ми биле рамни забите, итн., итн. Не дека сега се ми е сјајно, мислам дека не е ни можно да живееш без тотално ништо да не ти пречи во врска со личниот изглед, ама со текот на годините се учи дека љубовта и прифаќањето кон себе е најважно. Ако јас се прифатам себе си, и во очите на другите ќе имам поголема самодоверба и ќе бидам полесно и подобро прифатена.
Просечна висина имам, барем за нашево поднебје, ама отсекогаш повеќе ми се допаѓале ниски жени. Посекси безброј пати. Така што, вие што сте пониски, за какви комплекси зборувате, не се будалете
Висока сум околу 152cm и не мислам дека тоа ми влијае на самодовербата, но сепак. Многу сум ниска и сакам да пораснам да стигнам бар до 160cm, но во последните 3 години не пораснав ни 2cm и тоа ме загрижува. Од дома постојано ми викаат дека не сум јадела доволно и затоа. Но не знам дали тоа има врска. Некои велат дека сеуште има време да пораснам но сите мои врсници се извишија и мислам ако до сега не сум се извишила и јас сигурно ке си останам ваква
Висока сум околу 180,182cm. Еве јас имам висока самодоверба, но ете не можам да носам штикли. Сум пробала но немам стабилност, не е штикла за мене.
^Ние тогаш паметни се правевме, најзгодни за Сашка да бидеме. Бог знае како сме се вратиле уште со штикли на нозе. Неможам јас повеќе да носам штикли од тогаш, нозете ме болат до тој степен што е неиздржливо. А за висина @Crna Dama супер си. Ниту имаме намалена самодоверба ниту се секираме за мислењата на другите.
Јас не сум ниска, ама се чувствувам лошо и непријатно кога покрај мене стојат многу високи луѓе, како мажи од 1.90 или 2.00 метри. Сакам со луѓето да бидам на рамно
хахахахх следен пат па ке опнеме штикла за саша ама ниска брат па тогаш да видиш дали ке осетиме болка од штикла или ке рипаме со се нив а иначе висините ни се супер