Висока сум околу 1.73. Штикли облеков два пати во животот и не сум со план да облечам пак Не се за мене, едноставно. Дечко ми е за нијанса понизок од мене.. уствари може и исти сме во висина, само јас сум покрупна па така изгледа. Не ми смета тоа воопшто, се навикнав, си се сакам јас ваква и го сакам него таков. Повисока сум од другарките и некако од секогаш гордост ми било Мајка ми пак е висока 1.60 одвај. Цел живот пека зошто не била повисока, ама мене ми е супeр таква каква што е. Татко ми пак беше висок 1.85 и не му беше проблем тоа што жена му е две глави пониска. Самото тоа што постојат различни вкусови кај луѓето е знак дека нема простор за паника. Колку и да сте високи - таман сте, на некого такви му се допаѓате
Јас мислев подранив на 9 и пол шо добив Јас неколку сантими сум повисока, незабележително ама некако се помирив низ годините. Особено ми сметаше средно, имав комплекс и уште некои ме викаат "малото", "детето". Бившиот кој беше скоро, ако не и преку 2 метра, комотно ми се потпираше на гла. Ама и покрај то штикли не клавам, во последно воопштп не ми смета (а ќе лажам ако речам дека не се радвам на секоја рутинска контрола ако сум пораснала сантиметар).
bidi srekjna kuklo, jas duri i tvoite 162cm gi nemam pa big deal. porano mi beshe mnogu golem kompleks ama sega vishe ne.. pa shto ako sme niski? malite lugje imaat golemi srca pozzz
Што е со висината деновиве и темите за високи, ниски, самодоверба, а у. Најбитно е човек да си се прифати самиот себе таков каков што е. Самодовербата не е производ на висина, тежина, изглед, туку се појавува како позитивен исход од себе-прифаќањето. Јас најмногу пораснав откако добив, можеби уште десетина-петнаесет сантиметри, така да, мислам дека нема логика во тоа дека девојките стагнираат со растот откако ќе ја добијат првата менструација.
Преку глава ми е од темиве за висина како којзнае колку треба како жирафа да биде едно женско-Не е ни потребно премногу висина! Ѓабе ако нема убави цри по телоо убава форма ѓабе е висина пак ситна и ниска ќе изгледа ако нема убави раменици деколте и нога ако нема убава,ако се прачки ѓабе е пак ситна ќе.гледа не.приметлива.Значи треба нешто впечатливо привлечно да се има по телото а не едноставно и ко стап исушен.И доста си.мавате комплекси од тоа дека не сте убави.Си се измачувате си ја намалувате смодовербата аа зошто?!!! За ништо!! Всушност кига ќе видите нема зошто.Прифатетеси се такви какви што се и онака сте си симпатични, зошто на секому и не му прилега толку висина.И многу ми одат на нерви луѓе кои намерно потценуваат некого само за да му ја снижат самодпвербата( па тоа е болест,депресија) и ке си мислите колку сте грди па ќе се собирате во себе,ќе се срамите самите од себе каде и да одите ќе бидете со намлена самодоверба а всушност не сте свесни дека вредите ради некој си таму што всушност нема поим од животот,неписмен Да не потпаѓате на таквии интриги!
Стап исушен? Прачки? Кажуваш дека не треба да се има комплекси заради висината, а од друга страна навреди летаат за тие што се слаби. Ние шо сме природно слаби (и високи) треба да си ја лупаме главата од ѕид дека сме послаби отколку што треба? Глупости се изначитав. Инаку, висока сум 173cm со 54kg. Пробував да дојдам до 58kg, ама кога не бидува, не бидува. Не можам јас секој ден да се прејадувам до степен да ми се повраќа. И така ги симнувам тие килограми што сум ги качила со прејадување, за помалку од три дена. Со висината сум презадоволна, иако сум слаба.
Ти ако читаш појасно јас кажував поточно за девојките со облини да не им паѓа самодовербата бидејќи често се наречени "дебели" а тоа не е точно!Поточно овде се зборува дека обратно си ја лупаат главата тие што не биле високи па јас во нивна позитива им напишав.Ма да и нема потреба тие се совршени према мене,таман си се.И ако убаво читаш убаво имам појаснето се се совпаѓа едно со друго во мојо состав и не туку ми цитирај всусшност ти глупости.
Сите читаме појасно, за да им дадеш као подршка на "дебелите" ги изнавреѓа слабите и високите девојки од тука до месечината и назад. И да навреда е за слабите, високите тоа жирафи, прачки, стапови... Инаку задоволна сум од висината 178/9 од тежината не толку 54 може и некое кило плус.
Дебелиии??? Зар јас зборував за вистински дебелии???Свашта!Знаеш ли ти колкав комплекс е да биде девојка на правина навредувана и како може.да се оболи за НИШТО? Не е дебела но бидејќи имала нешто плус на тело(задник,добра нога) е вака од ваша страна ќе биде дебела наречена! Цело време тоа сакам да го кажам и башка плус мотивација од мене имаат дека се совршени!
Охрабрување за едната страна со обезхрабрување на другата страна е навредливо. @LadyInTheDark Да, секоја треба да биди задоволна од своето тело и да работи на него доколку не е целосно задоволна. Некоја сака облични, некоја неможи да ги има. Некоја сака да скрати многу кила, друга сака да качи или пак е задоволна со себе. Секој со својот проблем, но вистина, изразите кои ги користеше не се соодветни. Да не бидам оф топик. Јас сум не прениска, ама за се да дофатам морам да потскокнувам или да се качвам. Висината ми е 159, и упорно се тегнам надевајќи се дека првата бројка ќе ми се смени. Дур растев средно ми сметаше, сега не ми смета воопшто. Сум само не повеќе од десет сантиметри пониска од дечко ми (бар така ми личи, хм), и тој не е највисок па откако сум со него не се познава дека сепак си сум нискичка.
Па нека си ја имаат немам ништо против,јас не бев ко кретно настроена за нив да судам вака така,посебно за девојките со облини кажував а тоа чкорки така ми дојде на врв на јазик што не ни приметив.Ако е за тоа и јас спаѓам во високите не сум премногу висока но не сум ниска,башка и ми прилега толку висина имам и облини во нормала. А и да,лично ќе ви кажам кога бев негде 14 години одеднаш извисив но бев мн слаба и од лично искуство ви кажувам дека не се бендисував немав што да покажам ни задник ништо.Значи нема врска тоа што сега имам задник и дека намерно така зборам,туку одсекогаш сакав да изгледам точно сега како што сум.Височка,слаба сум се ама имам средна нога ни дебела ни слаба туку таман башка и теретана посетувам редовно што ми се затегнати и задник имам голем(наследно) и деколте исполнето (тоа над градите рамењата) но се ми е наследно особено задникот и нозете,и гради нормални затегнати кренати,а колкови раширени немам,малку нормално.Само тогаш што сум била недоразвиена мала.Вака најмногу си се о ожавам што сум видна,приметлива...Инаку ѓабе израснав одеднаш висока кога бев неприметлива многу слаба,па дури и мене братучед ми ме зафркаваше стап што.не не ми викаше па не се лутам.
Блазеси ви девојки вие што имате над 170 сантиметри. Што да кажам јас со просечни 164 сантиметри, ахх барем да имав 168 немаше да се бунам. Ништо друго не барам за изгледот, само 5-10 сантиметри Од секогаш сакав да бидам висока, но не ми се исполни.
Мм е низок и никогаш немал проблем со самодовербата поради тоа. Напротив. Се е до умот и како ние ги гледаме и доживуваме работиме. И јас сум ниска исто колку него и одбегнувам високи чевли баш поради него, но тоа не му прече воопшто.Не му е ни гајле дали сум за некој см. повисока од него.
Јас би рекла да не си набивате комплекси поради висината. Всушност, за ништо не треба да си набивате комплекси. Ако се прифатите какви што сте, се' ће биде полесно понатаму. Тоа важи за сите, без оглед на висината, градбата на телото итн.
Devojkii ne ja gubete samodoverbata zaradi toa eve i jas sum visoka 165 i ne se racunam za niska. Imam ubava gradba i izgledam povisoko, na ulica mnogu zeni se poniski od mene pa sto im fali imaat dve noze, dve race, dve oci. I maski ima isto kolku mene visoki.
Јас ја губам мојата самодоверба секојпат кога ќе се погледнам во огледало или пак кога ќе ги видам моите другарки кои навистина се убави. Највеќе од се што мразам од мене од моето тело е мојот нос и премногу сум разочарана бидејки мислам дека носот го прави комплетниот изглед на едно женско бидејки јас имам убави очи, убави усни, убава коса и убаво тело а и имам височина но фокусот секогаш ми паѓа на мојот нос кој го расипува мојот изглед и мислам дека секој што ќе ме види прво го забележува мојот нос и потоа не му е важно за мојата кадрава коса или моето убаво тело. Ете поради јас воопшто и немам самодоверба или пак ја губам за многу кратко време. Што ќе ми е мене висината кога моето лице е лом??
@Sar-Ste секој си е убав на свој начин. И самата кажа дека имаш убави црти, згодна си, висока. Мислиш дека сите тие квалитети пропаѓаат во вода само поради носот? Пробај да се гледаш со поинакви очи. Сигурно другите воопшто не го забележуваат големиот нос.