Јас сум 1.74 и за мене е добро,но кога носам високи потпетици дечко ми се буни ми вели треба помала да бидеш од мене а не како мене,а инаку тој е висок 1.85 .Не ми претставува комплекс висината и не се замарам воопшто со тоа.
Порано, некаде во 5-6 одделение имав комплекс заради висината. Ми се потсмевнуваа затоа што сум била ниска, а јас тоа си го земав за срце и често знаев да се расплачам. Сега не дека сум нешто премногу извишена, само 159 сум висока, но сега сфатив дека не е важно колку си висок туку тоа што го поседуваш внатре во себе. Сега кога некој ќе каже дека сум ниска, јас тоа гордо го прифаќам, и понекогаш знам да направам шега на моја сметка.
Јас сум 158 ....А мо=да ке пораснам уште 2 цм и ништо повеке......ама тоа не ми е некој огромен проблем иако малце ми смета....имам работи што повеке ми влијаат на самодовербата
Јас сум дефинитивно над просекот Висока сум 182... си ја сакам висината и си го сакам телото со доооолгите нозе.Но тоа не е така одсекогаш, кога бев мала имав комплекси зашто бев многу висока и многу слаба.Никогаш не поминувам незабележана каде и да одам, а право да ви кажам за викенди си носам и попетици па станувам 190 баш ми е интересно, сите ги гледам од високо... Но кога би можела да бирам искрено би сакала да сум пониска барем 5-6 сантима, но се е до гените... Цела фамилија сме високи, но јас од женските највисока
можеби сум илиниска сум споредено со другите на моја возраст 167 но немам комплекс и горда сум на тоа. затоа што ммногу невкусно делуваат ниск луѓе кои имаат комплекс. високите ако се премногу слаби - неубаво изгледаат ниските ако имаат комплекс т.е се нервираат дека се ниски - неубаво ке дејствуваат на другите високите знаат да бидат убави ако се со средна дебелина и ги нагласуваат нозете ниските знаат да бидат убави ако се облекуваат слатко и детско, нежно и внимателно не е важна личноста ако знае да се направи или третира, тогаш е убава и во очите на другите но треба да има и многу многу карактер било каква да е.
Леле ! Блазе тебеее !! Јас сум 177 ама сакам уште 3 ! Збесната сум. И и мене баш ми е убаво кога ги гледам сите од високо и тоа што рече дека не поминуваш незабележана а и гордост ми е кога некој ќе речи "ааа високата" Дај ми Боже уште 3 цм !!!!
хммм...јас сум 180см и не се жалам многу, ама понекогаш кога носам штикли се осеќам како бандера најмногу користи висината кога сум во некоја гужва...секогаш дишам чист воздух.
и јас сум ниска и воопшто не ми смета на самодоверба,напротив ја имам и повеќе од доволно. Вистинската личност плени со харизма,а не со изглед
Комплексите се зезната работа.Штета што луѓето се оптоваруваат со такви работи дали си плус минус некој сантиметар аман,природа е,гени се . Битно е да бидеш човек,џабе е целата физичка убавина на овој свет ако душата ти е затруена,е од тоа треба да се плашиш а не од недостатокот на некој сантиметар. И на крајот на краиштата ако си ниска,тогаш има нешто друго што те истакнува повеќе и те прави убава на свој начин.Според мене висината е далеку од мерило за нечија убавина
Убавината е во срцето а не во физичкиот изглед-тоа само површно е 165 сум си висока и не викам дека сакам ни повисока ни пониска да сум таква сум каква што сум и си сесакам подобро 10 луѓе околу тебе да те сакаат поради карактерот отколку 500 поради изгледот ...
Луѓе вие се жалите затоа што сте високи 160 цм?А јас? Леле висока сум 178 цм и верувајте тоа мене ми претставува голем проблем..неможам да носам штикли затоа што сум највисока од сите а башка тоа и од мојот дечко сум повисока..па размислете..немојте да си создавате комплекси, затоа што кога би биле на мое место не би ви било сеедно..имам 17 години и сеуште немам облечено штикли затоа што се срамам
Самодовербата е најбитна Од сите другарки сум една глава повисока и порано многу се нервирав поради тоа...Јас сум висока 175..Значи прилично височка Некои што ми љубоморат на тело и висина ми викаат жирафа...Не ги ставам ни на крај памет...Имам убаво тело,добра висина и не се замарам..А и таман сум со дечко ми Воопшто не ми е гајле за другите што мислат каква сум на штикли...За излегување сум редовно во штикли,уште повисока и појака..Туф ама си се преценив
Ја имам истата висина и истата воздраст но го немам истиот проблем, баш напротив сакам да сум повисока(поточно 185 ).Ама сега толку израстив,здравје..... Не би требало висината да е поврзана со самодовербата. Да, постојат луѓе кои си набиваат комплекси дека се премногу високи или пре ниски. Секој треба да се сака и прифаќа онаков каков што, за го сакаат и да прифатат другите.
јас не сум ти некоја висока девојка средна сум и немам баш комплекс околу тоа,на фак. сум нон стоп со една колешка која е две глави повисока од мене но не ја губам смодовербата кога сум со неа па да се чувствувам како џуџе.....самодовербата плус ми се зголемува кога сум си топ средена и добро облечена...тогаш и да сум најниска мојата смодоверба ми е на ниво,не патам од тоа дали сум ниска или висока.....
Имам дури и преголема самодоверба кога станува збор за изгледот. Иако сум мала 157,8 воопшто не ми пречи. Имам таков од што каде и да поминам не останувам незабележана. Може звучи не скромно, но така е.
Со исправено држење може да се постигне некој сантим плус Би можела да се обидеш со пилатес, во секој случај нема да ти шкоди