Мене самодовербата со висината повеќе ми иде кај мажите.Мала жена ми е слатка,али мушкарац ко ќепе, што не иде ,не иде Некако побитно ми е држењето на телото и она што го носи на себе да знае да го носи,па и да е мала нема да остане незабележана.Во спротивно и висината е залудна ако е згрбавена и пресвиткана во неколку краеви. Лично јас ги сакам жените со средна висина, кај кои штикла од некои 10тина сантиметри ми го дава баш посакуваниот ефект.
И јас мислам слично....јас сум средно висока па што,многу девојчиња можат да ја корегираат висината со високи потпетици,барем за нас има чаре ама за мушко не незнам зошто ама ми остава впечаток дека високите девојки зрачат со самодоверба тоа им се гледа од самото држење на телото...би сакала и јас бар уште 5цм,ама нема сепак не ми е комплекс,165 сум Инаку мушко малечко бе никако не ми иде,ама никако ,не можам да погледнам такво смешно ми е
Висока сум 194 цм, не ретко се на тоа гледам како на хендикепт бидејки ми го ограничува изборот на потенцијални додворувачи Си помислувам дека на пониските девојки им е полесно да си фатат дечко, затоа што на машките не им смета девојката да биде пониска од нив.Додека мене ми смета да имам понизок дечко, а и сакам да си облечам штикла, и нештата притоа стануваат грди кога мораш да се наведнеш за да го бакнеш дечкото. Или како што ми рече еден бивши- Слези доле , да вечераме ( демкек сум била дигната ) Самодоверба имам на килограми, но мислам дека висината и не игра голема улога во тоа, има други фактори кој влијаат на самодовербата.
И јас сум висока, и порано ко помала имав комплекси заради тоа. Едноставно, стрчев од друштвото и се нервирав, па скоро секогаш бев на ниско. Сега, ко повозрасна носам високо за излегување, и за секој ден пак сум на штикли, ама така нормални од 5-6 см. А што се однесува до дечковците, навистина проблем е треба да гледаш само високи ахххх а некогаш има толку слатки ниски карамелчиња
јас сум висока само 165 цм. и би сакала да сум барем уште некој сантим повисока, од другарките сум најниска вообичаено, иначе не ми е тоа некој комплекс понекогаш носам повисоки штикли за излегување а во поглед на дечковците мене ниските ми се поубави барем во тој поглед имам срека
Јас сум висока 160см, но тоа воопшто не ми претставува проблем, ниту па имам комплекс што сум ниска... И не носам често штикли, повеќе сум си во патичиња, на ниско и баш ми е супер.
Девојки, Наполеон Бонапарта бил некаде 160 цм па ја освоил цела Европа,Мерилин Монро мислам исто толку , па и ден денес важи за најголем секс симбол и толку години по нејзината смрт,Том Круз е метро и жилет, а е синоним за привлечен маж,вакви примери има безброј,никогаш немојте да имате комплекси поради висината.Јас сум 162 отприлика и ама баш ич не се замарам,можам да имам и високи и ниски дечковци ,а имам другарки што се високи па се жалат кога ќе им се засвиѓа некој понизок од нив И не заборавајте,најубавите парфеми се чуваат во мали шишенца
Мене висината воопшто не ми влијае на самодовербата.Висока сум 1.64 некаде,не се сметам за премногу ниска ниту пак сум висока.Постојано носам штикли,но не поради висината туку затоа што ги обожавам,но и кога сум во патики што и не е така ретко,си се чувствувам преубаво и не се случило никогаш да ми претставува комплекс што немам манекенска висина.А плус тоа и пониските девојки полесно можат да си најдат дечковци Имам другарка која е висока околу 1.76 па имаше доста проблеми при бирањето на дечко а и дека во средно беше многу слаба,кога ќе облечеше штикли (ги носеше само моите за по дома) често ја зезав велејќи дека имам топола во собата
Се гордеам што сум висока,иако и не сум толку многу,175см.Е сега,кога ќе се качам на штикли (особено ако се 12,зошто не носам пониско од 8 се осеќам како џин,а околу мене луѓево ги гледам како џуџиња Баш пред некој ден си купив чевли со 12 штикла и кога се видов дури се исплашив се видов како премногу да сум висока и сакав да ги скратам...но се предомислив.А за дечко...па не е проблем,се наоѓа (1:100)
мислам дека да висината влијае врз самодовербата според мене висока сум 173 носам и штикла салам и се чуствувам прекрасно морам да признам си ја сакам висината
јас сумк 167 кога бев помала и бев слаба се плашев да не станам мн висока и некој ако преминеше преку мене да ме пречекори (нели велат дека нема да си растела мн ако не те отчекори пак да помине преку тебе) јас не му дозволував да ме отчекори им велев нека е добро е нема да растам мн.... мислам дека ми е доволно таа висина ако би било добро усте 3 см да имам ама тоа е
Со мојата висина рушам само една самодоверба и тоа онаа на машките . 180че + 12че штикличе, птичја перспектива на 90% од луѓето хаха. Порано имав многу комплекси и одев изгрбавено, бидејќи ми беше непријатно. Се додека една девојка не ми рече-“Ја имаш привилегијата да бидеш висока. Ретки сме. Затоа носи ја висината со гордост!“ Сега, немам гајле! Да можам највисоките штикли ќе ги облечам хаха. Другарка ми ми вика, на таа висина и линија и вреќа да облечеш ќе изгледа како тренди, дизајнерско парче. Понекогаш изгледа смешно кога сум излезена со пониски другарки, но тоа е тоа....комплекс, повеќе немам
^ И јас како ФБИ имав комплекс ама порано. Сега сум горда што сум висока 180че. Најмногу се нервирав во врска со висината во основно и почетоците на средно. Бев највисока од женските отсекогаш, ме викаа жирафа, многу плачев и се нервирав за тоа, одев подгрбавено, несакав да сум висока и да мора да ми купува мајка ми гардероба од возрасни а другите купуваат од детско. Ама со полнолетството некаде сватив дека сум будалче што се срамам од висината. Сега ако ме прашаш што најмногу сакам кај мене ќе ти кажам висината и долгите прави нозе Си носам и штикли и по 190 сум со нив, и не се замарам, уживам да гледам во високо. Малку е напорно кога излегувам со ниски другарки, ама си се качуваат на повисоко Проблем со дечковци никогаш не сум имала. Па најубавите се највисоките Може тоа е така зашто не ги ни приметувам ниските. Висината ми дава позитивна самодоверба!
Тоа е тој период кога сите сфаќаме дека она што го имаме, всуштност и не е толку лошо. Отсекогаш сум им се восхитувала на високи девојки, кога ќе извадат нога ко газела, секогаш сум останувала со подзината уста. Мх, мх, мх... Јас сум скромни 163 сантиметри, ама на штикли добивам уште некое десетче плус. Задоволна сум од висината, но најмногу сум задоволна од тоа што сум пропорционална. Плус си се тешам дека имам поголем избор на мажи од оние што се високи.
Како беше она, најубавите парфеми доаѓаат во мали шишенца Па, дали си висок, низок, дебел, слаб, имаш супер тело, на лицето ти излегле две три мозолчиња, очите ти се сини, кафени, шарени... се тоа е само прв впечаток за пред публика, а ако сакаш публиката да те сака и да те вика на бис, тогаш битни се многу други работи, кои згора на се и ваши скриени тајни тоа ќе му дојде како тајното ви оружје пред совршените газели прекрасни за око, НООООО!!! без тајното оружје Ова без тајно оружје го напоменувам, бидејќи во денешно време, секако има секакви девојки и за жал не важи веќе правилото дека убавината и паметот не идат заедно, а тоа ме страши тоа, тоа, тоа хахах ( мала шала ), а не висината моја, т.е висината што ми недостига .
Одсекогаш бев највисока од сите другарки и другари тоа ми ја намалуваше самодоверба,но сега во средно многу си ја сакам висината,висока сум околку 173 и супер ми е,само си имам проблем со машките секогаш се на моја висина и затоа штикли неможам да си носам...
абе не е добро многу да си висока,а за ниските има утеха -штиклите,а бисока уште да облече штикли што ќе биде тоа -жирафа
висока сум 164, и немам комплес за висината (како помала сакав уште малку да пораснам, и ете пораснав) мислам дека за женско сум си таман (најскапите парфеми се чуваат во мали шишенца а исто така и отровот)