Јас сум висока 1,71 и таман ми е Си носам високи штикли, просто ги обожувам.. Комплекси немам ниту висината влијае на мојата самодоверба.. Се си има свои предности и маани.. Важен е карактерот
А јас на 13 години ја имав истата висина И сите ме правеа кула мајка ми пак ми вели ти на 180 ќе си и еве ме после 5 години со скромни 178. А баш планирав повеќе да растам
1.74 и баш ми одговара со тежината...не сум она претерано слаба... А за самодовербата..хмм..па се двоев од другарките(во висина) и ми беше малку незгодно, ама па сеа кога ќе видиш дека високите женски се по впечатливи (без навреда ве молам), се чувствувам многу подобро..а моите пониски другарки.....паа они сега се би дале да ја имаат мојата висина ее колце е се врти...кога ми беше мене незгодно што бев повисока сите други си се прчеа со својата "нискост" е па сеа мене ми е редот да се "Прчам" со висината ве молам не сакам да навредам некоја пониска девојка...сакам само да кажам како ми беше кога се двоев од моите пониски другарки кои секогаш ми викаа лееелее највисока си, леееелеее колкава си, лееелее па уште штикли кога ке облечеш..хахахах а сеа се би дале да се високи како мене
висока сум 1.60 не е дека не сакам да бидам повисока ама со високи потпетиици го добивам тоа што го сакам
Уф висока сум 1.80 (може и повише) и имам голема самодоверба. Носам и високи штикли, висината не ме попречува, така уште повеќе си ја истакнувам фигурата. Висинава не би ја променила за ништо на светов
Висока сум околу 1.65 см. Не би било лошо да пораснам уште едно десеттина см. Немам комплекси во врска со висината. Во класот сум втора по висина од женските. А богами, не сум којзнае колку висока. Една феминка спомна: Ниските девојки кога ќе облечат балетанки или патики се слатки и нежни, а кога ќе облечат штикли се диви. Но, високите девојки кога ќе облечат штикли се подиви И ниските се убави и слатки, но долгите нозе на високите се ќејф за гледање. (и за женски, не само за машки) Е така. Спојлер Се надевам никого не навредив со ова мислење, без разлика дали е висок или низок. Сите сме убави.
Јас сум отприлика 175цм. висока, но ова се мерев пред некоја година. Порано имав проблем, бидејќи ми се потсмеваа дека сум била многу висока и тешко ми беше тогаш, но сега гајле немам. Некои велат на високи девојки не требало да облекуваат високи штикли, како не. Обично и ме нервираа коментарите кои ги добивав од типот: Многу си висока, па како зет ќе најдеме. Туку тоа и високи и ниски девојки, сите си се посебни на свој начин.
Вчера се мерев - 163 цм. Ептен се израдував,бааѓи сум пораснала од лани. Мајка ми е 160 цм,тато 170...јас - средна. Баш ми е убаво,не сакам повеќе да растам Од секогаш сум сакала пониски девојчиња,послатки ми биле,што знам. Сепак,секој си е убав на различен начин,висината нема некоја голема улога сепак
женски, дај кажете ако знаете некој пример кај што некој има пораснато после 17 години, да ме утешите -) знам дека висината не треба да ми влијае врз самодовербата, НО што да правам кога не се чувствувам убаво на оваа висина, кога сум на штикли е веќе нешто друго но немам намера да бидам на штикли повеќе од еднаш неделно или сл... Висока сум 163цм што не е толку застрашувачи ама едноставно воопшто не можам да се чувствувам исполнето со оваа висина ( можеби затоа што сум најниска во друштво? )
Шакира, јас сум 154см. Кајли и Мадона се толкави. Самата Шакира е мислам пониска и од мене. После 17 години не верувам никој да е нагло пораснал, ама самодовербата може да ти порасне и да се чувствуваш исполнето.
Немам потреба од коментирање на темава, и дефитивно се препознав во Многу си висока, па како зет ќе најдеме.
Јас сум ниска (едвај 160 см ) но не би рекла дека тоа ми е некаков комплекс и не ми влијае врз самодовербата! Се имам прифатено таква каква што сум и баш ми е гајле дека некој друг бил над мене во висина! Мислам дека високите девојки се многу позабележливи на прв поглед од пониските но засега тоа не ми повлијаело врз самодовербата и не сум се почувствувала непријатно поради тоа што сум пониска од другите! Имам другарка која е многу висока и гордо си ги носи своите 183см па јас покрај неа би требало да се осетам засенето ли?!?! Штознам... знам дека се привлечни и забелжеливи со нивните долги нозе, но си имам и јас свои квалитети и одсекогаш сум била добро прифатена и во друштво, не сум имала проблем во контакти со машки и сум имала доволен број додворувачи! Тоа би требало да значи дека не е до висината бидејќи нели едвај сум пораснала 160см ! Познавам многу убави девојки кои се ниски а како што рeков се доста привлечни и убави! Затоа сметам дека висината не би требало да ја отежнува комуникацијата со луѓето и не смееме да допуштиме нејзино влијание врз самодовербата! Високите девојки се згодни и привлечни но дали така сите се осеќаат? Важно е човек самиот себе си да се почитува и сака, тогаш полесно ќе им биде и на луѓето околу него високо да го вреднуваат! Успесите во животот позитивно влијаат врз самодовербата на човекот,затоа не придавајте толку големо значение на висината!
Висока сум 160-162цм и тоа воопшто не ми е комплекс. Признавам дека некогаш сакам да сум барем сантим повисока ама тоа брзо ми поминува. Ми се допаѓаат повисоки машки, па затоа кога станува збор за штикли не морам да се замарам дали ќе сум повисока од него или не
И јас сум исто толку висока Порано ми беше комплекс и тоа опасен ,но откако дознав колку по познатине фаци биле колку мене,дури и пониски,ми дојде како утеха. Најсилниот отров се чува во мали шишенца, зар не?
Висока сум 180цм и не ми е воопшто гајле, си имам самодоверба и што е нај убаво од се моето момче е 190цм, а јас си немам проблем за да носам високи потпетици . Порано се срамев затоа што мислев дека нема да можам да си најдам дечко кој ќе ми одговара, но сега тоа и не ми е проблем . Иначе моите другарки се многу ниски, и една од нив ми е братучетка, и ми се случи на излегување да не сака да отиде у вц со мене затоа што јас сум била многу висока, а таа е едвај 150 :О па не сум виновна што таа е толку ниска, кога мене не ми смета што моите другарки се ниски, тогаш има ли потреба нејзе да и смета ? Никогаш некого не би потценила заради тоа што е нисок , сепак сите неможеме да бидеме исти ... Поздрав мили феминки
Висока сум 168 см. и сега немам комплекс некој ама и дечко ми е исто колку мене па сега не можам да носам штикли ама то е Спојлер јбг а порано кога учев основно бев највисока во класот и некои од децата ми викаа дека сум била висока и ме навредуваја ама не му обрнував многу внимание и му враќав со иста мера и никогаш не сум имала некој комплекс со висината
Висока сум 168 и сум причично горда на тоа бидејки сум средна висина и баш добро можам да носам и штикли и без нив .Инаку висината не е нешто на кое требаш да се срамиш тоа си ти ако си многу висока и си згодана ете ти шанса за модел ако си ниска па немораш да се замараш штикли и ете ти комфорт и можеш да фатиш и низок и фисок дечко и да не излгедате смешно уживајте