^ Па за машки идеално мислам дека е од 175 па натака.... Иначе јас сум 159 и мнооогу сакам уште да пораснам ама нема Не си набивам неко комплекси за ова, туку ми е само неостварлива желба..... Неможам со дечко да се замислам , он 180 ако не и повеќе, јас 20 цм пониска......
Jас сум кепец, максимално задоволен (до негде) од својата висина, и си се гордеам со мојата нискоќа. Па зарем треба ко ној и жирафа од 180 сантима да носам чак и штикла на 10 сантима и да се праам Перо Антич во дискотека ?! НЕ! Задоволна сум со моите 1.64-5 и супер ми е. Самодоверба до неба. П.С: Зарем неколку сантими може да ти ја покварат самодовербата ?!?
Јас сум висока отприлика 165-166, а дечко ми е цела глава повисок од мене. Треба да се кренам на прстиња за да го гушнам Посакувам да бев барем уште некој сантиметар повисока, ама тоа не ми создава никакви комплекси. Освен тоа, сите мои другарки се тука некаде со висина, па не сум најмалечка во друштво
Јас сум 1.57,а дечкото со кој се мувам е 1.80.Ко џуџенце сум кога е до мене,но навистина не ми претставува никаков проблем мојата висина. Јес да сакам да сум бар малку повисока,али мајка природа ...тоа е
Баш ми е мило за тебе што си задоволна од твојата висина, но споредбиве "ној" и "жирафа" ти вриштат. Јас сум 180, носам штикла 10ка и не би скратила ни сантим од висината. Што е најважно, не делам луѓе според висина (кепци и жирафи), туку на луѓе и нелуѓе. П.С. А што му фали на Перо Антиќ?
Јас сум си 1.68-1.70 и си набивав сама на себе комплекси (до пред некоја година)дека сум превисока и се грбавев и мислев дека кога ќе пораснам нема да можам штикли да носам ама си сватив дека пак ќе можам и дека е супер тоа и дека не е ништо лошо сега сум си исправена и баш не ми е гајле сите сме си убави какви што сме!!!
Извини, ако си се навредила со мојот пост нарекуваќи ги високите девојки -> жирафи. Нити ми беше намерата некого да навредам, нити некој да се пронајде во мојот пост. Мене ми сметаат девојки кои сосила сакаат да постигнат метража од 2 метри, тоа е се. Нигде не спомнав дека ги делам луѓето на кепци и жирафи, барем се надевав дека сарказмот и шегата на своја сметка некој ќе ги сфати. Поздрав, и не ми вади дефиниции и твои сопствени ставови од мојот пост.
јас сум висока 177 и имам 60 кг и сум преслаба самак барем уште 5 да качам али нема тешко иде .. А за самодоверба немам .. и не носам штикли а сакам да сум барем неколку см пониска за да си носам женско сум поубаво изгледа кога ќе излезеш со штикли али што да правам ..
Не сум ти јас професор за да вадам дефиниции од твојот пост од кој и онака не може да се извлече ништо корисно. Едноставно се надоврзав и си искажав мое мислење за што и постои овој форум. Да не бидам оф топик, и ниска и висока девојка може да биде привлечна доколку знае како да ја истакне својата убавина. Самодовербата не зависи од висината туку пред се од карактерот на личноста и нејзината зрелост.
И јас го имам тој комплекас сакам да пораснаам висока сум само 1.47 а имам 22 океј знам дека ми е последица од операција ама... Пробав да играм кошарка играв 2 месеца онака секој ден идев на спортска сала и мавав на кошевите кога видов дека нема фајде од тоа се откажав... Некако ме страв да излезгувам од дома ме страв дека ќе ми се смеат што сум толку ниска.. неможам да се вклопав во друштво... За дечко и да не зборам...
173 уште од мојата 12та година... би си додала уште 3-4 цм... обожавам високи цури... ама не е лошо и вака за моите 61 кг
ми се допаѓа твојата поделба на луѓе и нелуѓе на ист начин ги делам и јас луѓето, денес многу ретко се гледа на она човечното кај луѓето. инаку јас сум 159 цм, порано ме мачеше сега не иако искрено би додала уште 5 цм, но што дал Господ тоа.
167 си ја обожувам висината . ме бива со штикли кои реално високите девојки ако ги носат би личеле на џинови а ме бива и на ниско затоа што не сум баш многу ниска . кога бев малечка многу бев искомлексирана со висината затоа што бев меѓу најниските во класот но се се промени па сега си се гордеам во секој случај секој треба да си ја сака висината и да најде позитивно во неа затоа што човек неможе ниту да се скрати ниту да се растегни . поздрав
Малечка сум јас, 160цм. Не ми пречи воопшто. Од секогаш бев меѓу најниските, во основно, во средно, па и на факс....Имаше еден период кога почнав да се нервирам за висината, за среќа многу брзо ми помина, ептен кратко ми траеше. И од тогаш наваму се чувствувам одлично со мојата маленкост, т.е. нискост Висината не треба да има никаква врска со самодовербата. Секогаш треба да се чувствуваме добро во својата кожа и со своето тело, заедно со сите недостатоци, кои можеби само ние самите ги сметаме за недостатоци, а другите можеби и не гледаат така на нив. Проблемот е секогаш само во нашата глава, треба тоа да се надмине.
Висока сум си само 154 cm, најмала сум во друштво. Немам никакви комплекси, иако не ми би ми пречело да имам уште плус 10 cm, ама тоа е тоа. Си правам шеги на моја сметка и достоинствено ги прифаќам тие што доаѓаат од другите. Пред недела-две паднавме на муабет со мојата матична докторка (која исто така е мала) и ми рече дека висината не е мерило за успех, а јас се согласувам со тоа. Не значи дека ако си низок нема да успееш во животот (секако, имаш шанси да те прегази некој ). Прост пример-Ким Кардашијан (оф топик е ова знам ама морам да го кажам-ЈА МРАЗАМ) Ослободете се девојки, отровот секогаш се чува во мали шишенца Едит, ми текна уште нешто: "Ако мислиш дека си многу мал за да влијаеш врз нешто, пробај да заспиеш со комарец до креветот"