Знам девојка која е околу 150 ама страшно е симпатична и стално ја бркаат машки, сама си се зеза на нејзин рачун ама девојката зрачи таков оптимизам од себе и толку е весела што тешко машко да ја одбие ради висината. Ако ти е прениска ќе си ја фатиш во раце, ќе си ја дигнеш и ќе си ја гушнеш . Не му се мислите за висина , чим сте барем околу 150 немате гајле за дечковци, има и пониски машки па тие ќе треба да се убијат ако се сите девојки 170 . За женско најидеално (бар за мене) е меѓу 160 и 170, и штикла да стави пак ќе биде ок и ќе биде малку пониска од 90% машки . Ама и повисоките и пониските секогаш ќе си најдат некој за нив .
Охооо, јас сум скоро 180 сакам да сум повисока... а тежина некаде околу 60 се движам. Инаку би сакала некаде 185 За самодовербата, горда сум на својата висина, и како што кажав сакам уште повеќе (со оглед на тоа што потекнувам од фамилија со високи луѓе)
јас сум 170, од една страна моеби би сакала уште кој сантим да сум повисока, но пак дечко ми е 180 така да на штикли кога сум ми е супер,а и личи машкото да е повисоко. А за самодовербата, гордичка сум си, колкава сум си толкава.
jas sum visoka 170 a simpatijava nov sho mie e tocno kolku mene pa koga ke se kacam na stikla daleku mu begam ali toa inache gorda sum so svoite santimetri
Јас сум 170 и супер ми е можам и птикли да си носам и не се секирајте секој ќе си најде партнер соодветно висок. Бившиот беше 183 и можев да носам штикли
Па јас имам 13 години а имам само 147 цм. Дали до 150 и некој ќе догурам, а сепак си се сакам таква каква што сум си и сите ми велат дека сум им била слатка ваква. И сум приметила дека оние највисоките момци сакаат некои мали слатки девојчиња барем во моево опкружување а зошто е така незнам...
Порано бев опседната со тоа дека ќе останам премногу ниска, па еден спорт, друг спорт и нормално си се извишив толку колку што генчињата решиле да поработат Инаку сум 160 цм. Сега искрено ама ич не ни помислувам на висината, воопшто не се оптеретувам со тоа. Околината ме смета за ситно девојче, јас себе се сметам за нормална и тоа е тоа
јас сум висока околу 160цм..не ми влијае на самодовербата, ама не би било лошо да сум барем уште 5-10цм повисока... за женските не е проблем тоа, ќе носат штикли, а некои машки што се ниски?? што ќе прават они
Јас сум 170, би сакала уште 5цм да бидам повисока, али на штикли топ е. Дечко ми е 185цм,а порано претходните 2 ми биле по 168, леле не можев на штикла да се качам, ко карпа се осеќав, самодоверба нула, а имав еден 194 тој па многу висок,и на штикли да се качиш пак е висок. Сега ми е супер
Јас сум 165 цм и не ми е проблем.со штили 170-175 цм.Самодовербата ми е на највисоко ниво.И високите и ниските девојки си имаат свои предности.На пример има девојки кои се ниски и се слатки,а има и високи девојки кои изгледаат секси и елегантно (да не претерав малку ).Значи не е битно колку си висока битоно е да имаш САМОДОВЕРБА! И уште нешто.Стварно е глупаво (извинете на изразов,ама морав ) да си набивате комплекси заради висината.Сега некој се бори за живот,а вие плачете да бидете повисоки........
Ја сум 140 см за моите 12 години Не сум за 7-мо одд ја сум за трето одд Самодовербата ми е на нула заради висината некјам да сум нискаааааааа сакам да иам волшебно стапче со кое би можела да напраам да бидам повисока барем 5 6 см Али тоа е реалноста кје се издржуваат навредите кје има плачење
Јас сум 174/175 не сум се мерела скоро, ова е отприлика. Порано имав дечко, висок колку мене и неможев штикли да си носам, па сакав да сум пониска. Сега пак, имам висок дечко 195/196 и сакам да сум повисока, да му парирам малце, се испокршив на штиклите само за да бидам повисока малце.
Јас сум 157 мало,мало ама кршаче , дечкото ми е 178 Немам набиено комплекси околу мојата висина,си ставам малце повисоки штикли и таман си сме,а некогаш и на ниски сум па не ми е проблем и тоа Тој се наведнува малце за да ме бацни ама нема гајле
Јас сум 174/175 и одлично ми е. Со една другарка која е исто така колку мене висока секогаш кога сме излезени и носиме висока штикла, доаѓаме до висина 185 и се шалиме дека нема никогаш дечковци да си најдеме, треба некои кошаркари. Инаку никогаш не сум имала комплекси за висината, иако од 1во до 8мо одделение јас бев највисока во клас (дури и од машките, џин сум била) и понекогаш за тоа ме зезаа, ама мене не ми беше гајле. Сега па кога машките ме надраснаа, ми викаат: „Еј ти текнува коа беше повисока од нас! Е сеа си кепек во споредба со нас!“
Е јас си имам проблем со оваа висина, висока сум 178цм., и не е проблемот дека ми е многу, него сакам уште да пораснам Барем уште 4-5цм... Си имам голем комплекс набиено и очајна сум да бидам повисока, незнам зашто Сите штикли ми се над 13цм. За дечко не ми е проблем, ретко некој да е повисок од мене кога сум на штикли, се навикнав на тоа па сега и поубаво ми е вака, француски пар
На неко железо високо тегни се, јас така пораснав. Инаку јас сум 168, и одкако ми е дојдено веќе 2 години немам ни сантиметар пораснато, а редовно се „бесам“ по железа, како и што пораснав де. За самодоверба, нема поради што да ја немам. Мислам дека сум ок, добро може да се извишам уште ама за годините е добро.
Јас сум 155цм висока. Ниска сум ама што да правам сега нема да се траќам. Знам дека таква и ќе си останам пошто и мајка ми е иста висина а цела сум јас на неа.
Девојки гледајте ја позитивната страна: можете полесно да си најдете партнер т.е. да не бидете т.н. француски пар