Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Висината и самодовербата

Дискусија во 'Психологија' започната од Monce89, 3 јули 2010.

  1. elkazelka2

    elkazelka2 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Јас имам 19 години и виска сум (читај ниска) 153цм и ми смета. Секогаш сум била со машки шо се над 180................. џабе се штикли :(
     
  2. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Можам да толерирам многу работи, но кога ќе видам пар каде што девојката е повисока од дечкото, ме убива. Според некои „основни правила“ мажот е тој што треба да делува заштитнички во однос на жената, а не обратно.
    Иако повеќето момци кои се „метро и жилет“ сакаат да делуваат бестрашно и самоуверено и сметаат дека токму таков впечаток оставаат, всушност се и најископлексирани. Често и многу лесно влегуваат во конфликти, без некоја особена причина, со единствена цел да покажат на другите колку се „силни“. Сепак, има други кои длабоко се повлекуваат во себе.
    И покрај тоа што се ужаснувам од ниски момци, сакам да им изразам длабоко сочувство и се надевам добро се носите со вашата висина/комплекс.
    И девојки, колку и да сте ниски, сигурна сум дека на ниските момци им е многу потешко.
     
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас на штикли сум малце (околу пола сантим) повисока од дечко ми,ама тоа воопшто не ми влијае на самодовербата, баш напротив, мене ми е секси кога жената е малце повисока од мажот. Е сеа некогаш се нервирам зашто не можам да облечам некои ултра високи штикли кои ми се свиѓаат. Ама тоа воопшто не му смета на дечко ми, баш напротив ми вика облечи си ги, неам комплекси :D
    Имам забележано дека некои многу високи девојки се подгрбавуваат од пуст комплекс, некои ниски пак се качуваат на топуци и кога спијат.
    Има предности и во двата случаеви, едноставно прифати се каков што си и користи ги тие предности.
    добро е да си висок зашто;
    -можеш лесно да се истакнеш
    -одма приметуваш кој каде е (кога бараш симпатија или дечко во толпа народ :D )
    -нема потреба да се качуваш на скала за да завртиш сијалица
    -можеш да ги отвориш најгорните фиоки од шкафот
    -можеш да се држиш за горните држачи во автобус

    Е сега ако си ниска/низок можеш
    -да носиш вртоглаво високи потпетици ( :D ова за жените)
    -ке те собира на двосед со дечко ти
    -може да те нема на предавње и никој да не примети
    -можеш да си купуваш алишта по пониска цена
    -можеш секад да се жалиш дека си ниска и да те пуштаат напред во толпа
    -имаш поголем избор на машки (и ниски и високи)
    мислам, хелоу...нема врска. Ако си човек што си наоѓа маана на се и сешто и времето ќе ти влијае на самодовербата.
     
    На Sara123, Sanjichka007, SnowWhite91 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Најверојатно имам самодоверба која зрачи одвнатре, и покрај благите комплекси што си ги носам.
    Досега не сум ја разгледувала можноста "Колку би било убаво да имав подолги нозе". Едно, не сум ниска, а друго, задоволна бев од изгледот.
    Сепак, моите другарки се доста повисоки од мене, и со самото тоа имаат повитка става иако сме иста тежина.
    Не се јавуваат ни траги од љубомора- напротив, му се восхитувам и знам да бидам во здрави дози самокритична кога станува збор за таа тема.
    Ништо што високи потпетици неможат да средат.. А и доволно е еден кошаркар во фамилијата :wasntme:
     
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Не можам да го одречам фактот дека не чуствувам поголема самодоверба кога сум на високи потпетици
    одма некако ми даваат поголема моќ...висока сум скоро 170 и кога сум на ниско се чуствувам некако подетинесто и незабележливо
    А некогаш сонувам да сум барем 4-5 сантими пониска да не мора ниските машки да ги тегнам за уши -.-
     
  6. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Јас сум висока 174цм .Некогаш имам предности но некогаш би сакала тие 4цм да му ги дадам на друг/а.Јас сум во тие години кога девојчињата се повисоки од момчињата нормално ако си понизок немаш со тоа никаков проблем.Со оглед на тоа дека уште ќе растам(не дај боже) си одам секогаш исправена,си мислам кога можат топмодели да се поносни на 180цм можам и јас на 174цм.Да не знае некој како се стопира раст ??(освен бодибилдинг)
     
  7. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Не се секирај. Можеш инаку на кошарка да се запишеш :D
    Јас би сакала колку тебе да сум.. Јас сум 172 цм.. ама би сакала пониска :|
     
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    18.027
    Пол:
    Женски
    јас сум 153 :) од дечкоми сум дупло пониска, :lol: ама сегде ме збира :rofl: и си ја сакам висината а што викаат дека на ниска девојка не стои долг фустан нема врска јас пробав и со штикли 10 сантима супер стои ;) и си се свиѓам
     
  9. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.451
    Јас сум 169 и задоволна сум со висината, дури некогаш сакам да сум некој сантим пониска за да можам да носам повисоки штикли бидејќи кога ќе се качам на штикли мнозинството се пониски од мене.
     
  10. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Јас сум висока 165 цм и сум мн задоволна со висината. Не сакам ни пониска ни повисока, и висината воопшто не ми влијае на самодоверба затоа што според мене висината во никој случај не е мерило за убавина.
     
  11. after-all

    after-all Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    И јас сум 165 цм висока, и задоволна сум од висината :P
     
  12. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    173
    Јас мислам дека секој треба да се прифати и да се сака таков каков што е.
    Еве јас не сум многу висока 157 см. сум, но што можам ќе ставам штикла и оп одма плус 10 см.
     
  13. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Висока сум 174 и имам 56 kg, а имам само 15 години и би сакала да сум малку пониска.
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Таман си,и не се секирај,уште ке растеш и ке си најдеш висок момак ;)
     
  15. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    како малечка мојата висина многу ми сметаше ,сите другарки беа по ниски од мене како и мајка да им бев :lol: .а сликите со школските не сакав да ѓи гледам ,им бев како учителка.многу ми сметаше си велев зошто не сум нормална како и другите .ми сметаше и за дечковци ,хехе леле како се нервирав другарките можеа да излегуват и со ниски и со високи ,а јас уф не смеев штикла да облечам .денес се смеам на ова ,воопшто не ми е гајле мојата самодоверба не зависи од мојата висина .
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    И јас сум 174 цм и долг временски период бев 55 кг. и сакав да сум пониска, :!: но сега мислам дека таа висина ми е погодена, кога ќе се качам на високи потпетици доаѓам тука некаде близу до сопругот. :)
     
  17. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Јас сум 176 цм висока и си ја сакам висината, мислам дека е таман за женско.
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Вие девојките не трба да набивате комплекс за висинита,а кај машките е друга работа,ама вие уживајте за секоја некој ке се најде,како велат во малите шишенца е најголемиот отров,ова во позитвна смисла го кажувам.
     
    На Hipica и Soldier им се допаѓа ова.
  19. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Имам скоро 17 години а сум висока 168 цм..и би сакала да бидам уште малце повисока ;)
     
  20. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Одсекогаш бев повисока од другите. Се сеќавам уште во петто дека одеднаш се извишив и тоа така си продолжи, растев цело време и сега држам една многу добра висина :lol:

    Понекогаш помалку и ми пречеше. На пример еве една случка, мислам не дека ми пречеше, но сепак ми беше малку непријатно. Случкава е од седмо одд.
    Бев во тогашниот училишен двор на моето училиште и не се сеќавам што, но нешто чекав. Дојдоа еден дечко и девојка до мене, и ми изгледаа на новинари и почнаа да ми вртат разговор за училиштето. А јас ученичка и не сум до толку во се навлезена им се извинив и им реков дека не сум запознаена со тие работа па ги пратив во канцеларија. Дечкото мислеше дека сум наставничка, а не сум сигурна но почна и да ми се пушта :devil:

    Ужасс, ужас за вакви работи. Но имаше и една добра работа. На пример сите и наставниците и децата ме сфаќаа по сериозно. А добро беше и што размислувањата ми беа на ниво со телото. Во секој случај со помош на висината секогаш се истакнував, и изградив едно добро тело, иаку претрпев еден куп смешки на моја сметка, но јас тоа го искористував во моја корист. И памет имав баремм.. хаха :lol: :rofl:

    Затоа мислам дека се си има свои предности и мани. Некогаш е добро да се истакнеш, но имало ситуации кога сум сакала да останам во сенка, а не сум била. Таква ми беше физиономијата отсекогаш. Само сакајте се себе си, за да можете да ги сакате и другите :)
     
    На kathy-style и Adina им се допаѓа ова.