Високо сензитивни личности

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 1 ноември 2021.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    е да убаво кажа има разлика од емпат и пречуствителна личност, незз зашто мене не ми текна јас си ги споив работите во глава :D дека исто значат, фала за пишаново
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    • Дали ве оптеретуваат јаки светла, мириси? Сирени од брза помош и сирени за спасување при биолошка опасност. Ноќни светла.
    • Осетливи сте на ткаенини? Кожни инфекции добивам од омекнувач ако тоа се рачуна.

    • Дали се чувствувате напнато кога имате многу за правење во кратко време? Да. Кој не е, нели?

    • Дали избегнувате филмови и серии со насилство? Не, напротив, преферирам серии и филмови со насилство.

    • Дали кога бевте дете често бевте обележани како пречувствителни и срамежливи? Не се сеќавам.
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Осетлива сум на прејаки светла, звуци, вкусови мислам повеќе отколку мириси (луто ептен слабо поднесувам), материјали и не баш толку. Сирени и аларми повеќе поради нивното значење, особено амбулантни возила во целава ситуација со пандемијава. Би додала и преинтензивни климатски услови - пресилен дожд/ветер ме вознемирува и пеколни жештини ме утепуваат.
    Насилство во филмови, уметност и било каква фикција не избегнувам, во последно време и за поблаги хорори почнав да се интересирам. :D
    Притисок и стрес од премногу обврски и тоа како ме мава, и непријатни ситуации во реалноста ми е многу битно да ги избегнам ако може.
    Уметност обожавам, особено како музика ништо друго не може да ме допре, и во последните две прашања најмногу се пронаоѓам - интензивни мисли/внатрешен монолог и сензитивност со срамежливост од дете.

    Реално, пречка во животот ми е пречувствителноста и на долгорочен план не се справувам никако, само привремено со дистракции и хумор...
     
    На Cosmic Girl и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Ели7754

    Ели7754 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски

    Спомна дека си одела на психотерапија за ова, ако може да споделиш или прати ми порака за психолог/ тепрапевт кој специјлизира за работа со виско сензитивни лица.Многу ќе ми помогне зашто мислам не сите сфаќаат особено ако имаш траума плус сензитивноста
     
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Бев на разговор да договорам тестирање во Когниција за потврда на дијагноза (некое време се сомневав на типична адултна форма на АДХД) ама резултатите укажаа дека не е тоа во прашање туку имам доминантна слика на хиперсензитивна особа во извештајот. Кога ги прашав што понатаму ми спомнаа има техники за справување ама ете прочитав и погоре спомнала @Cosmic Girl дека е тоа многу обемна тема.
    Ако сака и може да дообјасни подетално нешто или препорача нешто дополнително каде да се обратиме. Јас само толку знам досега.
     
    На Ели7754 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ели7754

    Ели7754 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам за одговорот
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ели7754

    Ели7754 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Инаку мислам дека некои трауми може да влијаат на сензитивноста и затоа би сакала да работам со некој терпевт кој се разбира од високо сензитвност а не да ми каже стани поцрвста
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Човече, ова сум целосно јас. Цел живот учам да си помогнам и многу тешко ми оди. Особено со тешка анксиозност, симптоматиката се повеќе ми доаѓа до израз.

    И за други работи исто. На пример, без разлика на времето кое го имам за обврските, ми тежат страшно се додека не ги завршам. Толку сум под притисок и под стрес од нив, што сум целосно на нивно завршување насочена. Додека не ги завршам, буквално ништо друго не можам да правам. Многу го мразам ова кај себе. Некако, како да сум премногу одговорна, дури и за работи кои апсолутно не мора да бидат на мој грб.

    Аларм од брза помош многу ме вознемирува. Веднаш почнува тахикардија, замислувам ситуација, сочувствствувам, целата треперам. Ужасно чувство е. Проблемите на другите луѓе ги мислам како да се мои, без разлика дали ги познавам или не. Особено ако прочитам апел за помош, толку сочувствувам со ситуацијата, до степен што сум неспособна лично да помогнам, бидејќи ќе се удавам во солзи. Затоа секогаш за вакви работи завршувам преку други.

    Само хорор филмови ми се јака страна. Без никаков проблем ги гледам. Не се плашам и не ме вознемируваат. Можеби затоа што знам дека логиката во нив е нула. Од друга страна, не можам да гледам филмови со емотивни наративи, насилство, болести и слично. Затоа што ги има и во реалниот свет и многу ме вознемируваат.

    Преголема емотивност е кај мене во прашање. Не бев цел живот ваква, ама големи промени ми се случуваа на различни животни степени и ме сменија на некој начин.
     
    На anggell и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Хорор филмови можам да гледам без око да ми трепне, затоа што најчесто во нив преовладува и голем дел на фантазија кој потсвесно ти дава до знаење дека тоа не се случува во реален живот.
    Додека драми, каде што има насилство, и тешки тематики, буквално физички не можам да поднесам.
    На пример, филмови и емисии поврзани со Аушвиц, Чернобил и слично, ми прават мачнина.
    Исто така, од пола епизода на The Handmaids Tale што ја гледав пред неколку години, сѐ уште имам трауми.

    За другиве точки, најчесто зависи од денот и расположението. Меѓутоа, сигурен сум дека пандемијава ме направи посензитивна личност од тоа што бев.
     
    На Someonespecial и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Леле се пронајдов :D

    По тоа што читам еден куп други "дијагнози" си имате/имаме сите ама се оди под - висока сензитивност. Анксиозни можат комотно да речат дека се високо сензитивни, депресивни исто, луѓе со ниска самодоверба такоѓе, интроверти, емоционално незрели, па и нарцисите се претерано сензитивни кога се работи за нивните чувства и его.
    Карактерна нота е и не те дефинира во целост.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.749
    Пол:
    Женски
    Точно, ова не е ни некаква дијагноза или disorder, не се ни третира никако. И не е мал бројот на луѓе кои се високо сензитивни.
    Само, убаво е да се познаваш дека си таков и дека спаѓаш во оваа категорија на луѓе за да можеш да си помогнеш кога ќе дојдеш во ситуација да си преоптеретен. И да знаеш дека не е ништо лошо ако си високо сензитивен, дека треба да се промениш и да не бидеш таков. Исто и ако е детето такво треба да не се потиснува тоа со, ајде веќе, колку си преосетлив, дрн, дрн.
     
    На Cosmic Girl и Bridget им се допаѓа ова.
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    Богами се пронаоѓам во повеќето што сте напишале. Порано све ме вознемируваше, многу ми беше тешко ако не можам да помогнам било човек било животно, ако не завршам нешто на дадениот датум у транс паѓав, додека го работам истото нешто во транс, ми смеетат звуци секакви, и да као дете срамезлива и осетлива. Приметувам со кој тоналитет ми зборуваат луѓе и колку се инвестирани во разговорот. Генерално се примеувам памтам осеќам. Емпат сум бескрајно многу. Али полека полека пробувам да се сменам, помалце да се повлекувам повеќе да разговарам за нештатат што ги осеќам. Пре Преее голема енергија одзема ова, а и не сакам вел живот да сум ваква. Муабет со психијатар( б6 магнезиум) и најдобрата пријателка ми помогнаа да свртам нов лист. Реално не дека сум тотално сменета али сум на боље место од што бев
     
  13. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    потруди се.... ионака освен самата себеси и блиските не вреди
     
  14. little chili

    little chili Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Колку те чинеше психолошкото тестирање во Когниција?
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.779
    Пол:
    Женски
    Да сум. Помага,или она што мене ми помогна
    откако почнав да читам околу ова/сфатив дека не сум единствена и се прифаќаш како таков наместо да пробуваш да се мењаваш. Зошто би,ова не е клетва баш напротив,иако знае да изгледа понекогаш така во оваков свет каков што е денес . И си го организираш живот accordingly.
    download (7).png
     
    Последна измена: 20 декември 2021
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.340
    Пол:
    Женски
    Искрено сум високо сензитивна. Знае се да ме погоди, вознемири, растажи, на срце да си земам...
    Се научив веќе дека сум ваква и се прифатив, не верувам дека допрва можам да се сменам за ништо да не допира до мене, едноставно не сум таков човек. :)
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Најчесто емпатите се и високо сензитивни.
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Karoline

    Karoline Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Nekoj da imal dobro iskustvo so pishoterpaevt na temava
     
  19. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    53E8A1AA-1C9D-4685-B17E-3FC3C4216DB5.jpeg Убава книга другари, кој може да ја купи нема да згреши. 99984BF8-BCC6-4EAE-BD43-D8BED4D53BBD.jpeg
     

    Прикачени фајлови:

    На 6th sense, Shia и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов. :D
    Ова е нешто позитивно или негативно, не разбирам ?