I mojot se iskaci I zatoa prasuvam kakvo dejsto imat dali se custvuvate kako zasematena ne znam kako da vi ojasnam inace imam 32godini
Нормално дека на почеток така ке се осекаш, нагло спуштање на притисокот доведува до главоболка,вртоглавица..но со тек на времето ке поминат тие чувства....Најбитно ти е да го одржуваш притисокот во граници на нормалата.
Мене краток период ми беше таков притисокот, а имав само 18г. Капак на се, имав и пулс прилично висок. Почнав да земам бедоксин, откажав скроз кафе и зелен чај и се стабилизира.
Според мене плус во секојдневието треба да се конзумира и пола лимон исцеден во вода ...мислам дека има ефект и секако тоа да се пие подолг временски период
Дали некој го има користено или слушнал за лекот кардиол?Лек што ги чистел крвните садови и се користи при висок крвен притисок.Вреди ли да се купи?Дали е ефикасен?Ве молам било каква информација за лекот.
Оф.. Да можев да помогнам да ти кажам... Ама не знам не сум ни чула за лекот. Не знам кај да се обратам стварно, гледам темата не е активна ама ќе си пробам среќата мош некој ќе сподели памет и искуство. Прележав ковид пред скоро два месеца, позитивен пцр добив на средината на ноември. Од тогаш мака мачам со притисокот. 140/150 со 80/90/100 долниот. Еден период затаи чувството не го осеќав, ама сега последните неколку дена полошо е од што дури беше. Ме држи чувството а покачен притисок во текот на целиот ден. Вчера тркнав до итна помош, ми дадоа аналгин и дијазепам од 5 орално. Денес станувам пак истата песна. Отидов на кардиолог, 140/90, а мене ужасно лошо едвај стојам... Па ми препиша ко-пренеса, аспирин и масидо да пијам. Секој ден. Очајна сум буквално не знам што е работава. Немам прекумерна тежина, во граници на нормала сум, после ковид крвта беше добра, и тироидни хормони добри. Имам 29 години.. Ќе терам ли вака цел живот со терапија за притисок на неполни 30. Се чувствувам обесхрабрено, разочарано, исплашено.. Некој совет од вас, утеха, искуство? Имав стресен изминат период, некои случувања дома, на работа... Ама до толку да ме држи... фала многу секое мислење е добредојдено
Па вака за лекот што прашав истражив добро и сватив дека е лага,односно измама за тој лек.Инаку за твојот случај оди испитај се,знам дека постојат многу причини што може да предизвикаат висок притисок,а ние најчесто се фаќаме за срцето.Но секогаш срцето не е причинител.Еве нека сподели некој поедуциран на таа тема од што може да е.Не се натажувај,се ќе се среди.
Имаш можеби некои промени во организмот. За почеток пробај да смениш исхрана: - Не јади солено - Газирани пијалоци како Кока Кола заборави ги - Енергетски пијалоци исто - Кафе, Зелен чај Не - Вино посебно црвено Не - Месо и сувомесни производи посебно Свинско исклучи ги или сведи на минимун. - Цигари ако пушиш исто качуваат притисок одприлика за 5 од цигара - Сирења посебно солени и мрсни како Овчо или Биени сирења исто Не. Тоа ти е некоја превентива што да не конзумираш додека го средиш притисокот. Не се зезај многу сериозна работа е и бидете среќни што ова е предупредување и можеш со време да реагираш. Обавезно лук гледај да јадеш секој ден. Ако не го поднесуваш вкусот исецкај го на ситно и голтај со вода. Ова е најдобро секоја вечер пола саат пред спиење како превентива. И пиј вода обавезно како би исфрлала соли од организмот што почесто. Вака не се решава проблемот ако имаш некој сериозен проблем од типот недај боже со крвни садови. Но и те како е превентива да проблемот не прерасне во катастрофа. И да шетај секој ден после јадење размрдај се не легнувај полесно ќе свариш и нема да го оптеретиш организмот. Тоа е околу конзумација, стресот што го спомнуваш тоа е веќе нешто друго. Има вежби во Јога за стресот да не ти влиае но тоа е веќе некоја друга прича. Само не се потпирај на муабети од типот дека ти е само од стрес. Во последно време се се препишува на стрес а забораваме што ставаме у уста и пушиме по 2 кутии на ден. Имај си апчиња цело време со тебе во сите ташни што ги носиш со тебе остави си по една лента. Во новчаник ако треба. Немаш пишано дали си била на кардиолог?
Солено исфрлив, дури извесен период јадев блантаво. Кафе не пијам, заменив со какао, истото важи и за кока кола и општо газирано. Вино вчера после два месеци се напив, ама бело. Цигари не пушам. Знам дека е сериозна, показател е за нешто ама не можам да откријам на што. Си купив капсули од лук, нив ги пијам 1-2 пати дневно. Зголемив внес на вода, чаеви од нане, камилица, брусница,... Бев на кардиолог пред месец ипол некаде. Таму ми го измери 140/90 и ми препиша копренеса наутро и масидо за тахикардија. Ги купив, масидото ме успори, а копренеса не се ни напив. Си реков ќе пробам со исхрана и со редовно следење. Купив апарат, мерев.. И 10-15 дена по ред секогаш беше во рамки на нормала. Јадев блантави јадења (зборувам во минато оти последните неколку дена се опуштив), сирење, маслинки воопшто не. Пред некое време дома имав живот/смрт ситуација и еве пак препишувам на стрес, тој период 2-3 дена се осетив. Апчињата, масидо, аналгин, копренеса, лук, диазепам секогаш имам со мене во новченик. Осеќам сигурност така, се испоплашив... Периодов е океј се чувствувам стабилно, иако цело време стравувам да не се врати. Фала ти многу!
@DaisyDoo Нема на што. За јадење без сол или со мин.Хималајска сол е навика треба време додека се навикнеш. А за другово гледам на добар пат си. Можно е со тек на време да воопшто не ти требаат лекови но сепак како што пиша носи го секогаш со тебе. И не го мисли тој момент, не се плаши држи го под контрола и немаш гајле. Бог да го/ја прости особата што си ја изгубила. Чувајте се сега мора да живеете, живот иде даље не прашува како ти е.
Здраво, не најдов конкретна тема за овој проблем па ајде да имаме на едно место искуства за овој проблем. Се работи за женска особа. Пред некое време почна да се качува притисокот. Еднаш дојде дури 220/110. Некои денови во вечерните часови обично се качува 180/110. Правено е ехо, тестови на тироидна, рендген и не знам уште што. Сите тестови се уредни. Дадена е терапија, лориста 50 мг насабајле и навечер. Неколку дена е во ред, и денес еве на пример се качи пак 180/110. Жената е 50 години. Да споделите искуства ? Како најлесно и најбргу да се намали притисокот штом се качи вака ? Некој добар доктор и ординација да направиме пак детални испитувања ?
Траен лек нема, само редовна терапија и тоа е тоа. Најчесто стрес, нервоза тоа многу голема улога игра. Покрај апчињата за притисок, нека и препишат и апчиња за мокрење, и тоа многу помага за побрзо да се спушти притисокот кога е многу висок.
Исто и мајка ми имаше одреден период проблеми со притисокот, решение е редовна терапија препишена од интернист. Мајка ми пие секој ден и сега нема проблем