1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вистинска љубов

Дискусија во 'Врски' започната од atopic, 18 септември 2013.

  1. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Темава ја отворив чисто онака да се искажам а воедно да ви пренесам приказна вистинска за то колку едно момче може да биде искрено.Во врска бев година ипол (забранета од моите домашни поради некои здравствени проблеми на момч ето) почнавме на шала но настана љубов го сакав а и тој мене без оглед на се супер ни беше заедно.Тој беше личноста што беше со мене и водобро и во лошо секогаш имав подршка ах да го вратам тоа време.Дојде лето бевме сами на одмор се запознавме уште поубаво се заљубивме повторно еден во друг тоа лето го добив и предлогот од брак незнаев. што да кажам само го сакав тоа но кога се иквративме дома тој предлог стигна и до моите што кога разбраа настана голем проблем не сакаа да чујат а јас сакав но решивме барем додека да најдам работа па после да се земеме без разлика дали ќе се буни некој.сепак тоа беше голем пресврт на нашата. Врска почнаа кавги криење кога се глеавме ова било тоа било,бев под ужасен притисок од дома неможев да се борам побарав пауза од дечкоми да с5мирам нерви да бидам пак истата јас.по таа пауза дојде и крајот сеизмеша се.несакав никој да фатам но мојот дечко. Одма нашол утеха ме скрши тој негов потег паднав во дупка и тешко ке излезам од неа.кога му кажав дека не го очекував тоа добив повратен одговор СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ СО КОЈА И ДА БИДАМ ТИ СИ ТАА ШТО НЕ ИЗДРЖА ЗА НАС,ИЗВИНИ НО НЕ СУМ ЧОВЕК ШТО ЌЕ СКРШИ НЕВИНО СРЦЕ(мислејки на новата љубов) Ќе дадам се од себе да ми успее оваа врска но не заборавај секогаш си во моето срце те сакам. Затоа мили мои феминки секогаш борете се за вашата љубов,ако наидете на препреки заедно преминете ги јас ја изгубив таа битка што може9е да биде мој живот и среќа :(
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Какво невино срце да скрши тоа му е некоја фора девојче ;) викаш дека се боревте против се,тој бил болен како може одеднаж да се откаже од тебе и да фати нова девојка без око да му трепне додека ти дома војуваш со татко ти? мое мислење е дека ако те сакал немаше да постапи вака,а ти подобро размисли,никој не навредувам јас како прво не му го знам ни здраствениот проблем, ама сигурно е дека татко ти мисли и за иднината и дека не сака да патиш поради неговата болест бидејќи нели може да се искомплицира нешто,или не дај боже да се одрази на децата,некогаш не размислуваме убаво и јас не се борев доволно и изгубив и да понекогаш ми е криво,твое е што ќе правиш натаму :)
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Во право си моите мислеа на иднината моја и ги разбирам потполно а во љубовта не се сомневам ни најмалце сеуште постои ,но живот иде даље секое лошо за добро е :)
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    На крајот од секоја врска,тие се единствените зборови кои ги кажуваат партнерите за збогум..
    Клише..
    Инаку се извинувам што ќе ја уништам твојава идила и претстава за вистинската љубова,ама мислам дека вашето не било тоа.
    Вистинската љубов е мн повеќе од тоа..
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Секој со свое сваќање само јас знам што е и како е во мојата ситуација.
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    Па ако е толку поштен и не сака да скрши невино срце ( нели според неговите зборови) како тоа е во врска со една а сака друга? И како тоа ке направи се за да му успее врската со новата девојка ама секогаш ке те сака?

    И не дочека да помине подолг период за да си фати нова девојка? :^)

    А за ова незнам што да ти кажам, и јас предходната врска кога ја прекинав, и мене бившиот ми рече нешто слично, те сакам принцезо моја и секад ке те сакам.
    И сеа коа ке ми текне уште се смеам, принцеза бе :D

    Инаку во врска со ова за вистинска љубов, и јас кога ја започнав сегашнава врска, пред 4 години, и моите не сакаа да го смислат дечко ми, ми се закануваа за да му раскинам, ме контролираа каде одам со кого одам, дури неколку пати се случило да дојдат во дискотеката/кафичот каде што сум само да видат со кого сум.

    Се криев на почетокот колку што можев, имаше притисок од сите страни.
    Моите беа против него, другарките, дури и од страна слушав муабети за дечко ми,од луѓе кои и не ги познавав.
    Не сакав никого да слушам, сакав сама да го запознам и да го оценам дали е добар за мене или не.
    И на него му трескаа за мене, дека намерно сум излегувала со него, за да го направам бившиот љубоморен ( овој де со принцезата).

    Нити јас нити дечко ми не подклекнавме пред муабетите.
    Многу пати кога ке слушнеше нешто за мене, само ке ми кажеше не ме интерсира што зборат, и што ти го мешаат бившиот, со мене си, ти верувам ми веруваш, се сакаме, ништо друго не е важно.

    Поминаа четири години, а јас до мене имам некој кој знам дека рака во оган би ставил за мене. Знам дека е тука за мене, без разлика што ке се случи. ако ги слушав останатите незнам кај ке ми беше крајот. Сакав сама да дознам каков е и што е, и баш го сакам ваков каков што е.
    Моите видоа не видоа го прифатија, сватиа дека ако сакам да бидам со него неможат да направат ништо за тоа да го сменат, само полошо ке биде, ке треба да се кријам за се од нив. Другарките што беа против нашата врска, дел се тргнаа и не сме толку блиски, дел го прифатија и се уште знаат да ми кажат дека сум донела правилна одлука што не сум ги послушала.

    И со сегашниов дечко имало така кризни периоди, на почетокот кога заидовме, не можев од моите да излезам повеќе од две недели ( баш тој период кога бевме на зимски распуст) и не се гледавме, па на детево не му паднало на памет да излезе во кафич не па да ме извара.
    Или па кога се случувало да раскинеме на одреден период.

    Едноставно прави го она што мислиш дека е исправно, не слушај никого, и да згрешиш знаеш самата си погрешила, и сама ке ги сносиш последиците од грешката без да обвинуваш некого или па самата себе зошто си послушала друг.
    Да ги послушав моите, и да се тргнев, па да го видев него со некоја, знам колку ке ми беше криво што не сум на нејзино место, и ке ги кривев родителите, така да не слушај никого.
    И ден денес дечко ми знае да ми каже, ме освои со тоа што не слушаше никој што ти збореше против мене, едноставно правеше како што ти сакаш. :)
     
    На FotoLina3 и bekii им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.692
    Пол:
    Женски
    Извини несакам да те навредам.
    За вистинска љубов човек се бори и никогаш не се откажува, никој не може да ги спречи тие што се сакаат, ништо не може да им застане на патот- но само доколку е вистинска.
    Он не би нашол друга, а ти не би му раскинала.
    А тоа што ти го кажал, нејкел срцето да и го скрши? Колку време иделе па до толку да ја повреди?
    Да била вистинска љубов ќе преживеала, се надевам во животот ќе ја најдеш својата вистинска-вистинска љубов.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Во право сте до некаде со размислувањава и јас некогашке се смеам на сево ова но сега....лесно е да даваш совет потешко е да го прифатиш.
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ме потсека твојава приказна атопик на песната -љубам друга а тебе те сакам :fubar:
    тоа не е е љубов
    сепак млада си ке најдеш некој што те заслужува исто и ти него :)
     
    На atopic му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    Абе да, лесно е да коментираш, ама ти треба време.
    Среди си ги мислите, излегувај почесто со другарки, ке видиш по одредено време и ти ке се смееш на тоа како си се чувствувала поради него сега. :)

    Инаку колку време имало поминато одкако сте раскинале дури да фати друга?
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Фраерот е добар глумец у секој случај. Па тој несакал да скрши невино срце душичка. :doh:
    Нејзиното несакал да го скрши, па затоа твоето го оставил распарчено.
    Вистинскиот ќе се бори за тебе, а не веднаш да си најде некоја друга, па уште и филмови ќе ти моти засекогаш ќе те сакал. ;)
    Ова мене ни најмалку не ми личи на вистинска љубов.
    Без лутки молам, го кажав моето мислење толку.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Срц знаеш како викаат тој што те сака никогаш нема да те натера да плачеш и да патиш ни па со друга да биде и да мисли да не ја повредни нејзе знаејки дека ти ке страдаш ако вистински те сака нема да го дозволи тоа ...
    Знам лесно е да се каже ке речеш сите сме биле на твое место делумно кога сам себе си даваш друга слика за она што реално се случува
    сега што и да кажеме џабе ке биде поубаво да си се посветиш периодов на себе на кариера или учење па дури потоа да си го средиш љубовново прашањее мислам да си најдеш некој подобар некој кој нема ни да помисли да фати друга па да те теши со вакви излитени фрази
    Ако ти се плаче исплачи се не лувај во себе време лечи се не за џабе рекле а вистинска љубов кога ке ја доживееш оваа ситуација ке ти биде само еден спомен...
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Не. Чим одма фатил друга-Не. Не е тоа вистинска љубов. Да помине доста долг период и да се ожени за да има деца и фамилија-ќе го разберам дека те сака. Ама тој одма друга фатил така да...не ја барај вината во себе. Ти под голем притисок нормално е да попуштиш. Ти си жена, емотивна си. Тој место да те подржи и да те заштити, дозволил да раскинете ем фатил друга одма. Така да-Не. Не се лажи дека тоа е филмска љубов у празно.
     
  14. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Поминааи 3месеци одкако раскинавме и дури сега фатил неКоја се уште не се во врска но осеќам дека ќе бидат.
     
  15. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Не се лутам никако секој има свое мислење и пак ќе кажам до некаде сте во право времето ќе реши. Се.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Па 3 месеци не се којзнае колкав временски период...
    И како нема да и го скрши срцето, со неа е- а тебе те сака... Па има ли нешто полошо од тоа, да бидеш со некого чисто ради- реда, да му правиш лица- а на бившиот/ бившата (во овој случај тоа си ти) да и пишуваш дека секогаш ќе ја сакаш... Нема ништо помизерно, пониско и понечовечно од тоа- првин среди си ги чувствата па дури тогаш влези во нова врска- а не тука ќе ми продава приказни за мали деца ме сакал... :o
    Искрено сето ова е само обична глума... Кога ќе раскине со оваа актуелната и ќе фати нова девоја- сигурно и оваа ќе ја сака, а со таа другата ќе се бакнува секој ден... Јас би се запрашала дали и додека бил со тебе, да не случајно и тогаш сакал некоја од претходно??? :^)

    Немој да ме сфатиш погрешно, ова што го напишав можеби е сурово, ама за жал, вистина е... Подобро продолжи си со животот, дај им предност на други работи освен љубовта... :)
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Вистинска љубов? Сега ќе ви кажам.
    Го најдов кога најмалку очекував. Ми ги кажа неговите намери но јас реков дека сакам да бидеме само другари. Океј, не напинаше, другари си бевме додека тој трпеливо полека ме освојуваше со пристојни и убави гестови. Ми купуваше чоколади, разговаравме по цели денови, се смеевме. Ми кажуваше колку му е убаво се мене. Еден ден му кажав дека почнав да се заљубувам. Многу се израдува, на секој бакнеж или срце што ќе му пишев во порака се радуваше како дете на сладолед. Се грижеше за мене, на почетокот на врската имавме секс и јас му кажав дека се каам за тоа, дека избрзав, не требаше тоа да го направиме толку брзо а тој ме убедуваше дека не мисли ништо лошо, дека не мисли дека сум лесна и дека тоа нема влијание врз неговата почит кон мене. За минатото не ме напинаше, ако сакав да му кажам му кажував, ако не сакав не му кажував и не се бунеше за ништо. Некогаш ќе се подркаравме но тој никогаш не држеше лутина и после кавга знаевме да се приближиме уште повеќе еден кон друг. Знам дека сум тежок карактер но тој ме трпеше и никогаш не ми кажа лош збор, само еднаш се случи но многу се искаравме тогаш. Не беше многу љубоморен, му сметаа некои нешта но колку што можеше се воздржуваше. Заради мене се имаше спуштено на ниво да моли, да ме моли да се видиме бидејќи бевме од различен град. Ми има многу слатки зборови и гестови направено. Тој направи да се сакам себеси, ме сакаше и во обично несредено издание. Ме чуваше како капка вода на дланка а јас го оставив. И дури при раскинување ме убедуваше, да не речам ме молеш,е да си ја средиме врската. Не знам дали некој во животот ќе ме третира како него, но јас не се каам за таа одлука. Морав да го оставам.