Вистинскиот не е секогаш принцот од бајките, секој маж има свои доблести и маани, што значи тој што е за нас вистинскиот не е секогаш мажот што ние го опишуваме т. е не секогаш ќе ги има карактеристиките кои ги сакаме ние. За нас, за повеќето девојки е вистински оној што ќе ти го обземи срцето, и тој иако има илјада маани за нас ќе биде совршен. Вистинскиот постои во вас и тој не е измислен ( плав со плави очи и мускулесто тело, културен, добар, прекрасен) туку е нормален, обичен, некогаш и нема да изгледа убаво туку ќе е просечен ама за нас нема да има поубав затоа што тој е тој што не прави среќни.
Вистискиот е е оној човек кого љубиш а незнаеш зошто?! Вистинскиот е оној кој знае да те насмее секогаш од срце, и вешто умее да ти го обои светот во розево. Вистинскиот е оној кој те става пред себеси со неизмерна љубов. Оној кој ти докажал дека си ти во срцето негово, кој направил да се почуствуваш дека си заштитена од сите и секого. Оној кој знаеш дека те цени неизмерно, кога е тука во лошо да ти помогне и за добро да се радува. Оној кој и пред да почнеш знае што ќе кажеш, оној кој умее да ти ги чита очите срцето и душата.
Да има самодоверба, став, муда.... Да ме сака, почитува и слуша.... Да нема големо ЕГО, да не лаже и да не изневерува! И да е добар во кревет