1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вистинско име на форумите, место nickname?

Дискусија во 'Психологија' започната од I I, 13 февруари 2017.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Зошто по форумите никој не го пишува вистиското име ,дали ви претставува проблем да го напишите вистинското име а не лажен ник, што мислите ви зошто го сокриваме вистинскиот идентитетот и дали дискусите би биле подобри или полоши ако одредени членови го имаат вистинскиот идентитет како на пр. на фејсбук?
    Се разбира, тоа во интимни теми би било незамисливо, но во т. н. „општонародни“ што би се рекло, зошто да не пишуваме во свое име, туку под некој скриен nickname?
    пр. Ако во одредени мислења одредена форумџика/ форумџија го делат истиот став и сакаат да знаат кој баш мисли така како нив (се разбира, пак ќе кажам не за интимните теми) што е тоа што би претставувало проблем да се отворите би сакал да слушнам размислувања.
     
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Човече, за анонимен форум станува збор, затоа ваљда:D
    Додека фејсбукoт е нешто друго мислам xD


    Адина си го имаше името пишано, ама што дека........:(

    зошто темава во Психологија е сместена? :?:
     
    На cresa-jagoda, joy1, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Ни сам не знам :).
     
  4. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Супер (y):lol:
     
    На Ketchup, atala и I I им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    А зошто ти не си го пишал името?:?::?:
    Па тогаш ќе ти стане јасно зошто другите не го пишуваат...
     
    На teteks, cresa-jagoda, honest girl и 12 други им се допаѓа ова.
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Хахахах баш јака тема за во психологија :rofl:
    Инаку, мене половина од никот ми е уствари вистински ник, пошто името ми е долго, па така ме викаат накратко, иако и целото име би го пишала без проблем.
    И кога сме кај тоа, ти сигурно не си I I, па тогаш зошто не си го пишал своето име?
    Е сега, малку ќе нема логика да се пише и презиме, и слични детали, и да се знае за кого точно се работи, нели? Мислам, не за џабе е анонимен форум, што знам...
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  7. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    хахаха
    Темава ја видов на еден форум од соседните земји, па си реков да слушнам што мислите вие.
     
  8. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Да де, знам дека првенствена карактеристика на форумите е нивната анонимност.
    Инаку, во пораче да е заинтересиран некој одма би му го кажал:)
    Туку, целта на ова ми беше што е она што не спречува да го криеме идентитетот во обични теми, пр. Дали пушите цигари, ... , За кого навивате во фудбал, тенис, и сл.
     
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    А инаку како ќе им биде забавно на детективите што ги имаме на форумот? :D Со дадени така податоци им е пре мејнстрим, луѓето сакаат предизвици :rofl: Плус, и така сите скоро си се познаваат, само ние тие отуѓените чеда Божја, два-тројца што сме, уште се под заблуда дека е стварно анонимно :bandit:
    Инаку, кога би било со вистински идентитет и кога ќе се најдат две кокошки, а сосетки, во дискусија, нормално, нема да се дискутира за предметот што е уствари дискусијата, туку ќе биде во стилот: Да бе, како не, на форум едно пишуваш, а у приватниот живот у 2006-та така направи и така :D
    :d::drunk:
     
    На Hipster, cresa-jagoda, bella96 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Пошто еден ник е за сите теми, не може во една да имаш вистинско име во друга ник. И да постои таква опција би избрала во сите теми да сум анонимна.
     
    На cresa-jagoda и atala им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Мене пола форум ме дозна која сум..како што кажав, другата половина е крајно неактивна:rofl::rofl:
    Проблем? Ноуп .. ноу проблем...
    Затоа и тука не пишувам за сексуален живот, за политички уверувања, болести, семејни проблеми итн:lol:

    Таа е цената на (не)анонимноста..
     
    На cresa-jagoda, Doozy, meckicka и 10 други им се допаѓа ова.
  12. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Мене и да ме знае некој гајле ми е. Откачена сум по природа :rofl: пишувам тоа што мислам и дешафки мои, и онака сите знаат што правам што не. И што дека ќе знае некој од Долнодупени што правам јас, дали имам проблеми или не:^) . Мене тоа и воопшто не ме интересира.
    ' Волкот не го интересира што мислат овците за него.' 8)
     
    На crazylady, meckicka, Crna Dama и 3 други им се допаѓа ова.
  13. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Пошто сакаме да изиграваме Ина Многуфина! :emo:
     
    На alexa_dimoska, martine, Feminka192 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Едно е да си ти ти, со твојот вистински идентитет. Во повеќето општи теми е скоро исто дали си со твојот идентитет или не, ама во други теми, поинтимни има работи кои не ги кажуваме ни на најблиските или само со нив и не сакаме сите да знаат дека ете ние имаме нешто или се соменваме во нешто и сите околу нас да знаат за кој прашуваме или за кој зборува и од таму - анонимност. Исто така, многу често е полесно да си искажиш проблемите анонимно - колку да ти олесни дури и да се работи за некој ептен едноставен проблем.
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да слушнам, т.с. прочитам, што тебе те спречи да си го пишеш твоето право име и презиме, зошто ти не ни се отвориш така јавно, да се соголиш?
    Одговори ни ти прво, па после ние;)
     
    На cresa-jagoda, "Zoki", elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Не случајно избираме одреден ник и одреден аватар, без стегите на нашиот социјален идентитет овде слободно до израз доаѓа, барем по мое мислење, нашето алтер его.
     
    На crazylady, *Amethyst*, Mr. Right и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ги има такви потпишани со име и презиме, ама само дојдени набрзина за некоја помош или информација во вообичаени ситуации (од типот на барање состави или одговори за екстерно на пример :D), и потоа секако не се активни...
    Па мислам дека е логично и разбирливо, форумите се со причина анонимни (со избор понатака да си одлучиш лично на некој што ти е драг и што му веруваш да му се откриеш) и како што рече Бубале, баш алтер-его ни се профилите тука. Интима и детали од приватниот живот ни под никнејм не споделувам баш многу, ама за доста ставови сум многу подиректна и поборбено стојам зад нив тука отколку пред неистомисленици во живо што ми се дел од реалноста и ми значат...
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Читател и 14 други им се допаѓа ова.
  18. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Someonespecial дека одредени членови,иако многу ретко се потпишани со нивното име и презиме или,пак само со името без личното презиме,исто имам забележано и некои под никнејм запишани,но имаат нивни лични профилни слики на аватарите,но сепак,тоа е реткост поради анонимноста и бидејќи такви се правилата на овој и воопшто на сите форуми.:!::wasntme:Исто така форумите се,сепак,јавни и затоа јас,како,впрочем и многу други членови го имам заштитено профилот во поставките за приватноста за да не можат сите да ми ги гледаат мислењата бидејќи на почетокот кога се зачленив на форумот и кога не бев толку активна пишував и некои интимни мислења поради коишто се срамам и затоа не сакам сите да ми ги гледаат мислењата.:drunk::headbang:Како и да е,јас немам ништо против кога некој ќе ми пише лична порака ако можам да му помогнам нешто,а ако пак се работи за некој несоодветен член со лоша содржина на пораката,тогаш ја пријавувам и пораката и членот и подоцна ја бришам пораката.(y)Истиот никнејм,потпис и локација го имам и на другите наши форуми кадешто сум зачленета,исто и таму го имам заштитено профилот во поставките за приватноста на форумите за да не можат сите да ми ги гледаат мислењата бидејќи така посигурно се чувствувам.:nod:Избегнувам да споделувам интимни лични работи на форумите за да не бидам погрешно сфатена и за да не се доведувам во ситуации да се расправам со некого,јас не сум таква личност,тоа на мене воопшто не ми треба.:emo:Како и да е,јас мислам дека никнејмовите на форумите го создаваат алтер-егото на членовите на форумите и прават членовите да се чувствуваат посигурни и послободни во искажувањето на нивните мислења на форумите,а и покул е вака со никнејмови и со аватари отколку веднаш да биде откриен целосниот идентитет на членовите на форумите,сепак,форумите си имаат правила за користење коишто сите членови мораат да ги почитуваат,а анонимноста под никнејмови е едно од нив!:!::angel:
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Иако е анонимен форум, анонимноста е опционална, а не задолжителна – секој кој сака може да го стави своето име и презиме наместо алијас, своја профилна слика наместо аватар или да си го открие својот идентитет на сите или на дел од членовите на форумот. Кој како сака.

    Анонимноста е добра затоа што на луѓето им овозможува да бидат искрени и да споделат свои мислења, ставови, прашања и проблеми знаејќи дека никој од нивните познаници, пријатели и роднини нема да ги препознае и евентуално, осуди за истите.

    Мене лично, концептот на анонимност на форумите ми се допаѓа поради тоа што ни овозможува непристрасно да оцениме нечиј став или мислење, без разлика кој стои позади него. Затоа што сакале да признаеме или не, врз нашето мислење за некого влијание имаат разно-разни предрасуди, кои и да сакаме, не можеме секогаш да ги избегнеме – дали е машко или женско, дали е убав или ружен, дали има или нема пари, дали е од село или од град...

    Анонимноста ни овозможува да ги тргнеме сите овие предрасуди на страна, сите да ги ставиме на исто рамниште и да оформиме мислење за некого само и исклучиво врз основа на неговите мислења и ставови, односно – во прв план доаѓа карактерот на човекот, нешто што не секогаш е случај у рл – е у тоа е убавината на анонимноста.

    Идејата дека треба да постои можност да бидам анонимен кога ќе пишам дека фетиш ми е златен туш, а потпишан со име и презиме кога пишувам кои цигари ги пушам или за кој клуб навивам ми е и поише од глупа.

    Прво, затоа што мислам дека на луѓево од форумов ќе им е тотално сеедно дали оној што пуши Родео меко и навива за Слога-Југомагнат вистински се вика Бендер Родригез или Диме Спасов и второ, затоа што теми како „Какви цигари пушите?“ се глупи сами по себе.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Читател и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    @atala
    Во огромна заблуда си..

    Секој коментар пишан во било која тема може да се пребара, дали во конкретна тема или во конкретна категорија - небитно

    Важно дека без разлика колку го заклучуваш профилот, тоа што си пишала е јавно и пребарливо..
    Интимно или не...