Можеби е малку глупава и смешна тема,но сепак поттикнува дискусија.Инаку,во врска со прашањето дали одредени теми за дискусија на форумите би биле поквалитетни или,пак,понеквалитетни ако членовите на одредени теми се потпишат со нивното вистинско реално име и презиме и ако си го откријат вистинскиот реален идентитет во темите коишто не се интимни,туку општонародни за дискусија,јас мислам дека тоа нема многу да го промени било кој форум затоа што мислењата за одредени теми од одредени членови ќе си останат исти бидејќи мислењата го изразуваат карактерот на членовите на форумите којшто не може да се скрие. @Dust знам дека мислењата си остануваат исти во темите и дека можат да се најдат на пребарувачот,како што велиш,но јас,сепак,се чувствувам посигурно кога ми е заклучен профилот во поставките за приватноста на форумот од причина што пред неколку години имав конфликт преку лични пораки поради една членка којашто сега е банирана поради моите први мислења коишто ги пишував порано на старата платформа на форумот кога сеуште не постоеше опцијата да се затвори профилот да не можат сите веднаш да влегуваат во него и се да ми читаат,а плус и не сакам преку јавни профилни пораки да ми пишуваат работи коишто се за прашување преку лична,а не преку јавна профилна порака.Затоа сега,впрочем,и многу внимавам што пишувам на форумот,а и со кого контактирам преку лични пораки.
Тие популарните ѕвездина социјалните мрежи почнаа со форуми и така станаа популарни , и сите ги знаеме кои се ( само ИнамногуФина се крие, али оправдано е за неа , бидејки се крие зш е многу ружна)не гледам зошто би бил толку анонимно на форумов ... Е сега тие споделувања од приватниот живот не мораа секоја да кажува со кого спие а со кого не спие , или со кого го испила кафето и сл. Бидејки тие работи не треба ни во приватниот живот и на лицата кои ве познаваат да се кажуваат . Не е проблем
Зашто ако идентитетот беше откриен никој немаше да збори и да си ги открива своите лични проблеми и ставови и мислења.... Односно ќе бевме онолку отворени колку што сме во реалниот живот кога зборуваме со непознати луѓе - ич.
Ќе пропаднеа темите од типот на: Дали сум бремена и зошто не му се крева. Или ќе се потпишуваат со рандом имиња и презимиња (претежно со имиња позајмени од некој непријател) и кога ќе видиш пак сите лажно претставени. Едноставно нема смисла... Зошто цела држава да те знае по име и презиме, кои проблеми ги имаш? На фб се оставаат лични податоци, се бираат одредени луѓе да може да те читаат, и свесно пишуваш некои објави... А овде? Сите ќе дознаат дека Марија Петревска била осамена и се плеснала со комшијата (на срце ми лежи).... Или дека Катерина Михајлова се обидува бебе да има... Или Тереза Голубовска имала мусака за јадење и си купила виолетово влошки... Арно си е вака.
Еве, јас сум еден од ретките на кој не му претставува проблем да го напише вистинското име и вистинската година на раѓање.
А каков би бил тој лажен ник? Никот (прекарот) си е ник, името си е име. Никот не е лажно име, туку прекар кој во случајов служи за идентификација на форумот.
. eve jas go imam moeto vistinsko ime mojata vistinska slika ajde sega site ili nekoi neka si stavat bare vistinsko ime malce e grdo i neubavo zbunuvacko da imas nickname mada toa e prasajne na volja. jas ne razmisluvav cekaj sega dr ime ednostavno moeto i toa e toa neznam sto ima tuka loso ili bilo sto i da e
И јас го имам напишано името Иако повеќе се согласувам дека поинтересно е без инфо.од типот име презиме итн