1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Витамини, витамински препарати и суплементи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од supergirl20, 8 март 2010.

  1. supergirl20

    supergirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Витамин Ц при менструација?!

    здраво

    дали може од витамин Ц да немам менструација?

    имав главоболки и болки во половината нормални за циклус
    но се пласев и од воспаление од синуси проследени со јака настинка
    па ми бесе советувано да пијам Витамин Ц...по 2 дена забелезав дека
    немам воопсто менструација?Дали е тоа последица од Вит ц за кој е познато дека спречува крварења?


    фала однапред
     
    На Tomato му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Витамин Ц не спречува менструација,изгледа е од нешто друго,да не те плашам,јас пијам витамин ц кога имам добиено,ми има препорачано докторката.Требало да се пие затоа што губиш многу крв,заради тоа и дека си омалаксана,тој период.Мислам дека неможе да се спречи менструација од витамин Ц,незнам,јас пијам и немам никаков проблем.Распрашај се сепак,консултирај се со доктор.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    mnogu e ubavo za vreme na menstruacija pa i posle da se zema zelezo,vit C,B12 Folna kiselina..ili ima sumeci tableti so ovoj sostav od Supravit mnogu se ubavi go jaknat krvot
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Bитамин D

    пред некој ден правев тест на крвта и ми кажаа дека имам недостаток на витамин д,дека нивото ми е многу слабо и дека можеби повеке треба да седам на сонце.дали некој има имано ваков недостаток на витамин д и како си помина? :^)
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Јас како мала имав недостаток на Д витамин, па морав да пијам рибино масло, значи нема нешто поодвратно од тоа. Сега има апчиња ама тогаш немаше и јас пијев чисто рибино масло :puke:
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    мене ми дадоја витмини д да пијам неколку месеци :^)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Витаминот д е важен за абсорпција на калциумот во доволни количини кој пак е многу важен за кардио-васкуларниот систем.Од калциум се изградени крвните садови,а и е важен за коските,ни затоа им даваат на малите деца и им препорачуваат здраво сончање за да се поттикне појавата на д витамин кој нашето тело е способно само да го создава со сончањето,баш заради тоа,за подобар раст и развој на малечките.
    Не се плаши,пиј го редовно и умерено и контролирано сончај се летово и ќе биде се ок.
    Јас имам вишок,а и тоа не е добро па зошто ги прави вените и артериите крути.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Bитамин D

    ги пијам витаминиве од јуни месец до сега и уште не чуствувам подобрување,само ми се поврака,гади,нонсто жешко ми е,ми се чини ке се онесвестам и верувале или не на зима спиев со вентилатор од жешко што ми беше.излегувам на сонце по неколку сати посебно од сабајле и незнам што е работава :?: можеби затоа што промена на климава :doh: кажете некој селски марифети? :D :)
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Витамин Ц при менструација?!

    Нема врска.
    Јас континуирано земам витамин Ц (по минимум 1000 мг дневно, не вбројувајќи ја тука храната богата со витамин Ц) и имам редовен циклус.
    Може друго нешто да е во прашање. При вакви проблеми, посети гинеколог.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Bитамин D

    Од недостиг на Д -витамин се добива рахитис,особено при развојот на децата.

    Витаминот Д најмногу е застапен во месото од риба, рибиното масло и жолчката од јајцето. Но, има и некои продукти во кои производителите по вештачки пат додаваат витамин Д. Такви продукти се:кравјото млеко, сирењето и маргаринот.Сонцето е најважен извор на витамин- Д.Го има и во путерот, пилешкиот чигер, лососот, скушата .

    Овој витамин влијае на коските, градите, цревата, белите дробови, бубрезите, простатата, желудникот, матката и кожата,и служи како заштитата од рак на дојката и на дебелото црево, како и други болести на срцето. Луѓето со низок процент на витамин Д во крвта имаат поголем ризик за рана смрт.

    Бебињата обично се раѓаат со девет месечна залиха на витамин Д . Тие кои се предвремено родени имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д и калциум. Исто така и доенчиња после девет месеци кои не добиваат млеко збогатено со витамин Д и соодветно изложување на сонце исто така имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д.

    На лица со болести на црниот дроб, и бубрезите, потребен им е витамин Д суплемент, во активна форма, поради неможноста за негово синтетизирање.

    Исто така суплементи на витамин Д им се потребни и на лица кои земаат одредени лекарства, како антиконвулзиви, кортикостероиди, холестирамин, или холестипол. Тоа значи дека пациенти кои примаат терапија за артритис, астма, алергии, автоимуни состојби, висок холестерол, епилепсија, треба да се консултираат со лекар, пред да започнат да земаат суплементи на витамин Д.

    Како што е случај и со другите витамини, прекумерната употреба на алкохол има негативен ефект врз апсорпцијата и складирањето на витаминот Д. Кај населението во сиромашните, неразвиени земји, почесто се јавува дефицит на витамин Д, како и на други витамини, поради недоволен внес со храната.

    Намалена способност за апсорпција на витамин Д, земен орално, може да биде поради цистична фиброза или отстранување на делови од дигестивниот тракт.

    Други групи на луѓе каде се потребни повисоки дози на витамин Д, од просечните се кај лица кои имале хируршки зафат, поголеми телесни повреди, или изгиреници. Зголемен стрес и хронични исцрпувачки болести, исто така бараат повисоки дози на витамин Д.
     
    На Cicko Cacko и wolf4e им се допаѓа ова.
  11. cooLive

    cooLive Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    11
    Витамини - кој за што е и каде се содржи
    12Share

    Витамин А
    Потребен е за: подобар вид, имунитет, здрава кожа, мукозни мембрани и за ткивата.
    Најдобар извор: го има во храна богата со каротином кој во цревата се претвара во витамин А, пред се го има во: портокалот, црвеното и жолтото овошје и зеленчук (морков, компир, домат, диња) и зелено лисните овошја (спанаќ и брокули).

    Витамин Б1 (tiamin)
    Потребен е за: нормално функционирање на срцето, нервите, мускулите, органите за варење, помага во произведувањето на енергија.
    Најдобар извор: посно месо, мешункасти растенија и јаткасти овошја.

    Витамин Б2 (riboflavin)
    Потребен е за: произведување на енергија, добар имунитет и здрава кожа.
    Најдобар извор: млечни производи со мало количество на масти, посно месо, јајца, зеленото овошје.

    Витамин Б6 (Piridoksin)
    Потребен е за: произведување на енергија, формирање на црвените крви зрнца, имунитет, нервниот систем и функцијата на хормоните.
    Најдобар извор: јунешко месо, мешункастиот зеленчук и зеленото овошје.

    Витамин Б12
    Потребен е за: Произведување на енергија, произведување на црвените крвни зрнца, користење на фолната киселина, функција на нервниот систем.
    Најдобар извор: Посно месо, риба, јајца, млеко и млечни производи.

    Витамин Ц (аскорбинска киселина)
    Потребен е за: нормален раст, лечење на раните, отпорност од инфекции, формирање на коските и забите, ефикасна апсорбција на железото.
    Најдобар извор: јужно овошје, компир, домат, пиперка.

    Витамин Д
    Потребен е за: нормален раст, здрави коски, забите и ноктите, правилнa апсорбција на калциумот и фосфорот.
    Најдобар извор: млеко и млечните производи.

    Витамин Е (tokoferol)
    Потребен е за: опстанување на ќелиските мембрани и нивната заштита.
    Најдобар извор: билни масла, маргарин, јајца риба, интегрални житарки и грав.

    Витамин К
    Потребен е за: произведување на протеин за нормално згрутчување на крвта.
    Најдобар извор: зеленчук.
     
  12. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Витамини - кој за што е и каде се содржи

    Б12-Цијанокобаламин,а Б6-Бедоксин ;)
     
  13. cooLive

    cooLive Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    11
    Витамини - кој за што е и каде се содржи

    ;) ми се најде табелата
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Витамини

    EJ да ве прашам дали е точно дека таблетите витамин Ц дебелеат? За витамините Б знам дека отвараат апетит.
     
  15. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Витамини

    Не е точно дека дебелеат. А витамините од групата Б отвораат апетит.
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Витамини

    Јас на своја рака кога ќе отпочне зимскиот период земам витамин C од 500мг. Како помала имав послаб имунитет и веројатно психолошки рачунам дека ми е подобро ако го појачувам имунитетот. Јадам инаку доста овошје и зеленчук што значи веројатно внесувам добра количина на витамини по природен пат, преку храната.

    Приметив дека постои некој тренд во прехранбените артикли да се внесуваат и витамини, така има млеко со витамини, кекси со витамини, бла-бла со витамини, па си пиеме Цедевита, па шумливи мултивитамински таблети дали е можно да дојде до предозирање? И искрено кои се симптомите на предозирањето и колку всушност е тоа штетно? Пред некој ден прочитав како некој Хрват бил однесен на болница со видно оштетен црн дроб и не успевале да го најдат причинителот кога жена му се сетила дека тој внесувал по половина пакување Цедевита на ден :o . Ок, знам дека ова е екстремен случај но дали и како можеме да ја знаеме границата меѓу правилен и потребен внес и предозирање? Друго дали витамините кои се земаат како додатоци се препорачуваат да се земаат во таква форма и дали треба да се земаат во континуитет или да се прават паузи? И доколку се земаат кој производител е добар од оние на нашиот пазар?

    Размислував за комбинацијата на A+C+E витамини и Se. Искуства :?: и последици од можни предозирања со истата?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Витамини

    Зависи во колкав процент се застапени витамините и минералите во тие суплементи. Инаку, голем дел од витамините ги има во прехранбените артикли кои секојдневно ги конзумираме, но со термичката обработка се губи најголемиот дел (пример е витаминот Ц кој се уништува на температури повисоки од 40 степени - мислам дека така беше). Освен тоа, има витамини и минерали кои мора да се дадат како суплементи на одредена возраст - чист пример е витаминот Д3 за поцврсти коски кој им се дава на бебињата и малите деца. Затоа понекогаш е потребно да се земаат суплементи во вид на шумливи таблети, капсули, гранули и слично.
    Обично на пакувањата на суплементите е наведено која е дозата, поточно колкав процент од дневните потреби на организмот е застапен во тој суплемент (барајте го знакчето RDA). Некои содржат 100%, други помалку. И секогаш пишува колку таблети, капсули, капки и слично може да се внесат во еден ден.
    Хипервитаминоза најчесто се јавува од витамините А и Д - симптоми се замор, намален апетит, слабеење (ова од вит. Д), сува кожа и лупење на истата, проливи, проблеми со косата, замаглен вид. Особено се препорачува кај бремените жени да внимаваат да не претераат со вит. А.
    Инаку ретко се случува да се јави хипервитаминоза, почести се хиповитаминозите поради недоволно внесување одредени продукти. И секако дека не треба да се претерува со внесувањето на овие суплементи. Се' што е претерано не чини. И убаво е да се направи пауза после пиењето на цело пакување суплементи, освен ако доктор не препорача поинаку.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Ге 132

    Германиумот во својата органска форма наречена Ge 132 (Bis-Beta Carboxyethyl Germanium Sesquioxide) e создаден во Институтот Coal Research во Јапонија по повеќегодишни истражувања на Д-р Казухико Асаи во 1967 година.
    Органскиот германиум, долго време темелно бил истражуван во многу светски научни центри, како и од повеќе научници кои биле заинтересирани за алтернативното лекување на многу тешки заболувања. Особено се важни испитувањата изведени со цел да се дефинира улогата на Ge 132 во подобрувањето на отпорноста и општата здравствена состојба на човекот, во услови на современо живеење и хроничен стрес.
    Неорганскиот облик на германиум, се користи како полупроводник во електронската индустрија и нема нутритивни или терапевтски карактеристики. Синтезата на германиумот во активна органска форма како Ge 132 се смета за едно од најголемите откритија во нутритивното лекување на ракот и други тешки заболувања.
    Кај луѓето кои редовно го употребуваат, Ge 132 делува на тој начин што му помага на човековиот организам да се ослободи од токсичните материи кои ги внесува преку употреба на хемизирана храна, неквалитетна вода, загаден воздух и на други начини.



    Активен Органски Германиум Ге-132 - Active Organic Germanium Ge-132

    Органскиот Германиум Ge 132, поседува сертификат, како безбеден додаток во исхраната и како таков, кај нас за потенцијалните корисници е достапен во вид на дозирана форма – капсула од 500мг.
    Во последните дваесет години, Ge 132 бил предмет на многу научни истражувања од областа на патологијата, биохемијата, фармацијата, имунологијата и онкологијата.
    Денес во светот, Ge 132 се користи на повеќе начини, и тоа во комбинација со соодветен режим на исхрана при превенција против скоро сите заболувања. Во комбинација со хемотерапија, радиотерапија и хирургија се употребува како додаток на исхрана кој помага во борбата против ракот, додека во комбинација со одредени диети се користи во центри/советувалишта за третман на стрес и други заболувања.
    Досегашната употреба на Ge 132 како додаток на исхраната покажала многу добри резултати кај следните болести:

    * разни видови тумори;
    * ангина пекторис и срцева слабост;
    * хипертензија (покачен крвен притисок);
    * хиперхолестеролемија и атеросклероза;
    * дијабетес (шеќерна болест);
    * витилиго (губење на пигментацијата на кожата)
    * шлог и апоплексија;
    * ревматоиден артритис и други автоимуни заболувања;
    * Алцхајмерова и Паркинсонова болест;
    * синдром на хроничен умор;
    * очни болести (глауком, катаракта).
    Ме интересира,дали имал некој искуство со чудово?! Ако да,дали навистина помага или е успешен маркетиншки трик врз основа на потреба која е нужна и итна затоа што се работи за здравје?! Некако премногу добро ми е се она што го слушам за ова за да биде вистинито,а и солена му е цената,ама кога си на мака,знаат дека ќе им платиш дека мораш,исто ко маркетинг трик.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ге 132

    Гледав одамна некоја лекарка на ТВ од Србија која го промовира чудово и тврди (нормално) дека е фантастичен помагач на организамот против разни болести. Она што јас го запамтив е дека кажа дека тој органски германиум НЕ се депонира во организмот и дека има ефект само додека се земаат апчињата, т.е. дека би требало да се земаат константно, што за мене е :worried:. Навистина се премногу скапи за да се купуваат секој месец, над 4000 е сега некоја нова варијанта што има по аптекиве, другите беа мислам по 3600 ден.
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ге 132

    Ја прашував пред некое време на форумов за капсуливе ама никој не ми одговори.
    Али мајка ми беше решена да ми ги купи.И тоа време бев по доктори ова-она,и сите они ми ги пофалија као нешто најдобро на наш пазар за имунитет.
    Арно ама ја тогаш имав проблеми со алергии од премногу антибиотици и др.лекарства,па се одлучив да не ги пијам.

    Пред месец дена ги видов на реклама и ми текна на нив па почнав да ги пијам.
    И еве да ,чукнам у дрво :D ,никаква ни мала настинка, грип ,вирус или слично.
    Иначе јас сум прилично подложна на настинувања,посебно овој период,али ме спасија.
    Абе ни носот да ми потече мераци. :talk: Плус осеќам така наливи на енергија од нив,на мене ми се покажаа како одлични.
    Исто и татко ми има висок притисок ,покачен холесетрол ,масти... почна редовно да ги пие.Сега баш прошлата недела беше на редовен преглед во Филип Втори,и му рекле дека му се нормализирал притисокот скроз,дури и мастите му дошле на нормално ниво.
    Сеа дали е од лекарствата (мада нив ги прима више година дена и до сега немал никакво некое посебно подобрување да се каже) или до Германиумот...дури и докторката таму се зачудила. :wasntme:

    Е сеа јас ги имам тие црвените,сеа гледам некои зелени нови исфрлиле,така да за нив немам појма и незнам во што им е разликата и дали има разлика воопшто.
    А и да кажам дека ,најверојатно пошто се антиоксиданси,тераат на мочање многуу и препотуваат.
    Па така според некоја моја проценка,се поволни и за оние со вишок килограми. :?:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.