Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Витамини, витамински препарати и суплементи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од supergirl20, 8 март 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Ге 132

    Ме заинтересира делот со добрите резултати кај витилиго.
    Би пробала, плус константно имам проблеми со имунитетот па можеби би ми помогнало...
    Скапи се многу :worried: ама па од друга страна сум пиела и поскапи лекови што не дале никакви резултати, па ќе прежалам и за овие со надеж дека ќе помогне.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.114
    Ге 132

    Мене искрено малце и ме револтира што ваков производ со фасцинантни резултати,да е толку скап,а треба постојано да се прима за да има резултати.Што значи,еднаш освоените потрошувачи се засекогаш освоени и со пониска цена би имале ќар.
    Еве го гледам составот,па освен германиум оксидот,другото се шипинки,зелен чај и рскавица од ајкула (што не верувам дека е во големи количини со оглед на тоа колку милиграми е една таблета),но сепак германиумот е клучен елемент во се ова.
    Кога е здравје у прашање,не се прашува за пари,ама сепак.Ајде да претпоставиме еден сериозно болен човек колку лекови треба да купува,да ја подобри исхраната,а знаеме здравата исхрана е многу поскапа од онаа што сме навикнати (па едни шитаке печурки колку се скапи човече),па и овој суплемент...
    Значи индустријата со лекови е една од погнасните на светов!
    И забегав...значи вредат,а?! Епа треба да се пристапи кон нивно купување тогаш! :D
     
    На RedWine и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Витамини

    Препорачливо е да се земаат дополнитело витамини, вештачки, бидејки со исхраната не внесуваме доволно. Колку и да се трудиме едно јаболко и праска во денот нема ги заменат потребната доза витамини и минерали. Никој од нас не цеди кило ломони за да внесе витамин ц колку што има во едно апче.
    Подобро е природно, нормално, тоа сите ги знаеме , но подобро е и преку апче него никако.
    Има голем број производители, кај нас и од балканот кои прават мулти витамини кои со години немале никакви несакани последици. Консултација со фармацефт е неопходна, бидејки има различни видови за различни возрасти. Има на природна база, но тие се поскапи. Секој според потребите и можностите.
    Разлика се приметува одма, косата, кожата, ноктите се поубави, имунитетот зајакнат...
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ге 132

    Е алал да им е бе. Интересна цена, иако вреде.
    Ваков производ очекувано е да биде скап, али малку претерале сепак.
    Ајде тие што можат да си го дозволат ок, било не било, уште едно шишенце капсули во аптекарското катче, но шо прајме со тие луѓе на кои им е повеќе потребен а немаат пари. Нека си се снајдат ваљда е одговорот, секој со своите маки, епа мало морген, сита сум од ваквите ситуации во кои сведок сум колку многу ваквите производи им се потребни на луѓе на кои организмот им плаче за истите.

    Јас лично имам хронични проблеми со грлото, крајниците, и од едни обични настинки зимото едвај голтам зборам или дишам, аман ми е, буквално зимата ја замразив заради моите проклети крајници, а не ги вадам бе.
    Со матичниот многу пати сме зборувале, и тој ми спомна еднаш за некои таблетки за имунитет од Бугарија да сум си ги купела, ама ги заборавив како беа, и пошо еве зима иде, планирав утре да одам да го прашам за таблетите, за татко ми да ги порача, но и ова еве е добра опција, утре ќе тркнам до матичниот па да видам кои да си ги земам, ако се добри овие како што читам, секако ги зимам.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.159
    Допаѓања:
    138.781
    Ге 132

    Германиум колку што знам има и во некои типови храна, како на пример шитаке печурките, ако добро сум запамтила. Е сега не знам колку се дневни потреби, и колку има во печурките.

    Инаку свежи шитаке печурки има во Рамстор, во другите поголеми маркети не сум сигурна дека ги има. Јас ги купував заради железо, доста се богати со железо, а јас бев анемична. Поскапи се од другите, ама многу се вкусни. Сум видела и сушени во рамстор, ама не сум ги пробала.

    Јас верувам дека сите витамини, минерали, и не знам што се друго треба да се внесат преку исхрана, освен можеби ако станува збор за посериозни заболувања, па на организмот да му треба поголема количина.
     
    На Annath, LivingGlam и irenna им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.114
    Ге 132

    Не можеш да внесеш се со храна.Барем не доволно и треба нутриционистички ептен да седнеш да мозгаш и да избалансираш,мора бре нешто вакво. А за да бидат доволни дневните количини,па треба да се растуриш од јадење и пиење.
    Затоа пред било што да се зима од витамини,минерали и дотатоци,анализа е нужна.Сега дури и некои витамини,додатоци,врагови не ги даваат во аптека без анализа.Вчера железо сакав да земам,не ми го дадоа,ми побараа анализа.
    Шитаке ги има и во Веро,од таму ги земаме ние,а татко ми сушени ги набавува од некој човек.Има и маринирани,ама такви не јадеме во ниеден случај.Е330 сериозно вклучен. И еден тип,ако не сте знаеле.Шитаке,никако конзумирање со маснотија,ги губи својствата.
    Витамин б и ц на дневно ниво,сите,без исклучок,се останато,анализа,па да се прима.
    Туку забегав,утре ќе го земам чудово.Нема лошо од ова сигурно,само да има подобро.
     
    На Ariel, Miss-Independent и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Витамини

    За да го достигнеме потребното количество на одреден витамин во организмот потребно е секојдневно да конзумираме по неколку кила овошје и зеленчук,но тоа едноставно не е можно затоа постојат витамините како додаток во исхраната.Во некои случаи можеме и ние самите да заприметиме дали имаме некој недостаток на витамини,тоа најчесто е манифестирано со чувство на замор,губење на апетит,промени на кожата косата и сл...или пак витамините се препорачуваат кај лица кои имаат поголем психофизички напор,лица кои конзумираат поголемо количество на алкохол,цигари,кај бремени жени(но со консултација од лекар),постари особи и др...Но исто така познато е дека нетреба да се претерува со нив за да недојде до некои несакани контраиндикации.Јас и покрај тоа што настојувам секојдневно да конзумирам витаминска храна како овошје,зеленчук,житарици на своја рака си допуштам секојдневна употреба на витамините Б-комплекс и витамин Ц,од време на време витамин А и Е,по употребата на овие витамини правам поголема пауза од по неколку месеци,во зимскиот период пијам рибино масло или Омега-3,рибиното масло препорачливо е да се употребува посебно во зимскиот период,затоа што во лето можело да предизвика некои несакани реакции на кожата како пегавост и сл...Што значи нема штетност од употреба на витамините како додаток во секојдневната исхрана,но секако исклучиво би требало да се придржуваме до дозата која е препорачана во упатството.
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Витамини

    Јас сум една од ретките претпоставувам што не пијам витамини.
    Јадам овошје и зеленчук не во изобилство туку толку колку што ми бара организмот. Знам дека е сосем малку за разлика од колку мг има во една таблета ама претпоставувам дека ми е ок дневна доза :). Некако тие хемии не ги сакам.
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Витамини

    Третина од луѓето редовно конзумираат некој вид на додатоци во исхраната како што е железото, фолната киселина, цинкот, магнезиумот и најразлични витамини, а со тоа ризикуваат од предвремена смрт.

    Студијата на меѓународен тим на научници од Финска, Норвешка, Јужна Кореја и САД покажала дека жените кои земаат додаток од железо го зголемуваат ризикот од предвремена смрт за 18%, додека оние кои земаат фолна киселина имаат околу 6% поголем ризик од смрт во споредба со оние кои не земаат никакви додатоци.

    Конзумацијата на мултивитамински додатоци го зголемува ризикот за смрт за околу 3%, самиот витамин В6 за околу 4%, а магнезиумот и цинкот за околу 3%.

    Третина од возрасните луѓе редовно користат витамински додатоци, а најчесто тоа се витамините C, A, E, фолна киселина и калциум, за кои се верува дека го зголемуваат имунитетот и го чуваат здравјето.

    Многу популарни и многу профитни

    Голем број на луѓе на своја "рака" земаат витамински додатоци за да го зголемат својот имунитет, но со тоа го загрозуваат своето здравје, објаснуваат научниците.

    Во истражувањето учествувале 39 000 жени на возраст од 55 до 69 години кои во текот на 18 години редовно земале додатоци во исхраната.

    Научниците не можат во целост да разберат на кој начин додатоците во исхраната предизвикуваат прерана смрт, но веруваат дека тие го нарушуваат природното функционирање на организмот.

    Затоа научниците советуваат дека додатоците треба да се земаат само во случај на дефицит на одреден минерал или витамин, додека основен извор на хранливи материи за организмот треба да биде урамнотежената исхрана.

    "Фармацевтската индустрија заработува многу пари на апчиња за кои е докажано дека се неделотворни и штетни", уверува Јако Мурсу од Универзитетот во Финска, пренесува "Daily Mail".

    Преземено од зазабава.
     
  10. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Имунобор

    ве молам колку пати во денот пиете капсули имунобор?...јас пијам по една а на интернет прочитав дека до 3 треба....и вие кои сте користеле дали ви помогнале?
     
  11. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    имунобор

    Јас пиев по една на ден бидејќи немаше потреба за повеќе.Помогнаа многу. Веднаш се осеќа подобрување. Добиваш енергија, сила, се препрородуваш. И доста долго го чува имунитетот. ;)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    имунобор

    Јас сеуште ги пијам.
    Мене ми рекоа три пати дневно на гладно срце да да ги пијам.
     
  13. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Имунобор

    а ти ги пиеше за хпв или онака ти текна да ги пиеш?
     
  14. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Имунобор

    Mи беше западнат имунитетот. Само заради тоа. Инаку знам дека ги пијат и луѓе со далеку посериозни здравствени проблеми.
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мерц дражеи

    Сте ги употребувале? Какви резултати даваат? После колку месечна употреба можат да се забележат резултати? Ги пиете пред/после јадење? Наутро/навечер? Дали сметате дека може да му создадат извесна зависност на организмот? Дали сте забележале некакви негативни ефекти по нивната употреба? Во смисла по престанокот на земање, организмот да има полоша состојба од првичната. Дали го зголемуваат апетитот?

    За оние кои не знаат, Мерц дражеите се комбинација од витамини и минерали наменети за подобрување на општата здравствена состојба на организмот,а со тоа и на нашата кожа,коса и нокти.
     

    Прикачени фајлови:

    • defauврlt.jpeg
      defauврlt.jpeg
      Големина на фајлот:
      2,5 KB
      Прегледи:
      305
  16. vikule89

    vikule89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Мерц дражеи

    Waka-waka те гледам на страната на ун диетата...додека сметас дека имаш проблем со килазата не пијај ги отвараат апетит 100%....добри се но тоа ти се витамини јас инаку работам во аптека имам пацитнти кои имаат плацебо еффект знаци не дека им помага нестото туку само психата им ја смирува...знаци ако ги пиес превентивно ок е ако ги пиес за косата да ти порасне или да ти стане погуста ...таков резултат е излисно да оцекуваш....инаку зависност не ствараат тоа ти се витамини од групата б знаци сите б витамини и имас + зинк вит а ц и неколку помосни состојки...поззз
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.381
    Имунобор

    Јас ги пијам моментално Имунобор Уро.Препоставувам дека не се истите,зошто овие имунобор се за имунитет.Содржат брусница и бета глукан,ем ги чисти уринарните патишта ем го зајакнува имунитетот.
    Инаку за овие уро,ја читнав Златушко ги препорачуваше,го консултирав докторот,ама во мојот град не беа чуле за нив.Си прашав во аптека,ги зедов 550 ден,и така ми објасни фармацевтката.Препорачано било да се пие 3по1,така и ми пиша на кутивчето,ама и таа ми рече да ги пијам по едно.Најмногу ги зедов зошто нема ризик ако си бремена,а нели во скоро време си планирам :wasntme: ,па да не направан нешто беља,си купив нешто природно.Е сега скапички се,ама мислам и дека сите на природна база се скапи.Се пиеле 3 месеци,незнам дали да ги пијам 3или 1 :?:
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Имунобор


    Ако немаш некој проблем со уринарен тракт тогаш мислам дека нема потреба од 3*1 да се пијат доволно е 1 на ден.
    Лично ги немам користено ама имам слушнато од пријатели дека многу помагале во дигање на имунитет.
    И малку офф, ако си планираш бебенце почни да си пиеш и фолна :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Биобран

    девојки дали некоја од вас користела биобран..дали покажало ефект?....икао се скапи јас се си мсиламд ека кај мене нема да има ефект,,бидејќи користев јаки вагиналети,,,едвај ги наогѓав да ги купам и пак никаков резултат...што мсилите за биобранот за оралчна употреба?за јакнење имунитет..ве молам од искуство само да ми кажите
     
  20. malecka91

    malecka91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    68
    Биобран

    Мајка ми го има користено.Кај неа имаше ефект,ама испи 3-4 кутивчиња.