1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Витилиго (кожно заболување)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од amajlija, 13 јули 2010.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Скендер тел.02261 60 24, моб 070 590 722
    Повели и со среќа!
     
  2. kargo80

    kargo80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Благодарам многу за брзата информација :) кажи ми се слушна ли ти со човекот, има ли надеж за нас?
    Јас ќе вртам подоцна од дома, не сакам да ме слушаат сите на работа, но ме копка дали ти се слушна и што кажа ако сте се чуле? Поздравче и уште еднаш фала многу за бројчето :)
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Јас друже немам проблем од овој вид, ама кога земав крема за егземата на ќерка ми, измеѓу сите болести кои ни ги наброја синот на Скендер, беше и витилигото, а пошто имаме другарче кое има ваков проблем, му кажавме да си праша.
    Тоа беше лани, мислам дека тој го пропушти 14ти февруари, а оваа година изгледа не му ни текна :)
    Како и да е, отприлика ти кажав што рече човекот - во шише од 1.5л се собира „плачот“ од лозата кога се крои на Св.Трифун, се носи шишето кај Скендер, не знам што прави со него, и по некое време си го земаш за да го користиш. Е сега, дали се пие или се мачка - не знам, тоа ќе те информираат тие....
     
  4. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Витилиго на лице

    И јас сум личност што го имаа оваа кожно заболување.
    Поради ми беше многу мака, плачев, се нервирав зошто секогаш јас треба да го прекривам да се грижам да не се гледа бидејќи многу неписмени идиоти ќе те гледаат како најголемиот чудак.

    Поради тоа и витилигото ми се прошири и јас сватив дека нема друго чаре освен да се помириш со тоа бидејќи колку и да сакаш, колку и да се нервираш тоа ти е тоа нема друго чаре ќе си го носиш до крајот на животот.

    Сега јас сум помирена со тоа и затоа полесно се носам со него.Не го прекривам по дома освен да треба да излезам до некаде или за некои други пригоди.
    Сум пиела и апчиња, сум се мачкала разни кремови, некои помагаа по малку но ништо не го отстрани витилигото засекогаш.

    Така да уживајте бидејќи и тие личности што имаат некои недостатоци не се ништо помалку од другите бидејќи никој не е совршен. :)
     
    На meckicka и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. kargo80

    kargo80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Како е мои точкасти пријатели? Ве снема, има ли нешто ново, некакви позитивни резултати ... пишете како сте. Инаку јас од НЕВИТИЛОТ немам ама баш никакво подобрување. За жал :( И сум на диета, не јадам млечни производи, месо поретко, не јадам јајца, не јадам конзервирана храна, шеќер ... и бадијала е се. Немам едно ново точкиче, а забележувам дека малку ми се зголемени белите површини, кои за среќа сега се само на рамото, под пазувата и на деколтето. Толку од мене, пишете вие ако сте дознале за некаков нов надежен и ефикасен производ за витилиго :)
     
  6. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите. Јас витилиго имам веќе 10 години но само на очните капаци и на лактитеодредено време имав и на колениците но само од себе ми помина. На почеток користев http://www.panoramadermatologyclinic.co ... ntment.jpg но немав никакви резултати кожните лекари во Струмица не знаеја друг лек, кога дојдов на студии во Скопје Д-р Горица ми препорача http://www.vitiligoorganics.com/ но додека го користев не јадев месо и млечни производи, конзервирана храна, банана, ананас, портокал, цигари, алкохол и кафе не смеев и ми се појавија пигмент на одредени места но се откажав бидејки ми стана преокупација нон стоп мислев на тоа бидејќи се ставаше и требаше да стои 10 часа и подоцна се миеше. Сега не знам дали да му се јавам на Скендер но вреди да се проба.
    Поздрав.
     
  7. kalipso.m

    kalipso.m Нов член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво на сите. сакам да ве прашам како почна да се појавува витилигото мислам на почетоците. имама мало детенце 3 години и приметив на челото прво како лишај како да се лупеше и сега бели дамки неможам да речам дека се точки зошто не се баш мали убаво се гледаат.сега и на вратчето исто има лишај но во моментов е баш лишај се лупи како сува кожа.по телото нема ништо никаде но нели тоа не се појавува наеднаш барем така имам читано . на челото прво мислев дека е извалкано т.е дека белото му е кожа но сега се плашам дека можеби е витилиго. сеуште не сме биле на доктор некако ми е страв и само чекаме да видиме дали ќе се повлечи , веројатно и да одиме на др. ако е тоа нема да се повлечи но сепак. ве молам ако се секавате на почетоците како почна да се појавува дали наеднаш стана бело или претходеше црвенило или лупење или нешто слично ? на статиите за витилиго пишува дека претежно се јавува во пубертет но занм случаи каде се јавило и во детството , исто на статиите не пишува какви симштоми се јавуваат и како се појавува на почеток како да го распознаеш затоа ве молам за :sweat: смирувачка помош. благодарам
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Здраво Калипсо.

    Се појавува одеднаш, јас не се ни сеќавам како го забележав прв пат, само знам дека не претходеа никакви симптоми за дамките на лицето.

    За една дамка на раката - претходно беше како лишај а потоа остана бела дамка. Доброто е што баш таа се повлече.

    Не знам што да ти кажам... И да е витилиго, важно здравјето не му е загрозено на детенцето. Најдобро да го однесеш на дерматолог (некој добар), така барем ќе бидете сигурни и ќе ви даде нешто ако се лишаи.
     
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Најпрвин витилигото се појавува на потскриени места најчесто меѓу прстите и пазувите, потоа може да се појави и на други места, но појавувањето е многу бавно. Веројатно се работи за лишаи или некоја бактерија, чисто мое мислење, сепак не чекајте туку веднаш на дерматолог, што и да е најубаво е што порано да се започне со терапија. Инаку нешто кое што помага во терапијата на витилиго е и големи дози на б комплекс.
     
  10. wish22

    wish22 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo tockasti prijateli... :D
    ja koristam nevitil kremata i stvarno ne znam dali ima podobruvanje ili ne :( ve molam da mi kazete, vie so ja koristite kremata PROTOPIK, od kaj ja naracuvate...ve molam da probam i toa!
    Pozdrav
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки!

    Јас имам добри вести. Нешто повеќе од една недела без глутен, и веќе има видливо подобрување, пигментацијата почнува да се враќа.

    Витилигото го имам на лицето повеќе од 8 години, сум пробала различни апчиња и масти наменети за тоа и ништо досега немало ефект. Пред некое време најдов информации на интернет дека глутенот е поврзан со витилиго и сите останати автоимуни заболувања, па решив да направам тест.

    Полека почнуваат да се стеснуваат круговите околу очите, а првите резултати ги забележав после 4-5 дена. Не правев никакви грешки со глутенот и не беше тешко. Можеби нема да даде резултати кај секого, но пробајте, навистина има ефект.

    Не можев да најдам слика каде што добро се познава како ми беше, оваа е со шминка но добро се гледа границата.

    ова е пред

    Ова е потоа (немам добар апарат, но се познава дека кругот од страна се стеснува. Патем, неколку бели трепки и влакненца на веѓите се резултат на витилигото :) )

     

    Прикачени фајлови:

    • пред.JPG
      пред.JPG
      Големина на фајлот:
      82,4 KB
      Прегледи:
      344
    • потоа.JPG
      потоа.JPG
      Големина на фајлот:
      206,3 KB
      Прегледи:
      344
    • потоа1.JPG
      потоа1.JPG
      Големина на фајлот:
      152 KB
      Прегледи:
      341
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Одлично
    Браво
    Пиши како е сега?
    дали се намали повеке ?
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Не, засега стои исто после намалувањето од првата недела, ама и вака сум среќна. :)

    Во секој случај, продолжив со таква исхрана зашто многу повеќе ми одговара. Не сум веќе заспана по цел ден. :D
    Ќе пишам како ќе биде после некој месец.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Витилигото е едно од кожните заболувања која нема точно дефиниран лек. Некој доктори велат дека тој што ќе измисли лек за витилиго ќе добие нобелова награда за медицина :) Во почетокот се јавува точкасти побелувања (губење на пигмент) кој со тек на времето или исчезнуваат или се зголемуваат, кај некој делумно се намалуват итн.... кој сите е различно. Има многу различни пушувања на интернет околу ова заболување и како да интервенирата, но во голем процент ниедно од тие пишувања не го задоволил ефектот (сепак сите сме различни и се што се применува различно реагира).
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас сум сигурна дека може да се најде лек, но ние секогаш на погрешно место го барама
    Многу верувам на алтернативната медицина
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
  17. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некој ја има користено Невитил кремата за витилиго, разбрав дека оваа е исклучително билна крема и дека може да се користи и на оние делови од кожата што не се зафатени со витилигото.

    [​IMG]
     
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Витилигото е заболување како резултат на дефектен ген. Наследно е. Го имам јас, моите го немаат, го имаат моите две деца. Нема инстанто решение, т.е нема никакво решение, освен да се помириш со фактот дека ќе си останеш таков цел живот и се молиш да не се проширува. Стресот има големо влијание.
    Но:!:, значително се подобрува со употребата на еден крем кој го користев како дете. Требаше да лежам во болница за терапија со некаква течност, но тогаш течноста ја немаше. Остана само кремот кој го чувам, мораше да се мачка при изложување на сонце. На лицето онаа точка што ми беше не се ни приметува бидејќи најчесто го мачкав, секогаш кога излегував надвор. Кремот уште го чувам, но со изминат рок е и страв ми е да се мачкам. Германско производство е се вика Placentapur Frischdrüsen-salbe.
    Фирмата која го произведува е Feldhoff.
    Доколку некој го пронајде нека пише, зошто навистина има ефект. Точките не се бели, туку 70-80% близу до нормалната кожа, што и не се приметува баш. Јас барам со години, но нема никаков податок.
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Кога видов Баба Рада на страницава, си викам глупости, нема шанси. Ама ај да прашам - некој да не има искуство со Науме Петковски? Човекот препорачува готови препарати, тинктура и диета.

    http://www.rozakanina.bizland.com/Upatstvo/Vitiligo/Vitiligo.htm#.VbhsV_mqqko

    Мислење, искуство?
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Помина времето за редактирање, овде има мислење за тој тревар, ништо од тоа.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.