Имам природна права ама ич не си ја сакам иначе за секоја прилика свечена или пр кога одиме на гости или имаме гости или некогаш за шетанје и на одмор особено си ја виткам и така си ја обожавам Ама не ја виткам премногу често стрв ми е да ме ми изгори иако имам посебн спреј на Балеа од дм против горење ама пак си пазам.
Имам прородно виткана коса,секогаш си ја носам пуштена..кога требаше да одам некаде за в чаршија нонстоп ја пеглав и лани ја изгорив..еве сега веќе една година ја немав испеглано.Иако сакав да имам права коса немам.И вака виткано ми е кулче и си ја сакам.
Јас имам права долга коса и најчесто пуштена си ја носам,и витканата ја сакам,убаво изгледа ама повеќе сакам права
Имам права коса и убава ми е така... стално си ја носам пуштена само за дома ја збирам Некогаш за да сменам ја виткам во покрупни локни ... но повеќе ми се допаѓа права коса
Мојава коса не е ни права ни виткана, ама јас повеќе си се свиѓам кога ќе ја испеглам или исфенирам отколку кога ќе ја навиткам. Не ми стои виткана
Мене и двете ми се допаѓаат а исто така зависи од лицето на кој како му стои на некој виткана поубаво на некој пеглана мене ми викаат дека пеглана мн поубаво ми стои од виткана
Јас имам коса со мали бранчиња, а би сакала локни да имам. А, убава е и права, но за мене не, зошто прегуста ми е косата, а права уште да биде-катастрофа!