Имам права, ама во последно време шишката почна да се витка, брановидна да станува, ужасно ме нервира
И јас имам права коса, барем не мора да ја пеглам/фенирам нон-стоп, само кога сакам да изгледа баш ко пеглана.
Права имам и си ја сакам, а кога сакам да сменам малку изгледот или одам на некоја посвечена пригода, ја виткам. Ми се свиѓаат и двете изданија.
Природно ми е права и обично права си ја носам. Но кога одам на школо имам навика од вечер да ја сплетам и пред да тргнам на школо ке ја отплетам и многу убаво ми стои
Имам права и среќна сум што е така. Генерално, мислам дека е полесна за одржување отколку природната виткана коса. Понекогаш се обидувам да ја навиткам, но неуспешно, не држи