офф стварно не знам бидејќи мене ми е ептен права ама мислам дека би ти била рамномерна како и да е ако имаш тркалезно лице како на сликиве многу убаво ќе ти стои виткана коса колку и да е долга според мене
Фала ви за советите феминкии Сепак јас решена сум малку да ја скратам Па ќе ве известам што резултат ќе има од ова
Изретчај ја од средина повеке јас направив вака на мојата од средина ретчење и степен малце сега ми е преубава многу си ја сакам хах
Јас имам многу виткана коса, и најубаво ми стои кога е до раменици, затоа што кога е подолга горе кај коренот ( поради тежината ) почнува да се исправа и не личи ама баш на ништо. Мој совет не ја крати многу.
Мене косата ми е боб иако имам виткана и стои прекрасно. Локните секогаш си се на место, виткани како што си се по природа а и не е тешка за средување така да можеш да си ја скратиш и изретчиш ама не многу!
и мене косата ми е кадрава....некои средни кадрици ни ситни ни крупни од секогаш ја носев долга до пред 3месеци кога премногу ја скратив и првиот ден ја испеглав и ми стоеше многу убаво ама пеглана ми беше до раменици а кога ми се извитка ми беше многу интересна. Чудна бев за сите но си се навикнав и баш ми се допадна новиот изглед, а сега веќе ми е порасната и за разлика од други пати побрзо ми порасна. така да коса нокти јас не жалам, зошто растат
Според мене поубаво е долга виткана коса, од лично искуство , мојата коса не е баш виткана , туку е прекршена и разлетана, порано кога ми беше пократка изгледав како тријаголник а и не се пеглав- катастрофа, последниве две години ја имам пуштено подолга до под градите ми е, и со самото тоа што е потешка ми е и поправа, ја пеглам, но и да се случи да не ја испеглам пак убаво ми стои така да јас сум за долга коса, и мојава уште ќе ја пуштам
Па долга е секако поубаво,бидејки со многу кратка виткана коса изгледам како тетка. Сега ми е премногу долга косата и е само прекршена,а порано кога бев шишана до раменици ми се крена нагоре и како што кажав права тетка.Воопшто не ми стоеше на годините,а и не ми се допаѓаше.Затоа сега имам исклучиво долга коса.
Мене најмногу ми се допаѓа кратка, некаде до над рамениците. Ептен ми се слатки девојките со таква коса
Ниту премногу долга ниту пак кратка .За виткана најубава е некоја средна должина до раменици или малку под нив.