Виткана коса

Дискусија во 'Коса' започната од velesanka, 10 април 2010.

  1. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    И јас имам виткана коса...или барем имав пред да ја уништам со пеглање, фенирање, фарбање (иако со к’на) и секакви други експерименти, па дури и наглата промена на должината на влакното си имаше некоја улога во губење на локните. На времето си користев нивеа за кадрава и супер ми беше. Се секавам ставав и нешто ко крема маска такво беше, ко брилијантин некој. Во зелено пакување беше со потемно зелено капаче...не е битно, неможам да се сетам на името. Сега иам уште локни околу ушите, тилот , малку накај челото, но на патецот и темето...јок. Си ја сушев со надолу наведната глава и без дифузер на мала брзина.
    Аххх што си ја сакам назад... ;(
    Инаку влакното ми е лесно за обликување, па затоа можам со фигаро за 30 мин. да ја навиткам, ама така и дополнително ќе ја оштетам :( Пробав со крпчиња и витлерчиња , ама не е тоа - тоа. Ко пудлица излегов :lol: :$ Си ја сакам пак назад витканата косааа... ;( ;( ;(

    Инаку ко на сликиве, е таква ми беше
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0126.JPG
      IMG_0126.JPG
      Големина на фајлот:
      122 KB
      Прегледи:
      372
    • klsdngfkjhg.JPG
      klsdngfkjhg.JPG
      Големина на фајлот:
      248,4 KB
      Прегледи:
      374
    На Anabelle.Amorette, Angel4eeee, butterfly33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Витканата коса ако ја имаш од раѓање никогаш неможе да се уништи со било какво третирање, влакното се навикнува на третманот кој го правиш, исто така и ако ја пуштиш својата коса подолго време таа ќе си се врати на своето и после нема да можеш да ја исправиш. Секако треба да употребуваш и препарати за виткана коса од маски, шампони, креми итн. со кои ќе ја обновуваш.

    Мојата коса по природа е исто така виткана и тоа многу а во текот на цела година ја пеглам/фенирам 2 пати во неделата, но во летните месеци кога севте ќе ја пуштам првите денови еден дел не се витка правилно, некаде ептен многу, хаос невиден е, но со тек на време се враќа во нормала, локните правилно се формираат така што после не можам па да ја исправам и треба време да се навикне.

    Инаку промената на обликот на косата може и да е до хормоните, имам слушнато дека косата може во пубертет од права да премине во виткана и обратно но и подоцна со менување на хормоните наводно и таа се менува. :?:
     
  3. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Не знам на мојава што точно и се деси, ама знам дека не ми е виткана ко порано.
    Сега последен пат кога ja шишав бааги ја скратив, можеби повеќе од 6 цм, и плус ја ретчев, па со тоа отпадна и бојата (веќе немам фарбани делови-врвови) а и тоа сувото расцветано. Ми фали уште да го погодам третманот и да си ги вратам локните :) woohooo :dance: :D
    Благодарам Interesna за одоговорот :*
     
  4. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Ах.. и јас си имам проблем со мојава т.н.виткана коса!
    Значи дента кога ќе ја измијам е мнооогу виткана! Ја обожавам.. :D
    Ама следниот ден, нема ни В од виткана и незнам зошто толку бргу го губи обликот.. А и не ми е густа како порано :( :(
     
  5. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Се е до хормони, без разлика дали ти е од раѓање виткана или од пубертет...
    Мене ми се навитка во пубертет, па усте тогас ми викаа дека кога ке родам ке ми се исправи! Уште не сум родила ама косава од темето и позади ми е права , остана само предниот дел виткан! Нема врска со бременост, :@ тогаш само може цела да ми се доисправи :@ ;( не знам што ќе се прави! :worried:
     
  6. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    девојки..може да ми дадее нешо туторијал како се работи со дифузер?
     
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Јас имам виткана коса ама брановидна, а баш сакам како твоите вакви локни... Користеше некои препарати за коса како на пример пена, спреј и слично ? :wasntme:
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Имав сличен проблем го решив на следниот начин , го употребував овој пакет

    [​IMG]

    регенераторот + шампонот, и еднаш во неделата ставав оревово масло и преспивав со него, утредента ја миев косата , исто и регенераторот го става еднаш неделно.Коста ја остава природно да се исуши, не ја чешлав ништо.Сеуште го терам овој режим и косата ми е повиткана од било кога
     
  10. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    25
    Каде можам да го најдам тоа оревово масло? :)
     
  11. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    butterfly33- косата ми беше измиена, со надолу наведната глава исушена и имам сигурно малку пена ставено колку да останат така разделени локните. Зошто едно ветре да фати и би ми се разбушавиле и испреметкале. :$

    black-angel - искрено ќе ја пробам и јас твојава варијанта со шаума зошто никаде неможам да го најдам тој од нивеа за локни. Дури ни во ова големово Веро кај железничка. До душа прво мислам да потрошам една тура на шампон од коприва со додадени чешниња лук (ова против опаѓање на коса) па после да преминам на шаумата. Во секој случај фала за споделеното искуство :D :*

    Мija - ореово масло може да најдеш и во маркети и во аптеки. Само ако си плавуша не ти го препорачувам зошто ореовото може да ти го потемне влакното. Во тој случај земи си чичково или бадемово. Подобро ти е од аптека да си земеш и не се ни скапи. Стави си на врвовите, или на цело влакно ако сакаш, држи го минимум 1 час а ако сакаш и преспиј со него. Нема ништо подобро за диви и суви врвови ;)
     
  12. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде кремата Хоби за виткана коса во Велес?? Фала однапред :)
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.150
    Допаѓања:
    97.431
    Пол:
    Женски
    Влегов за сосема друг проблем на темава ама кога видов морав да ти одговорам, тебе а и на сите други девојки во заблуда кои ја третираат косата со киселина, не не, нејкам да те налутам, значи и јас еднаш се зезнав и ја третирав со киселина, дури два пати, ако ти се верувам првиот пат имав најубава и најприродна виткана коса на свет, воопшто не се познаваше дека е третирана со киселина. Арно ама нели фризерките не се фризерки ако уште на вториот пат не те зезнат па така кога повторно отидов да ми ја витка ме суреди квалитетно па си личев на оФца, баш така, права оФцичка, катастрофа, башка што ми ја изгоре опасно вториот пат и морав да ги употребувам ножичките на една друга фризерка малку почесто додека не ми ја среди косата. Сега нема шанси повторно да ја направам истата грешка, златни фризерки, отиди ке ти ја навиткаат и речена работа, или за оние кои се пострпливи постојат витлери, фенови, фигаро и крпчиња, сега моментално барам со фолија како се витка па ке приментувам тоа. Зачи кога веќе имате коса третирана со кисели никако со пластичен чешел, исклучиво со дрвена четка со крупни запци и по можност со оние со топчиња на запците, исклучиво шампони за виткана коса и никаква пена на главата, дополнително ке ви се слепат локните, јас дури и не ја чешлав на секое миење, еднаш до два пати месечно ја чешлав и тоа со погореобјаснетата четка, секако сушење со дифузер и подолго, на силна температура нема шанси да ја исушите а напротив ке ја разлетате и нема да личите на ништо. Јас имав вистински 2 години маки со мојот МиниВал како што викаат бабите, ги правев најситните локни и се изнамачив квалитетно. Ви посакувам среќа и уште еднаш да ве предупредам, наредно третирање на косата исклучиво откако целосно ќе ги исшишате локните од претходното третирање инаку ќе го имате истиот ефект на оФца како мене.
     
  14. slatkoo

    slatkoo Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Плетенка совиткана коса?

    Имам виткана коса, а сакам плетенки па не ми излагаат доволно убави што да направамм....? :?:
     
  15. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    Плетенка совиткана коса?

    испеглај ја прво косата па потоа сплети плетенка :wasntme:
     
  16. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Плетенка совиткана коса?

    Не мора да ја пеглаш. Имам една другарка со неверојатно виткана коса. Исчешлај ја со обична четка и кога ја плетиш плетенката малце поцврсто плети. Рибината е најлесна според мене на таква коса а француската е најтешка. И ништо друго не ти преостанува освен да вежбаш.
     
  17. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Плетенки, пунџички, најверојатно. :)
     
  18. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Имам коса виткана локни. Е сега ми се витка цела ама ми стои само 1-2 дена :/ После ми се опушта и ми станува грда :/ Ми се опуштаат локните :/ И целата ми се разлетува -.- Што да користам? Каков шампон? Некои друг средства? Читав нагоре ама како да не најдов нешто конкретно :D
     
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.152
    Епа доволно е да ти стои 2 дена, после е веќе за капење затоа станува грда :wasntme: Пробај го кремот за виткана коса на Хоби, го фалат сите, иако мене ништо посебно не ми е, можеби ќе ти се погоди тебе ете :)
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас имам природна виткана коса, целата ми е у локни, ама многу често ја пеглам.
    Е сега, и открив една финта како да ми биде така повеќе ,,афро''.
    Ги мокрам рацете со вода и ја поминувам косата надве-натри, после малце пена од Тафт ставам, и на крај со дифузер ја поминувам. Резултатот е ^_^. Само гледајте косата што повеќе да ја поткревате со дифузерот за да ефектот ,,афро'', биде поголем.