Дефинитивно најубавото нешто за мојата коса. Ги имам спрејот и балсамот и за 250 денари косата повеќе не ми изгледа суво и имам прекрасно оформени локни. Не се мрси косата бргу. Го користам овој шампон, и сум најзадоволна од сите шампони досега.
Јас со витлери си ја местам некогаш, затоа и пишав, сакам да прашам да ми каже некоја од вас како ги ставате витлерите, под косата или над? Нели земаш прамен од врвот почнуваш да виткаш, витлерот е над косата или под? Ај просветлете ме, јас кога како, ама од позади дека и не можам убаво да видам како седи подобро, вака кога ќе прашам некој како ми седи, ми кажува дека нема разлика никаква.
Јас секогаш од внатре виткам и со фигаро и витлери, незнам одозгора некако ми е ко наопаку, освен, на шишките нанадвор.. Јас обожавам виткана коса пред некоја година ладна си направив на косата, сега понекогаш ја виткан на крупни локни зависи ама некако умот ми се врти пак да ја направам ладна
Мене не ми е права, туку ми е брановидна. И јас сакам права коса, но не сакам да ја горам, така да останува опцијата за формирање на локни.
Бев да го купам овој орзене за виткана пред некој ден во рамстор го немаше кај го има на друго место да не знае некој???
Дали кремата ХОБИ може да се најде на друго место освен во рамстор? И каде ја има поточно во рамстор? Случајно во ДМ маркет да не ја има?
во рамстор ја има во маркетот, кај шампоните на најдолните полици. Со портокалово капаче немаше пред некој ден ја кога бев, само од лилаковата имаше. а на др место незнам каде ја има..
На први, ако не грешам, ориентацијата ми е многу слаба страна... Знам дека е внатре во трговскиот, од десната страна, по таа линија...
Веројатно постои, ама да ти препорачам не знам. Инаку го најдов тоа ако беше тоа кај што продаваат производи на Голден роуз не знам на Д некако се викаше, Дона, Дана така некако и немаше Хоби таму. Појдов и во рамстор, ама таму една од продавачките или што и да беше(од оние што редат роба) ми рече дека немало таму кај што ги произведуваат, не дека немало донесено или биле истрошени, туку од таму од каде што ги набавувале во магацините ги немало. И сега не знам дали ќе донесат пак, во случај да не донесат повеќе, која би била идеална замена за хоби??
Има за виткана и брановидна коса. Тиоа што јас до сега сум го нашла е: - Спреј Bouncing Curls од Schwarzcopf, јас го купив од Космо, и ОК е. - Спреј од Балеа, во ДМ. Балеа има цела колекција за кадрава коса, има за неа и во темата за ДМ. Шампон, регенератор, спреј, млеко и серум. Јас ги имам првите три, и сега за сега сум многу задоволна. Шампонот и регенераторот се по 99 денари, а спрејот мислам дека беше околу 250, ама не ме држи за збор, слабо памтам цени. Планирам да ги земам и другите две, баш ме интересира акви се. Ама сигурно нема да биде тоа месецов Има и млеко за коса, од Eugene Perma, го гледав во Космо, ама не сум го прообала. Се сеќавам дека беше скапо, па се решив за спрејот од Шварцкоф, ама во моментов не можам да се сетам на цената ни на едното ни на другото.
Исто и јас си ја запустив косата со тоа пеглањето, како се нервирам ама то е . Ме фајќа нервоза ладна ќе ја направам ама ми е страв да не не ми излези уба па после....уште повејќе ќе ми биди криво
Јас вчера купив хоби за виткана коса од голден роуз на ким. Продавачката спомна дена вчера добиле роба. Провери си деновиве сигурно има ,само што го поскапеле беше 120 ден сега е 130 .
Имам природно (не многу) виткана коса,многу ми е бушава,треба скоро да одам на флизер и се умам како да ми ја оформат/истрижат. Секогаш само на степени и веќе сакам промена. Некој има ли предлог? Ќе стои ли убаво според вас ако предниот дел ми е подолг,а одзади да е пократка?
Дали некој знае дали има кај нас некој вид на лосион капки било што за да ти ја смири косата да не биди Frizzy? силиконски несакам мн ми ја сплескуваат