Јас го користам оној на балеа. Ги оформува локните и им дава убав сјај, ја прави косата мека... Го купив околу 120 денари. Го користам и балсамот за виткана коса, околу 90 ден.
Јас ја користев Нивеа за кадрава коса, воопшто не бев задоволна, локните ми беа хаос ни не личеа на локни и разлетана на сите страни, Нивеа во последно време се повеќе ме разочаруваат посебно пената и лакот за коса
А пак од друга марка не нивеа каква можам да најдам исто за виткана коса, бидејќи и фризерката ми порача да си купам пена за виткана коса...
Не ставајте пена за коса ни под нула разно. Јас се правев паметна и не ја слушав мајка ми па сега ни л од локна немам.
Јас сеуште ја немам најдено соодветната крема и пена за виткана коса, дома имам 10 видови и само ги собирам, еднаш купив Хоби тогаш ми се погоди, ама веќе не ми одговара, вториот пат си купив у случај да однема, па сега за извоз ги имам и креми и пени за коса. Ако некој има некој совет за виткана коса нека каже. Инаку Хоби кремата е убава за тие што имаат густа коса, која не се мрси брзо. Мене кремата ми ја сплескува косата многу и уште повеќе ја мрси .
на субрина има средство за виткана коса на него пишува twister ја скротува косата и ги оформува локните на косата.тоа ми е испробано не лицно јас туку на друг оти работам со тоа.само потражи во некоја фризерница што работе со субрина.пробај ке бидес задоволна
тоа го носат дистрибутери на субрина ако можеш во некој фризерски салон што работи со субрина за да ти порачаат оти во малопродажба мислам дека ги нема тие се за професионална употреба
не во црна шишенце мислам дека е околу 250мл тоа сега е ново од новата колекција на субрина мислам дека претходно го немаше
Ехеее, да пеглам цела коса за една плетенка и пак да ми се извитка. Јас некогаш правам кога ја мијам косата и кога е мокра, ама не да ми се цеди вода од неа ја плетам плетенката.
Има дојдено во рамстор крем ХОБИ? И ако знае некоја каде на големо се продава или нет страница од производите да видам што како. И ако може една сликичка да видам како изгледа. ова првото е со портокалево капаче?
Јас моментално имам долга, портокалова (како Хурем бојата), виткана коса (не ми е цела виткана, туку само на врвовите така тешки локни, но ја пеглам често).