1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виткана коса

Дискусија во 'Коса' започната од velesanka, 10 април 2010.

  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Јас имам брановидно-вртена коса, а сакам целата да ми е вртена.
    Сакам да пробам со пена, но не сум сигурна.. Може некој феминка да ме информира? :?:
     
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Пената ги оформува локните а да ти ја направи повеќе виткана не верувам :) , пробај ништо не губиш само немој Интеса оти пола коса ќе ти испага, дефинитивно најлошата пена за коса, а можеш и со некоја крема за виткана коса да пробаш како Хоби или Субрина :)
    Јас сакав да ве прашам каков шампон за виткана коса користите, денес едвај Нивеа за виткана коса најдов и ми кажаа веке не се произведува, дајте некој предлог за шампон, да ги оформува локните а да не ја сплескува :wasntme:
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Лорвен, го имам спомнато погоре:
    [​IMG]

    Ова ти е цела линија за виткана коса, маска, регенератор, шампон, пена и тоа другото е како масло нешто за врвовите, тоа го немам користено инаку од другиве работи сум презадоволна, веќе 2 месеци ги користам. Ти ги препорачувам, околу 170 е шампонот и регенераторот, а маската е 270 и пената е 210 :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Еве како изгледа шишенцето. 150мл е и чини 350 денари. Јас го порачувам од мојата фризерка и се става на влажна коса и потоа ја сушиш со дифузер(во зима), а во лето јас ја оставам природно да се исуши. Искрено сум презадоволна косата се смирува и воопшто не е разлетана, а имам прилично густа и кадрава коса. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mec

    mec Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    [​IMG]

    Знае ли некој кај може да ја најдам оваа крема во Штип??
     
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Може ли да ми препорачате што е подобро да користам за виткана коса? Шампон? Маска? Крема?
    Само да не е пена.
    И што е најдобро според вас т.е која марка :)
     
  7. em008

    em008 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    dali znaete negde kade go ima ovoj gel za kosa niz skopje ili drugi mesta niz makedonija?
     

    Прикачени фајлови:

  8. Deba

    Deba Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите,
    имам виткана коса, или подобро кажано имав. Не знам што се случи со мојава коса, веќе неколку години косава не сака никако да ми се извитка. Никогаш немав афро коса, но имав локни и тоа убави и големи и косата ја носев доста долга. Кога пошнав да студирам во Скопје, дали од водата или не знам веќе од што косата не ми се витка. Ја ишишав до рамена се со цел да ми се извитка, но залудно. Сменив многу препарати, повеќето од нив беа мн скапи и пак без резултат.
    Јас не се откажувам од мојата виткана коса и затоа доколку некоја од вас имала ваков проблем и нашла решение нека сподели :)
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас имам виткана.Може да имаш недостаток од некои витамини,консултирај се со лекар.Витамин Е,првенствено....
     
  10. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Девојки мојата коса е да речам до половина права, па од рамена надолу е виткана(нешто слично како на сликата). Локните не ми се убаво оформени секогаш,и малку како да ми е разлетана косата од половина надолу. Каков препарат би користела? :?:
    [​IMG]
     
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    провери во маркетите поточно во туш инаку ств незнам каде би ја нашла
     
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Само да знаете сега е во поинакво пакување, долгнавесто и тесно, иста цена а 50 мл помалку. Тоа за виткана коса е пак бело пакување со портокалово капаче, со една тетка со виткана коса на сликата :D
     
  13. AnNnNiI

    AnNnNiI Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    дали од оваа колекцијата Балеа може да се најде некаде во друг маркет затоа што колку што знам во Битола нема ДМ маркети :^)
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не може, Балеа си е лиценцирана марка на ДМ маркетите.
     
  15. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Што мислите, која фризура е најдобра за виткана коса? Рамно шишана или со степени?
    Мене ми е рамно шишана и сакам да ја сменам, па се мислам дали да ја шишам у V(ве), страв ми е да не ми излезе многу бушава после :?:
     
  16. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Мене ми е во V и не сум бушава :D Баш така ми е многу поубава косата, повеќе ми е виткана. Што и да и правиш, немој само најкраткиот степен да ти биде МНОГУ краток :D Држи се до тоа и најкраткиот да ти биде доволно долг за да можеш позади уши да го ставаш :D А секако и подолго од тоа можеш :)
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет и мислење од вас, посебно од тие што имаат пократка коса, како да стигнам до ова, во домашни услови(да не идам на фризер де :D )
    Значи косата ми е некаде под рамења малку права ја носам, т.е ја исправувам, имам права ама не доволно права како што треба да биде.
    Е сеа ми се смачи да ја носам права и само да ја фенирам, почна да ми расцветува од скоро секојдневно фенирање, а не сакам да ја собирам веќе сакам да ја навиткам и така барем 2 дена да ми држи.
    Ама сакам благо брановидно да ми биде навиткана, многу слично на ова
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Значи брановидна али од ушите надоле.
    Со што да го постигнам ова, само немојте да ми предложите со фигаро, планирам да имам коса и понатака. Со крпчиња или со нешто посебно?
    Би ви била многу благодарна :)
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа со крпчиња или со едни како спирали, неможам да најдам слика исто се за виткање на косата. И лак за коса ќе терба да ставиш за да ти стои подолго време.
    Е сега зависи и каква ти е косата можеш да пробаш и само со пена, ако самата ти е склона на виткање на мокра коса ќе нанесеш пена поголема количина и ќе ја стискаш со рацете за да се формира и потоа ја сушиш, ако има потреба во текот на сушењето пак ќе си ставиш пена.
    Се надевам ќе функционира. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Хипстер, оние како сунѓерчиња за виткање се викаат твистери и прават убави локни, ама мене најчесто не ми испаѓаат вака лефтерни, ами локни ко правени со пегла, меѓутоа ако пробам да го раздвојам и расчленам праменот - станувам бушава, а ако ги оставам така праменче по праменче како што сум ги виткала, ептен се познаваат границите меѓу прамените.
    Најверојатно тука има врска моето никакво влакно, па затоа ги баталив и ги користам многу ретко.
    Со пена го постигнувам истиот ефект (дури и поубав) како од сликата и ми трае до наредното миење, без да користам лак за коса дополнително нели.
    Овие локни од твистерите се некако „вештачки“, т.е. се познава дека се лицкани, а со пена се добива природен изглед, т.е. не се ни познава дека си користела нешто за да добиеш локни или брановиден изглед.
    Првите се далеку поубави, ама немам повеќе нерви да се справувам со нив и ги баталив.Со тек на време ќе си ја најдеш и „совршената“ техника за добивање убави локни со пена.
    Пробај и со двете - ќе видиш како ќе си се допаднеш повеќе, а и со цената се тука некаде.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Хипстер, со крпчиња ама немој до горе да ги виткаш, мислам до коренот на косата, штом не сакаш да почнуваат оттаму локните, за да ти траат подолго неколку часа ќе треба да стоиш со крпчињата, ама да не те фати паника (ако не си ја виткала другпат на овој начин), кога ќе ги отпуштиш ако ти се локните над уши :D , значи веднаш по отпуштањето е многу набрана косата, никако немој со чешел да ја тегнеш, многу лош ефект има ова - испробано ми е :D , полека само со прсти благо истегнувај ги и раздвојувај ги внимателно прамените, може малку пена или некое масло за коса да протриеш меѓу дланки.

    Мене ми е природно виткана, ама на покрупно, кога сакам попотенцирани локни, ја виткам исклучиво со крпчиња.

    И уште нешто, ако ја виткаш со пена, како што ти опиша Мимс, мене поубаво ми се витка ако ја наведнам косата надолу и ја стискам нагоре, јас ова го практикувам на не сосема водена коса (т.е. таква ми е кога ќе го извадам впивачкиот пешкир кој го чувам малку подолго)...
     
    На Hipster и mims-89 им се допаѓа ова.