Јас имам природна многу вртена коса.Вообичаено ја пеглам со преса за коса но така многу ми се оштети а исто така имам првут навистина многу тешко ја мијам со "head and sholders" шампонот а исто така за 2 дека ми се мрси.Што да правам?
Каде во Ск ја имаше кремата Хоби за виткана коса, во Космо и Дм ја нема, каде на друго место да побарам ?
Јас имам виткана,но разлетена коса и сеуште не сум си нашла погоден шампон.Ајде препорачајте нешто освен Wash&Go и Head and shoulders,све сум испорбала од тие.Поздрав,фала однапред
После купување на секакви скапи,скапи,најскапи шампони, излезе дека одлично ми одговара, ни помалку ни повеќе, шампонот Тео бебе
Женчиња.. Сакав да сменам у изгледов нешто и се одлучив да ја сменам фризурава, дека не знаев каде да прашам реков тука ќе пишам. Виткана ми е и до раменици, сакав на степени да ја направам и да ми ја изретчат ( Оти многу ми е бујна) Совет? Благодарам однапред
сега зависи за колку вртена коса станува збор,и дали често ја средуваш,мислам дали ке ја носиш така или ќе ја пеглаш? Но можеш да пробаш,би требало да ти е добра,а и коса е ке порасне
и јас имам виткана и разлетена коса,користев Wash&Go,па го сменив бидејки уште повеќе добиваше на волумен и побујна беше.Не би било лошо да пробаш од шапоните на орифлејм или авон и да си земеш маска за коса и капки
Виткана ептен,локни и бујна. Е сега нормално некогаш ќе ја испеглам некогаш со пена ќе ја направам. Барем така планирам
за таква виткана коса најдобро е да е долга и би те посаветувала да ја пушташ.Можеш да ја изретчиш ама ептен малку и малку степен колку да имаш некаков облик, ии пуштај ја
Балеа спрејов за локни е само за тие што имаат виткана коса да им ги оформи убаво локните или пак се прават локни од него на права коса?
Мене косата природно ми е виткана ама не локни, туку онака како прекршена. И ставам пена Интеса и многу убава ми испаѓа.
Сакам да ве прашам значи јас имам виткана коса и сега ме нервира не ми се обликуваат убаво локните, ќе ми се надува косата и грдо изгледа што да и правам кажете ми некој совет
Го има ли некој користено овој гел - крем за коса, имам виткана коса на големи локни како брановидна е, што се не пробав и ништо не ми ја прави убава косата, а од тоа што бев задоволна не можам да го најдам изгледа е повлечено од продажба. Дали е добар за оформување на локни, затоа што сепак не се работи за стандарден гел, ако има некој искуство со него да сподели
Јас го имам, го купив порано од аптека со намера дека ќе ми ја витка но ништо од тоа и сега си го користам само ко ќе ја фенирам , и мене ми е виткана на големи локни на некој места мали ужас па сега дека ми е долга многу ми се заплеткува и многу ретко виткана ја носам, а иначе Тафт розовата многу ми ја витка, а не ја мрси.
Спрејот е за тие што имаат виткана коса , ама еве и јас имам виткана па не ми ја витка , а кремот од балеа е многу убав
Незнам колку би ти користел одговоров бидејќи има доста време одкако си го поставила прашањево, но ајде, да си кажам јас Нивеа крем-гелов го користам многу време, исто и сестра ми, за ништо друго не би го замениле, премногу сме задоволни, кадриците ми се преубави, но секако, витканата коса бара многу нега, неочекувајте само да ја намачката со нешто и таа да биде woow, како на сликите што ги гледаме на интернет.. :/