Сакам и права и виткана коса. Ја виткам со фигаро и го добивам овој ефект. Многу ми се допаѓаат вакви локни ,а и ми се допаѓа тоа што до следното миење ми стојат вакви, без ставање лак за коса и слични работи. Исто така вакви убави локни освен со фигаро можат да се добијат и со крпчиња или трака за коса.
Јас имам виткана коса ама еден период ми се подисправи и ги немав локните.Сега после долго време пак почна да ми се витка убаво ама после секое миење ја прскам косата со Расчешлувач за коса на Редист и сум презадоволна.Ми се вратија и локните и сјајот на косата а и преубаво мириса.Виткана коса е најтешка за одржување ама па преубаво изгледа дефинитивно
Јас никаде не можам да ја најдам таа крема за коса - ХОБи сите што ја кажувате. Бев и во рамстор ама не најдов. Може ли слика како изгледа, пак да ја побарам
http://www.hobikozmetik.com/en/images/yediyirmidort/hairstyiling_cream_forfuzz_b.jpg Значи коа ќе се качеш горе по скалите , не од страната на маркетот него од другите скали , кај кафичите ... Одма како идеш на спратот првиот штанд до оградата....
па околу 200 денари мислам. И девојки еве ви слика отприлика како изгледа, да не се сфатиме погрешно . Средството не витка, него дефинира.
Да да, во ред е, го најдов, го купив и го пробав. Вака ок изгледа, повеќе до израз доаѓаат локните и не е „збувната“ косата како што знае да биде
Имат една тема мислам,немаше потреба да отвараш нова. Инаку пробај ги колекцијата за викната коса шампон,спреј и маска на Балеа. Мислам дека се добри
Јас имам виткана коса и по долги години трагање по рецепта за моите локни да изгледаат убаво ја најдов Користам Нивеа Diamond Gloss регенератор и шампон а пред тоа додека не ги укинаа користев Нивеа шампон и регенатор за кадрава коса. Повремено менувам и користам обичен шампон од бреза или коприва обично во летен период и на зима бидејќи заради екстремните услови косата многу ми се суши. И најважното за дефинирање на локните користам Субрина крема за коса. Мене ми се покажа супер. Го има во сите маркети а цената варира од 138 до кај 157 денари зависно каде купувате Добра е и колекцијата на Балеа од ДМ за кадрава коса но во мојот град нема ДМ и затоа ја користам само кога ќе можам да набавам. Но некако последниве неколку месеци косава ми е ептен сува и нема доволно сјај. Може ли некој да ми препорача некоја добра маска за коса или можеби има некој совет?
Имaм виткaнa кoсa и веќе дoлгo време бaрaм шaмпoн штo ќе ми ги дефинирa лoкните. Прoбaв мнoгу шaмпoни и ниту еден не ми oдгoвaрa, a пoвеќетo ми јa испрaвувaaт кoсaтa. Мoже ли некoј дa ми препoрaчa шaмпoн зa виткaнa кoсa или некoј штo убaвo ги дефинирa лoкните, a дa не мрси мнoгу?
Го имаш пробано стајлинг кремот на субрина? Воопшто ме мрси, фино дефинира, или нивеа пена за виткана коса. Во ДМ има и на Балеа пена за виткана к. И разни други производи ама јас не сум нешто задоволна од нив, иако имам другарки истите ѓи користат и им одговараат. Работата е да пробуваш, нешто ќе ти одговара сигурно.
Конечно го најдов вистинскиот шампон за мојата коса Ги купив само шампонот и регенераторот и сум мн задоволна
Да, колекцијата е за виткана коса. Можеш да ги најдеш во City Mall и ГТЦ на приземје Цената на шапонот е 250 денари, регенераторот е 180 а маслото колку е не знам.пошто не го купив еве линк http://www.yves-rocher.mk