Според мене од искуство не помагаат тие работи многу и јас го имав истиот проблем,пробај кога ти е мокра после миење исчешлај ги шишките нагоре т.е. наназад накај другиот дел од косата(ако ти се долги) и сплети внатрешна плетенка, мене ова ми ја правеше прекрасна косата кога ми беше долга, а сега ми е кратка и самата се витка, поздрав
Девојки го користев долго време овој производ од Фармаси и презадоволна бев, но сега за жал го нема повеќе Може да ми кажете некоја добра замена, што користите за да ви се витка косата повеќе?
Имам виткана коса, со години веќе користам пена за коса...но во последно многу почна да ми паѓа косата. Нема што не пробав да ставам, па сега си мислам дека ми е од користењето на пена... Некое искуство, предлог?
Jas imam problem od mojata vrtena i bujna kosa sega dali imam 40% od kosa i mi se ispravi nemam mnogu lokni mi gi snema i mnogu mi otpadna na temeto kosata nz sto uste ne probav. Prestanav da koristam.regenerator i maski i kosata mozqm da kaza deka mi e poubava . Ako ima nekoj iskustvo neka pise
Нема врска пената, јас само пена користам со години, најчесто од нивеа curly hair. Едно време многу ми паѓаше косата од стрес ми беше и користев шампон од лук или од коприва и еден спреј од Gerovital и после 2 недели негде престана да ми паѓа. Еве овој период пак почна ама сега знам дека ми е од породувањето, па пак ќе почнам со истиот третман. Истовремено можиш да пиеш б-комплекс или мерц таблети па би требало да се среди.
Od merc se zdebeliv 5kg i nikako da oslabnam sega pijam apckiki za zelezo inaku mi e 9 pa ke vidime sto ke bide
Можно е, на секој различно му делуваат. Јас лично не сум ги користела ама знам примери шо им помогнале па зато ги препорачувам, а и мојов фризер исто.
Vo sekoja apteka okolu 550 _600den.se na nekoi pomaga za rast na nokti i kosa a na mene ne mi pomogna za nistp samo kilaza +5 i nikako da gi namalam.
Kako tocno se vikaat?? I kako se pijat Imam 47kila sakam barem 55,ali ne mi uspeva a so 3deca sum ne mi lici slabicka da sum
Hahja jas si gi sakam moitr 55 hahha i nikako da oslabnam 60kg od tie merz mislam deka se pisuvaat vo sitr apteki gi imas kazi za kosa apciki belo kutivce so pomarandzasto se . Pivski kvasec probaj isto pi za kilaza
Од секогаш сакав да имам виткана, како неостварен сон ми е. Би сакала да пробам со минивал. Дали некој од вас има вакво искуство и дали знаете како се движат цените и колку трае?
Јас има пробано многу работи но за џабе. Купив еден крем околу 400 денари беше и го ставав на мокра коса па ја сушев со дифузер, косата ми беше фантазија преубава онака со локни и побушавка малку но после пола саат ми станува огромна и ни виткана ни права. Како був сум локните малку ке се познаваат и толку. Ако некој знае некој производ што делува нека каже
Дали некој ги пробал шампонот и регенераторот на Syoss за виткана коса? Видов дека ги донеле во ДМ и моментално се на попуст за 185 денари, што е многу исплатливо за 500 мл. Знам дека ќе ги купам, ама ај, демек прво да прашам На темава можам да елаборирам со денови, но ќе пробам да скратам. Витканата коса си сака нега и одржување, и сите што велат дека е доволно да ја измиеш и кремите за локни се глупости се во голема заблуда Мене ми требаа години за да си ја најдам вистинската фризура и рутина, но сега ѝ посветувам поголемо внимание само додека ја мијам и обликувам, наредните 4-5 дена имам прекрасни локни без замарање. Сите виткани коси се различни, но најчесто витканата коса е помека и повеќе се разлетува од правата. Ова значи дека не ви треба шампон што ќе ви ја прави косата уште помека или лесна за расчешлување. За да не лутате, најдобро е да земете шампон и регенератор наменети за виткана коса - порано немаше многу избор кај нас, но сега има и јас ги имам пробано скоро сите. Orzene, Yves Rocher, Lorvenn, Keune (во розово пакување), другите Keune (во бело), Lakme (од Depileve), со цени и до 800-900 денари од шампон, и сепак најзадоволна сум од портокаловата колекција на Balea. Читам дека на некои не им одговара, но за мојата коса е супер, а и цената е повеќе од супер. Сепак, препорачливо е почесто да се менува шампон и регенератор, а веќе 2-3 пати по ред ги купувам овие на Balea, па затоа сега сакам да ги пробам на Syoss. За обликување не би ви препорачала пена или гел - ќе ви ги направат локните крути, „крцкави“, повештачки. Изберете покремаст производ кој ќе ви обезбеди поголема хидратација. Јас моментално го користам кремот за локни исто така на Balea (на попуст до крајот на март за 129 денари, не го промовирам ДМ, чесен збор ), на врвовите ставам од путерот со авокадо на Alverde, и заокружувам со 5 во 1 спрејот за заштита од топлина исто на Alverde. Ова ми е релативно нова рутина и сѐ уште го тестирам кремот за локни. Бришам коса со памучна маица (со крпа повеќе се разлетува), рутината од погоре, се сушам наведната со дифузер, никогаш на најјако, а кога е потопло природно, и терам 4-5 дена без проблем. Се чешлам со широк чешел само пред миење и пред скоро секое миење ставам некоја маска или третман. Другите, какви ви се рутините, имате ли некои финти? Ајде малку подолги мислења, ајде да ја активираме темава!
Дајте да ја активираме Јас си имав фризер кој знаеше да ме погоди, ама отиде во странство И со години се мачев од еден фризер на друг, буквално немаат појма од шишање виткава коса луѓето Сега конечно најдов некој што ми одговара, па последните 6-7 месеци сум мирна. Фризура која ти одговара е круцијална за лесно одржување. И јас сум најмногу задоволна од портокаловата колекција на Балеа (макар да искрено, одамна немам ништо друго пробано). За менувањето се согласувам, така да тие на Сајос ќе мора да се пробаат. Порано најзадоволна бев од фруктис линијата за виткава коса, ама оваа ја нема можеби 10 години веќе Производите за нега ги ротирам, моментално го користам путерот на Балеа, и повеќе од одличен е. За некое чудо, го комбинирам и со пената од истата линија и не ми ја прави косата крута (инаку пената ми седеше за ептен кога не знам што да и правам на косата). Најмногу ме нервира кога ќе се исфарбам. Оние кај кои се фарбам не знаат ни да ја средат така што ќе ми изгледа нормално утрото, ама битно секогаш ми ја фалат нивната крема за локни и се обидуваат да ми ја продадат. Удредента се чудам што да и правам на косата . Најголем дел од фризерите воопшто не знаат да сушат коса со дифузер Дома си ја сушам секогаш природно.
Јас само да си кажам, Syoss во Веро неколку пати имам начекано за 100-110 денари од 500мл. Ко пензионер сум со цениве
Јас само летно време ја носам природна, т.е кога сум на одмор и кога нема баш време да ја тинтрам. Се би дала да ми е права, да не треба да ја фенирам. Користам на Балеа шампион, регенератор и ова спрејче Наводно е наменет за да ја одржи косата сува, но бидејќи има сол, дава некој убав облик на локните, јас викам "баш ми е како кога ќе излезам од море" . Е сега негативна страна е што ги суши врвовите, а сите знаеме дека на виткана коса и онака се суви. Тоа со било кое масло го средувам. И пената на Балеа си врши работа. Мака мачам да ја исчешлам после бањање.