1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виткана коса

Дискусија во 'Коса' започната од velesanka, 10 април 2010.

  1. Kristen1

    Kristen1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Една другарка користи восок за коса и косата и е многу убава и локните и се оформено. некој друг што го има применето овој начин и мислење ? :D
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Имам пробано восок за коса само еднаш и никогаш повеќе нема да и ставам на косата бидејќи ми се заплетка целата, а локните ја изгубија својата форма, буквално изгледав како да не сум ја чешлала косата со месеци.
     
  3. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Јас користам пена за виткање коса и еден крем за виткање коса, ама тоа само ми ја прави брановита косава, а сакам да имам локни. Дали постои некој шампон за да биде трајно виткана косата и онака убаво како што е природната виткана коса? Или кој било друг начин, затоа што косава ми е полу права, полу виткана, а јас сакам да ми е колку што може повеќе виткана.
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Таков производ шо ќе ти ја направи косата, ем бујна ем, со убаво дефинирани локни мислам дека нема да најдеш во Македонија. Можеш да пробаш ореово масло од Sensilis или кокосово масло. Ама за повеќе да ти се навитка можеш да пробаш да ја ишишаш на степени ако не си пробала до сега, така локните ќе ти станат поубави. Исто така немој да ја чешлаш често бидејќи со тоа само ја исправуваш. Јас мојата ја чешлам само еднаш во месецот, немам проблеми со заплеткување, а локните се убави, а имам и волумен.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Таква ја имам јас ишишано, ама и ако не се чешлам косата бушава ќе ми е, можам да спијам со плетенки за да не ми се прави бушава, а имам волумен, и како со тоа масло од Сенсилис да ја измиам или да ставам на влажна или на сува коса? Има некое упатство за тоа? Исто и за кокосовото дали да ја мијам после косата?
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Вака, околу два саати пред да ја измиеш косата нанеси од маслото насекаде по целата коса, после само измиј ја убаво и толку.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.555
    Пол:
    Женски
    Devojki kremata Hobi za vitkana kosa kade vo Sk mozam da ja najdam?
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Во Голден Роуз ја имаше последно кога проверив, ама некако порано како подобра да беше :(

    Инаку јас го купив шампонот на Сајос (ама само шампонот, повеќе преферирам leave in производи да ставам на косата отколку регератор кој треба да се мие).
    Од едно користење, мислам дека многу убаво ми ги дефинираше локните, ептен ептен убаво, ама има многу голема моќ на измивање. Мислам дека цела нијанса ми скина од бојата со едно миење само :(
    Ќе го пробам уште неколку пати, ако навистина ми ја вади бојата ќе земам некој шампон за фрабана коса и регенераторот на Сајос, ваљда...
     
    На anggell и Oxymoron им се допаѓа ова.
  9. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво имам виткана коса ама чувствувам како да ми се исправува дали е од времето или незнам дали осеќате промени вие. И што користите за дефиниција освен хоби и пена за коса, и балеа од дм?
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.555
    Пол:
    Женски
    A osven vo Dracevo kade ima prodavnica na Golden rose, tamu mi e nekako podaleku a ne sum od Sk,ti blagodaram
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.176
    Пол:
    Женски
    Голден Роуз продавници има на повеќе локации. Имаш во ГТЦ, во Градски Ѕид во близина на главната филијала на ДМ (Центар), во близина на Буњаковец (карши Ла Делишес), во Сити Мол, имаат и штанд во Рамстор.

    На други дуќани не ми текнува, но тој во ГТЦ (еден од подобро опремените според мене) или оние низ моловите верувам дека најлесно ќе ги најдеш.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Девојки дали сте го пробале syoss за виткана коса и како сте задоволни?
     
  13. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Јас го имам пробано и мене лично воопшто не ми одговараше. Премногу ми ја затестува косата и страшно ме чешаше главата, небаре вошки имам. После тоа се вратив на старата љубов Хед енд Шолдерс и немам никаков проблем.
     
    На curlyhair му/ѝ се допаѓа ова.
  14. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, и јас имав такво мислење ама дакав да потврдам, си зедов и јас стара љубов орзен сигурно си е сигурно. :)
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Премногу јак е, преголема моќ на испирање има. Не знам со кој памет ставиле толку јак шампон да биде за виткава коса, која и онака е природно посува :^)
    Јас го користам сега, многу ми е убава косата, ама мислам дека не е од него. Не би го купила пак...
    Кој од орзен е за виткава коса?

    @ilyan кој Хед енд шолдерс го користиш? Не е и тој премногу агресивен? Ти препорачувам да пробаш со некој друг, знам многу луѓе што не можеле да сменат шампон откога им се заситува косата од Хед енд шолдерс, затоа што од секој друг ги чешала :worried:
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2018
  16. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Еднаш имам користено syoss против првут, ама осетив исто агресивен, како безживотна ми беше косата. Орзен не се посебно наменети за виткана коса ама имаат убав состав јачмен и екстракт од пиво, а пивото е добро за оформување локни.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Мене ми одговара зошто иако имам виткана коса , но влакното не ми е оштро и не ми ја подивува косата, ама имам проблем со чешање, се додека не почнав да го користам овој нон стоп ме чешаше главата. Буквално се и сешто сум пробала и пак тоа одвратно чешање, ја осеќав главата како немиена после секое миење.
    Сестра ми пак, исто има виткана коса, но со пооштро влакно и хед едн шолдерсот бетер и ја сушеше.
    Косата ми е истаа и со обичен шампон од бреза да се бањам, а Сајосов за едно чудо не ми ја правеше убава косата.
    Природно имам сјајна коса, а Сајосов ми ја правеше никаква, затестена и без живот.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kristen1

    Kristen1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Го има ли некој користено кремот за коса на subrina за виткана коса мислам оти беше 100 денари.
    Инаку јас го користам шампонот на елсев тој црвениот не сум многу задоволна од регенераторот сум повеќе. Никако неможам да најдам нешто што ќе ми ја направи косата убава ;(
     
  19. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Го имам користено субрина и не ми беше ништо специјално дури и ми ја лепеше некогаш косата,135 ден мислам беше последен пат.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Пробај со балеа линијата за виткава коса.