Ако сакате анти фриз крема без силикони, да ви ја препорачам новата Garnier Fructis Air Dry Cream со алое вера. На попуст е во ДМ, 260 денари за 400ml мислам дека беше. Потечна е, спречува разлерување и не лепи воопшто. На мокра уште не сум стигнала да ја пробам, вчера ја купив, ама од ефектот на сува сум ептен задоволна. Мислам дека уште многу долго ќе се дружиме.
Сакам да ја пробам ама сум од друг град и тука нема дм дури кога ќе дојдам во скопје тогаш ќе ја купам ама сепак фала на одговорот
Јас пред некој ден бев да си купам шампон каков што си користам од Балеа за виткана во портокалова тубичка и барам по рафтовите мислев нема. Гледам имаше друг портокалов исто за виткана, ама поинаку пишуваше траум лоцкен со шеа путер и кератин, па прашав од вработените дали има друг или сменета им е амбалажата. Сега тој го користам, ама некако ко подруг да ми е што знам.. го нема повеќе тој првиот шампон? ми се чини дека досега два пати вака како го сменуваат.
Некоја препорака за добра пена за коса? Имам виткана коса но од пеглање, фенирање ми се оштети многу и локните ми изгубија форма...
Го има ли некој користено шампонот curls and waves на sayoss што е и како сте задоволни се мислам дали да го купам
Ништо посебно, прејака измивачка моќ има, преагресивен е за виткава коса, веројатно доста ќе ти ја суши. Мене ми е онака, ок, го купив ама не го користам на секое миење и нема да го купам пак.
Да се вклучам и јас, читав наназад неколку страни, но не забележав дека некоја од вас го користи Нивеа крем гелот за обликување на коса. Јас го користам долго време и горе-доле задоволна сум. Косата не ми е насекаде исто виткана, во вратот доле ми е ситно виткана, додека на површината ми е поправа. Со кремава добро поминувам, сепак зависи колкава количина ќе ставите, од многу може и да се затести косата. Ја има во сите поголеми маркети, по цена од 265 ден и е во амбалажа како мало тегличе во светло сина боја. Ако ја пробате, пишете искуства.
имам виткана коса досега го користев хоби кремот за коса и тафт пена за виткана коса..несум задоволна од пената мн ми се заплеткува а од кремот брзо ми се растураат локните хелпп некој совет .. и имм и еден проблем цела ми е виткана а горниот дел кај коренот три сантими прав и оп надолу почнува виткана дали и вие го имате тој проблем ? совет ќе ве молам оти готово се мрднав со косата
Пена за виткана коса, тафт, во помала количина за да не ти ја направи косата ептен крута, розева е мислам, и ако сакаш нешто поприродно има на субрина крема за коса, како нивните гелови е пакувањето ама пишува крем за коса. Пробај. Едит: погоре прочитав на нивеа некој крем гел, го земав да пробам, кај мене не се покажа, никаква врска нема, мојата коса е мека и тенка ама сепак некако сува и ако не ставам правилен производ се разлетува и се губат кадриците што и онака после пораѓај не се тоа што беа ни оддалеку.
Здраво, порано имав многу виткана коса но поради проблем со хормони ми се исправи. Всушност не целосно сега е само бушава и морам постојано да ја гужвам со пена за да личи малку како што треба. Е сега дали има некој крем за ваква коса, бидејки јас имам многу благи локни или воопшто и ги немам?
Девојки јас имам прилично виткана коса, после миење најмногу си ја сакам, ја оставам сама да се исуши и локните ми се добро оформени без дополнителни средства, понекогаш ставам силиконски капки, оние од Авон. Но не ми е цврсто влакното, имам тенко и меко влакно, па ме интересира дали треба да користам чешел или четка за расчешлување? Ја чешлам пред миење, претходно ја чешлав и мокра ама знам дека така најмногу се куби, па престанав. Дали е препорачливо да користам регенератор пошто ми е многу мека и така косата? Секакви совети се добредојдени
Ако ти е убава, мека и сјајна природно имаш неверојатна привилегија и јас не би ставала ништо, ама доколку сакаш да пробаш регенератор би ти препорачала на Genera жолт е во шише од 500мл со плаво капаче и мириса некако сладникаво(барем мене така ми мириса) ова е единствен регенератор кој на мене ми одговарал досега а не е воопшто скап, но да напоменам дека од регенераторо може(но и не мора) да ти биде потешка косата и по не лелеава барем кај мене е така. А за чешлање не знам јас ја чешлам со обичен чешел после миење додека е мокра иако некои викаат дека е подобро со четка за расчешлување.