Јас како мала имав убава виткана коса ама ме ишишаа и ми се исправи цела. Сега почнува многу малку некои прамени да ми се виткаат. Па ме интересира дали некоја од вас имала слично искуство?? и дали би имало шанси повторно да ми се навитка косата??
Здраво девојки Дали знаете некој добар фризер во Скопје што знае да шиша виткана коса? Да и даде убава форма и да не ми ја уништи ?
Дали знаете каде ја има оваа крема за коса освен во ДМ, јас од таму ја земам ама сега поради ситуацијата не ми се оди по другите градовии по можност достава да вршат.
Дали некоја од вас го има користено Nivea curl primer или некој друг производ од нивната линија за виткана коса? Досега ја користев кремата за виткана коса на Балеа (онаа во голема портокалова кутија), но веќе неколку пати во ДМ не ја забележувам па барам замена.
Имаш некој друг предлог? Порано многу долго време користев гел (искрено не знам со кој памет, ама I did not know any better). Откако ја открив кремава на Балеа се преродив. И ептен ми е криво ако прекинат да ја носат скрос, а така и изгледа реално.
Сегa зa сегa нештo нaјблиску штo ми се пoгoдилo е oвoј спреј, и јaс мaкa мaчaм дa нaјдaм сoлидни прoдукти. Зa кoјa кремa стaнувa збoр? Мoжaм дa прaшaм дa ти кaжaм
Еве ја, се изнамачив додека да ја најдам. Пробував на официјалната страна на dm.de ама таму ја немаше, така што претпоставувам дека не ја продаваат веќе.
Не би знаела да ти кажам искрено, не го имам користено. Но ми текна дека ова го купив еднаш пред кремата https://www.dm.de/balea-professional-styling-cream-traumlocken-p4010355559517.html. Ми текнува дека ми беше океј, нешто слично на кремата, но кремата ми беше поисплатлива и затоа почнав да ја користам неа. Ова го имам видено во ДМ, околу 150 денари мислам.
Незнaм веќе штo не прoбaв и кoсaвa пaк ми е пoлучупaвa и јa шишaв и мaски и шaмпoни се , дaли е периoд незнaм
Исто . Не викам дека виткана коса е потешка за одржување од права (особено ми се допаѓа фактот што не се гледа кога ти е мрсна како кај права коса) но дефинитивно си има свој мозок (барем мојава). Буквално се случува од миење на миење скорс различно да изгледа иако не сум сменила шампон или регенератор или било што. Не знам кој шампон го немам пробано веќе и не можам да кажам дека сум нешто задоволна од некој особено.
Здравоо и на дветее Ме примате да ви се вмешам и јас Одамна користев балеа и мислев дека е супер се дури не почна да ми ја лепи косата,потоа почнав да барам препарати без силикони,такви во мк скоро и да ги нема но сепак пробав неколку маски и кондиционери од Дм. Сеуште не сум го нашла вистинскиот препарат ама пробувам експерименти. Инаку за косата и мене ми е чудна во последно време,незнам до што е ,и посветувам внимание и полошо е..
Welcome to the club sister . Не е проблемов кај мене само во последно време, цел живот се борам јас со неа. Буквално да ја скротам. Најубава ми е првите два три дена после бањање, после нема надеж ако не ја измијам пак, а избегнувам премногу често - максимум два пати. Со кремава што ја спомнав од ДМ мене не ми лепеше и се постигнуваше колку толку тој anti-frizz ефект. Ама секако, препарати без силикони се најдоби. Сподели некое позитивно искуство ако имаш, да пробаме и ние . Особено некој предлог за шампон. Дали можеби го имате пробано оној на Балеа за виткана коса?
Е јас се справувам со локните ,не ми се кско што ми биле,помалку ми се витка и многу пократко временски ми стојат. На балеа го користев и шампонот и крема за оформување локни и нешто посебно не ми беа,шампонот многу ми ја плеткаше,а кремата веќе ви кажав,ми ја сплескуваше. Ќе ви ставам надолу некои работи што сум пробала и сум задоволна од истите,сум ги купила во дм.
Ја порача четката? Пиши впечатоци и од која страна ја порача. Гледав видеа на јутуб, сите задоволни беа. Многу убав ефект дава.
Мoментaлнo гo кoристaм oсвен штo ми е пoмекa кoсaтa и имa убaв мирис ништo пoсебнo не видoв oд шaмпoнoт ниту пaк регенерaтoрoт гo бивa. Дoбрo кaј нaс имa ли другa линијa зa виткaнa кoсa?