И јас сакам виткана коса премногу, обожавам.. Пробувам со преса не ми испаѓа... Или ќе ми се навиткаат локни, што е најтрагично ќе ја уништам со лак ... И пак и пак ќе се исправи за пола саат. Иначе, еве за тие што сакаат да пробат како јас планирам да си ја виткам, на другарками и испаднала коса, исто како на сликата погоре, со влажни крпички, се виткаат окулу едно праменче... Сигурно знаете. Преубаво испаднало.
Можете да ми препорачате нешто за расчешлување на косата? Ја чешлам пред миење дека виткана, и ме боли многу ме куби. Еднаш на фризер пред неколку години ми стави нешто на косата и одма се исчешла не ме ни болеше. Криво ми е што не прашав тогаш што е. Тие спрејовите за коса од Gliss Kur врска немаат, само убаво мириса косата од нив.
Лакримоса, и јас го имав истиот проблем, земи си маска за коса и откако ќе ја искапиш, исцеди ја (значи пред да ја избришеш со крпа) и стави и од маската. Истриј ја убаво и после со чешел со широки запци исчешлај ја, многу лесно се чешла така. Јас само така го решив проблемот.
jas imam mnogu mnogu vitkana kosa i sega vo posledno vreme ne ja ceslam ic... ja ostavam da se napravi samata sukanici ili rasti kako uste gi vikaat ) i izgleda onaka bash cool imav pred godina dena taka i ispadnav budala se isisav togas ) i sega eve pak ) pozdrav nemate nikakva potreba od nikakvi gelovi i neznam tamu kakvi samponi zemete samo od tie 60 denari so se 1 litar od kopriva ili kamilica ili Absolut vitality ... nisto fazla ne vi treba [mod-kirilica:2sg7rlaz][/mod-kirilica:2sg7rlaz]
Е оти браво Па ни јас не се чешлам никогаш. Ни пред да ја мијам косата не ја чешлам, воопшто. Само ако ја испеглам, ама тоа ретко се случува. Така ја носам бушава, ја оставам да си се исуши и си се прави.
Затоа што од такво нечешлање имам неубаво искуство: после одреден период на константно нечешлање БЕВ ПРИММОРАНА пола коса да си скратам (иако ми беше здрава) затоа што огромен дел ми беше сплеткан и не личеше на ништо, ни фризерката не можеше да ми го отплетка.
Ех, јас не ја чешлам косата воопшто од 13 години и не сум имала таков проблем. Ама добро, кај тебе е повеќе виткана, т.е. целата е во локни, кај мене не е до толку
Немам виткана коса, ама не ме држи г*з да не прокоментирам А како тоа вие ја чешлате косата? Јас да имам виткана, така ќе ја оставам да се исуши и самоволно да си се дефинираат локните. Една моја другарка има виткана коса со многу убави и едри локни, ама кога ќе ја видам бушава, безвезална во косата од чешлање, ми доаѓа да и ја пукнам една. Неубаво ми изгледаат расчешлани локни.
Еве јас да си кажам за мене: ако после капење не се исчешлам, нема да се дефинираат убаво локните (имам тешка коса и ако оставам така водата да се исцеди по мене ќе ми биде целата како туткана избушавена). А ако ја исчешлам (а ја чешлам исклучиво после капење, затоа што само водена можам да ја исчешлам) ми е супер, баш убаво ми се дефинираат локните... Ете кај другарка ти Бројче било обратно Косишта секакви
Женишта со косишта Другарка ми воопшто да не ја чешла косата и е супер, а ако тоа запците ги ставе во коса и готово, формата и се губи на локната. Ама ете вие сте имале сложени фризурки бе, посложени од нас правите
Е сега не знам дали има некаква врска, ама јас не се чешлам со обичен чешел со еден ред запци... ...туку со една четка од Орифлејм од пред сто години која мајка ми специјално ми ја купила кога сум била мала затоа што ништо живо не ме чешлало Вака нешто слично изгледа, само тоа запците не се меки и гумени туку тврди се. Спојлер
Овој е многу добар , го имаше во Авон порано- лесно се раслешлува косата без непотребно да паѓаат влакна, јас го користев кога ставав маска порано, за да ја расчешлам косата
Ауууу Хипи, и јас имам ваков портокаловастичен, цел побеле и огледалцето ми се одлепи А симпатичен беше, не беше лош ама да ти кажам многу чукаше некако, овој мојот цел се тресеше. Инаку овој Сеси што го кажува е навистина убав, нит кубе нит бога моле. Многу лесно се расчешлува косата.
^ Абе мојот не беше со огледало. Единствена допирна точка со овој на сликава му е формата (овален е нели горе) и распоредот на запците. Иначе мојот си е афро-црн и поубава рачка има, заоблена цела, да не ме боли рачето кога се чешлам. На овој на сликава со ќошиња му е
^ е де деее, со твоите фалби го навреди мојот чешел Како демек се оправда дека не е твојот растресен и забатисан Ах Хипи, Хипииии....
Па така ќе да е Сеси (колку што ми работи мозоков олку РАНО). Знам дека ЧЕШЕЛИ сигурно не е Бројче, сега грижа на совест ќе имам... Дека ти го навредив чешелот де. Лоша ме направи. Ќе бидам неславна во Земјата на чешлите. Антихерој - онаа Хипица од Фемина * оф модераторки, простете на оф-топициве, ама посилно е од мене