Лорвенот во парфимерии или поголеми маркети(околу 500 ден.) а Диксонот преку фризерка го порачувам(околу 700 ден.) Иако вака скапички делуваат, ама верувај, долго време ги користиш.
Женски кажете спас за виткана коса. Значи мојата е да се каже виткана, густа со тенко влакно.. не ми се формираат баш убави локни, ај тоа ок, ама убава ми е само првиот ден кога ќе ја избањам, после тоа ми е без сјај и целата како конци, испреплетена, разлетана на сите страни. Сакам да одморам од пеглање малку, па предложете некое решение како да ми биде посјајна и помека и со иста форма барем 3 дена
Како што разбрав на тебе ти е густа, со волумен и ситни локни, според мене кремата за виткана коса од Yves Rocher ќе ти биде добра. За мене не се погоди ама јас немам толку волумен и после порагајот ми стана косата таласеста а не на големи локни како претходно, па затоа ми ја сплескуваше косата некако, и јас не можам да најдам соодветна крема за виткана коса. Пробај ја кремата за сува коса би била добра.
Да ми препорачате нешто за спласнување на волуменот? Имам бујна и виткана коса, сакам да ја скратам до рамена а притоа да не изгледам како печурка.
Некој шампон за виткана коса без сулфати кој може да се најде на овие простори? Користев Shea Moisture и беше феноменален, за жал не можам да го најдам тука.
Jas go koristam od alverde i iskreno bas mi e dobar iako prethodno davva mn pari za skapi shamponi sto ne mi pomognaa
ова е составот на пената- AQUA . BUTANE . PROPANE. POLYQUATERNIUM- 68 .VP.VA COPOLYMER .COCAMIDOPROPYL BETAINE . PANTHENOL .PHENOXYETHANOL. ETHYLHEXYLGLYCERIN. ETHYLHEXYL SALICYLATE . GLYCERIN. PRUNUS SERRULATA FLOWER EXTRACT. HYDROLYZED KERA. TIN. CITRIC ACID . SODIUM BENZOATE . POTASSIUM SORBATE . LAURTRIMONIUM CHLORIDE .PARFUM . GERANIOL . BENZYL SALICYLATE . LINALOOL.
Драга не е комплетно природна ама оставам на тебе. Ако не си многу по природна козметика ок. Има една на алверде која е поприродна ама за жал содржи доста алкохол.
Имам брановидна коса и поради оштетувањата станата е никаква, негде исправена, негде накршена. Не сакам да ја пеглам или виткам за да не ја оштетам дополнително. Дали ако ставам крем за локни или некои други производи за локни ќе имам некој ефект? Сум пробала да ја измијам и да ја оставам природно да се исуши.. Има локни, ама грди и искубани, некако се слаби.. Сакам повеќе да бидат дефинирани..
И мене така ми е виткана но уништена од мн третирања претходно,види откако ќе ја измиеш ставај си малку пена јас на тафт користам,и нека се суши природно,јас така правам па убаво испаѓа ми се прават локни и средена е не е разлетана. Кога редиш од пената со главата биди на долу така ќе си ставиш пена секаде а нема да лепи
Фала ти./ А овие на Балеа ги имаш пробано кремите за локни? Има мислам и шампон, регенератори, спрејчиња..
Ги немам пробано баш сакав некој крем за локни да пробам ама ми е страв да експериментирам,ако си земаш пена земај си помека нели имаат бројчиња пример земај 3 или 4 ако е 5 мн ќе ти биде крута така е барем кај мене ,мене ми е виткана а мека и слаба.
Јас имам јако и дебело влакно.. И оштетена е и пак не е слаба, само мноогу сува ми е.. Ај ќе пробам како што викаш ти, па ако не ќе сменам.. Не се скапи тие.
Здраво Ќе ви се вмешам малку Можам да ти предложам гел за локни од Дм ,Seinz се вика,и убаво би било да пробаш маска за коса која ја потхранува косата,односно би ти предложила на Гарниер Фруктус Алое или Макадамија,исто ги има во Дм. Ако ти треба било што слободно пиши ми