Добро што се вмеша. Кажи ми како им се цените? Маска користам на Калос моментално отворена имам од кокос, а имам и една со кератин.
Еве повели,не е наменет специјално за виткана но на многу форуми го користат ,јас го користам и сум задоволна.
Дали случајно знаеш за што точно е кремата и како се користи? Искрено првпат слушам дека имало крема за коса.
Јас ја имам користено оваа крема. Го купив производот бидејќи ми требаше дополнителна хидратација, но не ми се допадна како ми ја правеше косата. Го баталив... После некое време, пак косава моли за помош а јас немам баш пари за да пробам нешто ново, викам чек да пробам пак со истава крема само да го сменам начинот на аплицирање. И стварно било до мене, не до производот. Кога го користев на сува, мнг лошо искуство, НО кога пробав на влажна, одлично! Ми ги дефинира локните и не ми е сува косата. Стави малку на влажна коса, немој на коренот и со гужвање полека фенирај. Се надевам помогнав
Дали локните ти ги задржува и наредниот ден, или само денот кога ја измиеш косата? Мене најчесто само првиот ден, веќе вториот ден разлетана на сите страни, затоа постојано купувам нови креми, никако да погодам некоја што ми одговара.
Да и наредниот ден супер, е сега третиот ден почнаа да попуштаат, мислам дека премнг брзо ми се замасти овој пат (освен ова користев и додатно масло, па можеби ја претерав) Сигурно да користев пена/спреј итн ќе се задржат повеќе локните, вака кај мене само од кремава два дена супер локни... третиов ден попушти (некако брановидни се локните сега и мнг благи ама сеуште е nice)..
Ти благодарам, баш ќе ја пробам, пени не користам многу ми паѓа косата од нив и ми се лепи, затоа имам креми за извоз ама ниедна не ми е баш по ќеиф.
Кој сака сам да проба да ја шиша својата виткана коса? Јас само што го направив тоа и не ми се веруваше колку добро испадна... Гледам дека цел јутуб спобудале поради едно видео со инструкции како да се шишате за да имате повеќе волумен и леери... И резултативе се многу добри, не можев да најдам видео со негативно искуство...и тоа ми даде самодоверба да пробам, па ете задоволна морам да споделам со вас Девојкава е супер, нејзините совети и техники стварно ми помогнаа и мнг ја препорачувам. Има мнг други видеа кои знам дека ќе ви бидат од корист
И ова го немав во колекцијата за виткана коса, денес го купив од ДМ, се надевам добро е, за парите да вреди, многу е мало. Го има некој пробано?
Го пробав и можам да кажам нешто најлошо што сум ставила на косата, локните не ги оформи, косата како слама ја направи на прамени, а колку лошо мириса
Да не треба да се нанесе на мокра коса? па полека со гужвање да се оформат локните...уф штета што не го бива, а скапичко, баш безвезе