Здраво девојки, Како изгледа вашата постапка за виткана коса? Со каков шампон се миете? Дали се чешлате пред миење или по миење? На водена коса. Дали ставате пена, крема или спреј? Како ја сушите со дифузер. Објаснете ја подетално постапката. Ви благодарам
Шампон или еден со екстракт од коњско опавче (од аптеки шо кружат низ фб реклами), или Натура Сиберика, и виолетовиот и сивиот ги имам, ептен задоволна сум. Маска обавезно, менувам протеински и хидратантни, зависно потреба. Се чешлам и пред миење и после миење, пред да ја сушам. Често ставам пиво (претходно деалкохолизирано со соодветна постапка) во последно плакнење. Спреј најзадоволна сум од Ревлон црвениот. Ако сум ставила пиво, обично не ставам пена, или гел. Нив може на трет ден за освежување на кадриците. Пена Тафт curl виолетова, и гел Сеинц од ДМ белиот. Ок состојки имаат и двата, внимавам на тоа. Крпа 100% микрофибер. Ја сушам навалена надолу, со дифузер, на средна или ниска топлина, ама најјака јачина. Се концентрирам на коренот при сушењето, а не на врвовите. Ако сметам дека се слепила од средствата претходно, и ставам исклучиво 100% ладно цедено арганово масло. Тоа е отприлика.
Ја чешлам пред миење убаво, прамен по прамен, користам различни шампони досега најубав ми е за волумен од Конопка, маска обавезно користам, моментално сега од Белина една за волумен. Откако ја измијам и ставам крема каква имам, моментално десетина имам ама ниедна не ми е по ќеиф, и ја сушам со дифузер косата надолу со наведната глава.
И јас го користам ревлон црвениот после капење за расчешлување на косата. Е сега сакам да те прашам. Ако сум ставила ревлон после капење и откако ќе се исчешлам дали треба да ставам мслку пена или крема за да сушам со дифузер или?
Јас го имам ама кај мене никаков ефект, јас веќе долги години не можам да најдам ништо соодветно за брановидна и виткана коса. Конкретно ова минимално ги оформува локните кои траат еден ден, и дава изглед на мокра коса, мајка ми еднаш кога ме виде ме праша каде со мокра коса сум тргнала
Девојки дали некој го има користено? Ми делува квалитетно https://www.nectar.mk/product/amla-maslo-za-kosa/
За тие пари не вреди ич, криво ми е за парите 550 ден и плус достава Секогаш ветувам не купувам веќе креми за виткана коса и пак лупам пари Ниту дефинира локни, ниту пак ги задржува, а косата ми ја прави зејтин, нешто што најмногу мразам мрсна коса
Здраво девојки. Кажете ми производи (во смисла крема и гел) за дефинирање на локни. Јас имам виткана коса, користам крема на Garnier, но косата ми ја прави многу мека и локните не се задржуваат. Ми треба нешто плус што би имало hold за долга и густа коса.
Ужас! Никакво дејство, до сега најлошото нешто што сум го купила. Нити минимален ефект. Прекрасно, за жал немам го сретнато повторно. Предобар производ!
Што мислите за Сајос шампонот за виткана коса? Досега немам пробано ниту еден шампон од овој бренд. Моментално имаат акција во ДМ - 199 денари им се сите шампони меѓу кои и овој па ме интересира вашето мислење за истиот.